1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Печатена книга или е-книга?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од KuklickaSk, 30 октомври 2011.

?

Што повеќе преферирате, печатена или е-книга?

  1. Печатена

    10 глас(а)
    71,4%
  2. Е-книга

    4 глас(а)
    28,6%
  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.749
    Допаѓања:
    25.575
    За ова дискутиравме на факултет пред некој ден. Дали е-книгата ќе ги замени печатените книги? Кои се предностите, кои се недостатоците на едните, а кои на другите? Дали сметате дека е-книгите се попрактични или пак не сакате да се го прифатите овој тренд ?

    Јас лично го обожавам мирисот на хартија, звукот на вртење на страни, библиотеката со вистински книги... Сум пробала да читам од компјутер, и ме боли глава од зрачењето, па затоа веднаш ја отфрлам оваа опција. Исто така, сметам дека доколку е-книгите се распростанат, нема да има веќе кој да пишува бидејќи сите ќе даунлодираат книги, никој нема да купува, и авторите нема да имаат никаков профит. Оваа нова технологија носи лоша иднина за љубителите на печатените книги..
     
    На LittlePinky, Sara123, karak и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Денес растуривте со јаки теми! :clap:
    Се согласувам, и јас го сакам мирисот на новата книга, уживам листајќи ги страниците и се втурнувам во авантура, мислеќи јас сум главен лик! :lol:
    Океј, технологијата ни овозможува многу олеснување во нашиов модерен свет, браво за бесплатните е-books, но претпочитам книга!
    Имав во компјутер 10тина е-books ама ги избришав, не ми е филнг, неможам! :doh:
    Аj тоа, па и ќоричка сум си уште ова ми фали, како малку време да поминувам на компјутер :geek:
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Соред мене, ништо не може да ја замени „обичната“ книга.
    Звукот на вртење на листовите, мирисот на хартија-стара или нова, пожолтени страници...го има ли тоа кај е-книгата?
    Го нема.
    За еден љубител на книги не е доволна само содржината на делото. Да, таа е најбитна, но секој љубител го обожува она загубување во полиците низ библиотеката, седењето до прозор со книгата в рака и листање страници.
    А со е-книгите ниту можеш да се загубиш меѓу редиците книги, ниту можеш на прозор да читаш т.е. можеш но ништо не менува дневната светлина кога зјапаш во мониторот.
    Го нема шушкањето на листовите, го нема мирисот на хартија... Не е исто чувството.
    Сум за технологијата и сето тоа дека таа напредува, ама никогаш е-книгата мене нема да ми ја замени старата добра книга од полиците на библиотеката. :)
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.981
    Допаѓања:
    66.384
    Пол:
    Женски
    Печатената книга ништо не може да ја замени :!: Верувам дека речиси сите верни читатели ќе се сложат со ова. Мирисот на страниците е незаменлив, чувството додека ја држиш книгата во раце и се уште не знаеш што се се крие во нив...
    Јас сум читала е-книги, кога не сум можела да ја најдам книгата, па сум морала така. Ама боли глава. И тоа многу. Така што не би сакала во иднина да биде заменета печатената форма на книгите со електронска. Не, не, никако. Па како после ќе шетаме низ полиците во библиотека во присуство на толку книги и уникатниот мирис на прашина и на стара хартија? Ноу, тенкју.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.750
    Допаѓања:
    80.961
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со горенаведените коментари, па да не трупам пак исти причини колку да пополнам место, само ќе надополнам.
    Никако не можам да замислам учење од е-книга, ама во никој случај. Имам чувство дека ќе се изгубам низ буквите и само механички ќе ми минуваат пред очи и ништо нема да запомнам.
    Башка како што сум навикната да подвлекувам битни работи, да чкртнам некое дообјаснување од страна, да подвлечам некоја убава мисла од книгите, тешко дека би успеала со оние другите. :^)
    Дури имам чувство и дека воопшто ништо нема да научам. :|
    Ме преплашивте бре, не ви требаше. :D
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.749
    Допаѓања:
    25.575
    Добро и е-книгата има сепак некои предности, како на пример, кога одите некаде на пат, во малку простор ќе ви ги собере сите книги што ги сакате (замислете да носите во куфер 5 книги и 2 речника), можете целата библиотека да ја имате во џеб, и да немора да се чудите каде да ги ставите нови книги, се заштедуваат пари за купување бидејќи се поефтини (а се заштедува и хартија), и можете да ја дадете книгата на некого, без да се секирате дали ќе ви ја вратат..
    Токму заради овие работи е-книгата станува се пополуарна во светот, па веројатно (за жал) прашање на време е кога и овој тренд ќе дојде кај нас :(
    еве го чудото наречено Киндле
    [​IMG]
     
  7. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Пс секако дека печатена книга е подобра. Поубаво мириса и крцка ако е нова. :lol:
    Инаку книги во електронска форма абе душман ми се. |( И очи и се ќе ме заболи додека прочитам.
    Електронски читам само доколку не успеам да најдам во библиотека книга која многу сакам да ја прочитам.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.972
    Е јас овде дигам рака за е-книга! :lol:

