Поради преносливоста, електронски. Опсесивно-компулсивно купувам книги и кога првиот пат се иселив од државава, имав страшни кризи бидејќи не можам сите книги да ги носам со мене. И делумно, поради природата на претходната работа, имав потреба сите учебници, прирачници да ги имам со мене. Затоа купив киндле и ајпад, почнав и со електронски прибелешки со електронско пенкало и незаменливо е, во однос на достапноста. Сѐ е на едно место. Каде и да одам, колку пати и да се сељакам наваму натаму, сите мои книги се со мене. И драго ми е што и македонските автори/издавачи издаваат е-книги.
Сум се одучила од читање на печатени. Дефинитивно веќе преферирам само на киндл да читам. Има светлина, можам да си го подесам фонтот колку ми одговара и е многу полесен за држење додека лежам и детето спие до мене. Така што... Толку беше од печатени.
Најубаво е печатена, ама кој ќе оди, ќе се мачи да ја бара, додека електронската е на неколку допири, тука, веднаш.
Печатена, многу пати имам пробано да читам е книги ама не можам. И така секој ден добар дел од времето користам лаптоп и телефон, па уште и во слободно време да читам книга од екран, не фала.
Порано преферирав печатени, сега преферирам е-книги. Полесно достапни, секаде може да ги носиш, и колку сакаш, со печатените си доста ограничен. Печатени книги имам дома секако, ама тоа се одбрани книги, не купувам сешто, колку да ги имам. Затоа, фала Богу за електронските читачи, и viva la pirateria оти достапни ми се и оние што ги нема кај нас и на јазик на кој сакам да ги читам.
Мислев дека никогаш нема да се навикнам да читам на книдле, ама еве веќе година и пол печатена книга немам прочитано. Многу ми е полесно и позгодно за читање. А бев толку против тој киндле. Купувам уште печатени книги, ама не толку многу ко порано. И тоа најчесто книги што сум ги прочитала електронски, ми оставиле добар впечаток и сакам да ги имам.
Е- книги само на Македоника имам читано, и тоа во моменти кога сум немала дома печатена книга оти ме фатил викенд, празник, па не сум заменила.
До сега читав печатени. Од скоро купив киндл и сега со него се дружам. Сега за сега ми е ок. Лесен е за држење и не зафаќа многу место. Плус има речник вградено. Светлината си ја подесуваш како сакаш.
Не можам е-книги да читам. Ме болат очи кога седам подолго време на комплјутер, а не пак да се зачитам. Најголема мака ми е кога некоја книга не можам да ја најдам во книжара па морам тогаш да ја читам на нет.
Немам живци да читам е-книга, ми се уморуваат очите и уште на почеток ја баталувам и останува книгата непрочитана. Затоа сакам печатени книги плус и нивниот мирис
Да имам хартија за сите електронски книги што сум ги прочитал би изгледала како Вавилонската библиотека на Борхес иако претпочитам печатени верзии.
Не се напорни е-книгите како порано. На телефоните и таблетите има прилагодување на екранот што овозможува да се чита е-книга без заморување на очите. Исто, постојат и е-читачи, со нив е вистинско уживање, многу е полесно и книгите се подостапни.
Јас не можам. Највеќе мразам исто кога морам да ги читам презентациите од факс. Најчесто ги принтам одма ако не се многу.
Мене ми има огромна разлика од читање книги на компјутер/таблет/телефон и е-читач. Киндл и нему сличните воопшто не ги замараат очите, ни најмал напор не е потребен за читање. Не се ни чувствува дека си пред екран некаков, јас не го ни перцепирам како екран, читањето си тече природно и се чувствувам исто како пред книга, нема разлика за мене. Додека пак кога ми се случувало да треба да читам од телефон или компјутер, дури и со филтри за светло, екран, светлина, што и да е, пак си ги чувствувам очите изморени. Не е како пред некоја година, ама сепак разликата си постои. Инаку, ептен се одвикнав да читам печатени книги. Стално имам обиди да им се навратам ама не оди и не оди. Поготово пак ако станува збор за некоја пообемна книга, с'клет ме фаќа од самата помисла. Како привезок ми е Киндлот, секаде си оди со мене и немам ниту една негативна работа за него поради која би си рекла - ех да, преферирам печатени книги.