Секогаш ќе преферирам печатена, од аспект на доживување, мирис, шушкање на страниците Ама, во последно време сепак почнувам да влегувам во тек со технологијава и си читам pdf книги на телефонов на англиски и српски... убава опција е од гледна точка на достапност
Читање е-книга од компјутер замара и плус е штетно за очите, а и за рбетот е штетно да сте во некоја неповолна положба пред компјутер долго време. Но затоа пак читање книга преку e-Book reader како Kindle или Nook е супер. Тие не зрачат, бидејќи имаат инк-дисплеј (како дигитроните). Затоа батеријата им трае и по месец ипол и супер се за далечни патувања, за на плажа и сл Лесен е и собира илјадници книги во него. Kindle е на Amazon, а Nook е на Barnes & Noble. И двете издавачки куќи имаат милиони книги. Јас имам Nook и сум презадоволен. Еве линк да видите како изгледа тоа: Иначе баш завчера си порачав од eBay еден Nook и еден Kindle, за да израдувам двајца блиски другари за Нова Година. Сака некој да се дружи со мене?
Печатена дефинитивно. Чувството да го осетиш мирисот на страниците не може ни една е-книга да го замени!
Печатена и само печатена. Да ја држам во рака, да ми шушка при вртење страни, да лижнам прст пред листање...
Печатена секако да можам да ја држам, да ја читам кај сакам надвор, внатре. Во електронска форма ич неможам да ги читам книгите, ќе знам дека на компјутер ги читам и ќе отворам фб, фемина и нема да можам да се сконцентрирам во читањто.
Печатена сум сакала најмногу, ама во последно само електронска форма преферирам. Толку се навикнав да читам во електронска форма што книги кои ги имам и во двете форми ги читам електронски.
Во печатено издание. Се зачленив на "Македоника" за да читам онлајн ама не сум навикната, почнав една книга и не ја дочитав.
Печатена си е печатена, се ми е важно кај неа, од хартијата, до корицата, до фонтот, до мирисот. Тоа за првични впечатоци. А потоа доаѓа најубавото - самата книга. Мммм...
Ќе си направам updadate на моето мислење. Искрено не ми е битно дали е на хартија или на Kindle. Ги користам 2те. Веќе тоа не ми претставува уживање да е на хартија или Kindle се додека тоа што го читам е добро и учам нешто ново. Кога и да паметам што сум прочитал јас не се сеќавам на корицата каква била туку на самата информација. Содржината е тоа што ми е најбитно. P.s. Ако сакате напишете ја книгата на замаглен прозорец со прст, се додека ја има информацијата јас ќе ја читам
Не можам да читам е - книга. Филингот не е ист. Печатена си е печатена. Удобно сместена во креветче со шоља чајче до мене и некои чоколадни бисквити сакам книгата да си ја држам во рака, да го впивам нејзиниот мирис, да вртам страници, да бележам убави мисли...
Нукчево собира преку 10,000 книги, не зрачи воопшто, а батерија му трае месец ипол. Идеално за долги патувања, за на плажа, а понекогаш си го дејтам и во кафич (од оние тивките како Ало Ало, Мартини преку ден и сл.)
Обожавав печатена сѐ додека не купив киндл и не сфатив колку е многу попрактично, а да не зборуваме и за поеколошки .
Печатена книга, дефинитивно По потреба и електронска, ама многу заморува и тоа е само во најнеодложни ситуации.
Печатена. Ова важи и за учебници и за скрипти, кога учев и кога студирав, никако не можев да учам од екран и пдф верзии. Не можев да се сконцентрирам на тоа што го читам.