    Прво, многу попрактично. Можеш 100 и повеќе книги да имаш во него, во големина на една тетратка. Место не ти треба, затоа што да бидеме реални, мојата мала лична библиотека веќе има некои си 50тина книги а јас веќе немам кај да ги ставам. Сите книги што ги имавме дома (а имаме многу) ги распределивме по кутии и или на викендичка, или по роднини, дома оставивме само речници и некои ептен скапоцени и драгоцени. :rofl:

    Јас читам на лаптоп, откако имам очила премачкани со НЕШТО, ми рефлектираат зелено и многу го редуцираат зрачењето. Немам никаков проблем, барем со тоа не. Ова Кинделов го барав пред година-две низ цела Европа, само не го најдов. Или јас не знаев каде да барам, или имаше некои фуш верзии. Нели, ова е американско.

    Мои роднини си го порачаа од Америка, за 100 и нешто долари, и искрено лиги ми потекоа кога го видов. :D

    Не би рекла дека профитот ќе се намали, лично мислам дека ќе се зголеми. Наместо да купуваш од книжара, си гуглаш книги, ги плаќаш по истата цена и ги даунлодираш. Полесно достапни книги, не мораш да одиш до книжара и слично. :D Ќе има пиратерија, но ќе се стави под контрола. Пример, низ пола Европа се веќе забранети торентите, имаат огромни казни ако те начекаат како симнуваш филм, па ретко и кој се осудува да симне. Си одат фино лепо на кино, плус имаат еден куп телевизиски канали со филмови. Тешко нас ако треба да чекаме филм на телевизија, ама нели, ние сме една ера поназад. :rofl:

    Поентата ми е, дека со вистински закони, правила, во нормални услови, ова е многу, многу добра, пред се практична и генијална работа. 8)
     
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    43.489
    Токму оваа тема е мојата теза и воопшто, наслов за мојата дипломска.

    Размислувајќи околу сите предности и недостатоци на овие нови времиња, што нудат инстант книжевност, брз начин да се дознае нешто повеќе, без да се вклучи мозокот, сфатив дека печатените книги секогаш ќе останат први и потребни. Поради самиот факт на физичката врска = книга и читател. Кога читате сами, сте Вие наспроти она пишаното, создавате ваш свет, полека и со мерак. Интернет книгите се корисни доколку не можете да читате и листате, но чувството е виртуелно, вештачко и на крајот на краиштата, не е интимно.

    Студирајќи книжевност, основна врска што ја изградив кога се во прашање книгите, е токму тоа навраќање, подвлекување, играње со пишаното. Во е- книга тоа не можеш да го правиш, немаш директен пристап, тактилност со напишаните зборови. Лично тоа ми пречи, и затоа кога учев, гледав да не симнувам пдф формати на книги, иако некогаш си го бараше тоа самиот предмет, но задоволството е скусено.

    Во иднина, секако дека ќе има пораст и на аудио книги, како и на брзи, куси, збиени парчиња од големите класици, томови. Со самиот факт дека живееме во брзо време, кога темпото е различно од она пред 100 години, не можеме да очекуваме дека книгите ќе бидат првата занимација на современиот човек. Но, она што е вечно, а тоа е знаењето, ќе се пренесува.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Гласам за печатена книга...

    Не сум против да читам електронски, но трпението ми е многу поголемо кога си ја имам книгата во раце... кога сум на компјутер, често се имам фатено во ситуација да се занесам со нешто друго, ми бега концентрацијата... а печатената форма ми е многу попрактична...
     
    На Miss.Baller му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Дефинитивно печатена книга.
    Чувството е незаменливо, моите книги ми се мои дечиња, си ги прередувам, пребришувам од прашинка, си ги галам кориците, со подвлечени омилени пасуси...
    Печатената книга содржи доза магија која е-книгите нема никогаш да ја имаат.
    Во тоа е и целата суштина на љубовта кон читањето.
    Ако ни останат само е-книгите, се' ќе се сведе на механика и пластичност.

    Мене не ме интересира практичност или брзото темпо на животот.
    Категорично НЕ за е-книгите.

    Дури и кога некоја сум можела да ја најдам само во е-формат, ја принтам, па ја читам.
    Незамисливо ми е да се скичмам пред компјутер или со лап-топ во скут и да уживам.
    Никогаш.

    Во врска со овие другиве мали гаџети, не велам дека еден ден би немала, но повторно предност давам на оригинални печатени изданија.
    За книгите ќе најдам секогаш доволно простор.
    Ќе исфрлам и чевли и мебел ако треба, само нека се множи колекцијата книгички. ^_^
     
    На Monna.Monna, crazylady, Cynthia и 3 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Многу е напорно според мене да се чита е-книга, подобро е печатена, а можеби напорно ми е дека не сум навикната. Во секој случај јас си сум до класиката - печатена книга :) :) :)
     
  13. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Дефинитивно печатена книга. Многу пати разговараме на оваа тема со професорите дали е полесно да читаш од печатена книга или од е-книга. Мислењата се поделни, но јас лично преферирам печатени книги.
    Како прво го избегнуваме штетното зрачење од компјутерите. Можеш да си потцрташ некоја реченица што ти се допаднала што ти оставила впечаток, или доколку се работи за учебник ги заокружуваш дефинициите и други поглавни параграфи.
    Имам симнато 3/4 е-книги но некако го нема филингот. Додека читам само ги читам зборовите а во глава ништо не ми влегува |( неможам да се концентрирам дека читам книга.
    Плус мирисот на новите книги, звукот на вртење страници... ѕиракњето колку си прочитал уште колку имаш...

