Вклучена ми е на телефонот заштитата за удобност на очите, ама пак не е тоа тоа како да читаш од печатена книга.
Лист си е лист. Никад не научив да читам на уред. И уред за книги читање имам џабе не знам ни кога последен пат сум го употребила.
Печатени,а ако не можам да најдам некоја книга што навистина сакам да ја прочитам,тогаш ја барам како е-книга..
Мое мислење е дека ништо не ја менува печатената книга, но сепак ниту е-книга не е за жалење, и од е-книга се стекнува речник
Истиов муабет сигурно го имало и кога од рачно пишувани книги се префрлиле на печатени книги На темата, читам и тоа и тоа, почесто електронски на киндл.
Печатена!! Не можам да објаснам што е разликата но многу поконцентрирано се чувствувам кога читам печатена книга. До мене е немам таква способност да читам е-книги.