    Гласам за печатени книги. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не, не и не за е-книгите, освен кога се мора. Иако јас ги превземам, па ги печатам. Значи на компјутер читање никако.
    Мене читањето ми претставува цел ритуал, задоволство, абе цела приказна можам да раскажам. Уште моментот кога тргнувам од дома за во библиотека, не знајте колку сум возбудена. Кога ќе стигнам низ полици да се изгубиш, мирис на книга да си осетиш. Стари, нови сеедно. Сите ги сакам. Па кога ќе си го направам изборот. До дома ги гушкам. НЕ ги ставам во чанта, ги гушкам. Па кога ќе седнам да читам...Секоја страна прво си ја галам да ви кажам, ќе си поминам прво со рачето по страната да ја почувствувам хартијата и таа да го почувствува мојот допир полн со љубов. Не ми се смејте забегано знам ама љубов е тоа не играчка.
    Со електронските книги нема ништо од погоре наведеното, а мене тоа ми значи многу. Моменти за полнење на моите батерии, задоволство кое можам да го добијам кога што ќе посакам.
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Печатена дефинитивно.
    е-книга ти е како прво претрано заморување на очите. И не е исто печатена книга и е-книга..барем за мене.
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Никогаш ни немам читано е-книга. Неможам ни да си се замислам како седам пред компјутер и читам книга.
    Дефинитивно печатена! Поготово во зимските денови кога си заземам совршена лежачка положба, добро покриена :)
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Печатена!

    Моите книги се подредени на начин да се читаат насловите од иста страна и колку што се може по големина, внимавам кога ги читам да не дојде до превиткување на страници и јас сум како Трендафилка во книго-милувачи :D . Згора на се‘ книгите имаат специфичен мирис и оној на книга од пред половина век со пожолтени страници ми е исто толку драг како и мирисот и крцкавоста на тазе отпечатените, значи сум и во книго-њушкачи :lol: ...Книга е за во раце, не е за зјапање пред монитор.

    И една од животните желби ми е ако еден ден бидам доволно моќна финансиски да имам некоја книга од оние ретки луксузни изданија на книги од пред неколку векови со посебно укоричување, посебни повези и употреба на посебни букви и украсувања, употреба на специфични и долготрајни печатарски бои и материјали...Барем една ваква САКАМ!!! или од оние средновековни рачно препишувани изданија ете или само некој свиток барем испишан на папирус дел од ракопис не мора цела книга :worried: ... Во основно со децата од клас најдовме една локација под едни урнатини во близина на училиштето и секојдневно одевме да копкаме таму со надеж дека ќе најдеме нешто вредно накит ли, коски или стари пари, јас уште тогаш копнеев по некои книги или ракописи очувани во некој херметички затворен ковчег, аххх...

    Инаку единственото добро поврзано со Е-книгите е нивната достапност што сепак ја ценам, ми се случило да прочитам книги во овој облик ако не сум била во можност да дојдам до печатените изданија и сум чувствувала благодарност од тоа што некој нашол начин и вложил труд да ми го овозможи тоа.
    Само што не верувам дека електронскиот облик ќе го истисне печатениот облик барем кога се книгите во прашање, или барем дека тоа не ќе се случи во скора иднина, замислете колку грда слика е библиотека составена од УСБ-стикови или некои поминијатурни футуристички уреди пр. колку копчиња во споредба со вистински подредени книги на полици кои те повикуваат да ги дофатиш...
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    И јас сум за печатена. Претпочитам да имам физички контакт со книгата шѕо ја читам. НЕ знам, може сум старомодна, ама печатена си е печатена. Особено оној добро препознатлив мирис на харија и мастило за печатење, им дава некој посебен шмек кој го обожавам
     
  19. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    383
    И јас гласам за печатена книга. Старомодно или не, сепак се работи за книга.
    Нешто што постоело од секогаш и не верувам дека некогаш темелно ќе се искорени.
    Што има поубаво од мини библиотека во твојата соба, со одбрани дела кои ти легнале на срце. Или пак мирисот на лисјата во некоја стара и добра книга. Бесценето.
    Пресреќна сум што имам неколку колекции од баба ми. Одбрани дела кои со радост ги читав. Оставени ми се во наследство ^_^
    Јас неможам да се замислам да седам 3-4 часа пред компјутер и да читам книга.
    Криво ми е и многу ми е жал што полека полека се помалце се посетени Градките библиотеки. Факт е дека овој интернетов не затупи сите, и го намали бројот на читатели.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.563
    Допаѓања:
    39.975
    Пол:
    Женски
    Печатена книга секако. Старомодно или не, неможам очите толку да ги замарам во екран да гледам толку време.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.