Не би рекла дека ќе ги замени печатените книги, можеби ќе бидат на скоро исто ниво во доминација на печатените книги, можеби поради тренд или пак сосем друго нешто.Сум за печатена книга, бидејки е подобро, отколку на компјутер да се чита, тешко е, еднаш очи ми извади компјутеров читајки па се откажав, што првенствено е штетно за видот, па според тоа без разлика колку е во тренд е - книга, преферирам печатена книга.Мерак ми е кога ја имам книгата дома, да можам да ја разлистам или пак потцртам нешто важно во неа, а пак и да ставам ливчиња во боја на неа нели за да определам кај сум застанала со читање.Можеби ете ги имаш дома, па насекаде ќе ти бидат сместени, па и уживаш да ја бараш кингата, во тој куп од книги, во таа мала библиотека Значи има многу мали работи кои дополнително ја зголемуваат важноста на печатената книга, може и да е подарок од некого, па ја третираш книгата ко нешто свето итн.Во денешно време, се прават работи кои само ќе ни бидат на дофат, а за истите да не се мачиме да ги побараме, што е сосем погрешно, еве како пример за темава која е доста интересна Но, се зависи од изборот на човекот
За е-книгите сум само доколку не сум во можност да ја најдам книгата во печатена форма. Но и тогаш ако сум во можност би ја испечатила. Но сепак ги сакам пречатените книги. Ништо неможе да ги замени. Доколку е твоја да подвлечеш некој пасус кој ти се допаѓа, да си ја сместиш во домашната колекција и гледаш како се пополнува празниот простор. Го обожавам мирисот на стара корица, стар лист. А додека читам е-книга ми се мешаат зборовите, некако одрипнувам ред. Се губам во читањето. И на крај го ставам зрачењето. Читам и зборовите почнуваат да ме хипнотизираат, ме болат очите и оставам. Според мене печатениот избор е дефинитивен избор. Баш за ова време со чај во рака, во постела покрај оган, милина.
Печатена. Имам пробано да читам е-книга и многу ми е чудно и глупаво. Плус ме замара да гледам во монитор постојано.
Печатена! Зарем има поубаво чуство од тоа кога ќе си купите тазе книга и ќе го нурнете носето помеѓу страниците?! ОК ова е мој фетиш - можеби и некој друг ги душка книгите во книжара освен мене Па ги листаш полека страниците кои сосема го голтаат твоето внимание и очекуваш да видиш што ќе се случи, што ќе дознаеш. Не не, електронските книги не ги сакам. Сум пробала еднаш да читам и глава почна да ме боли. Не ни успеав искрено. Најмногу од се сакам стари книги. Се сеќавам кога почина баба ми и со татко ми отидовме да и го средуваме станот. Се качивме на таван (тие згради немаат подруми туку тавански простории) леле мајко моја се почуствував како да сум се вратила назад во времето. Стари слики од дедо ми и еден куп стари изданија на книги дури и на оригинал на француски и англиски. Мене срце ќе ме стрефеше од толку возбуда. И се сеќавам дека со татко ми се заборавивме на таван од толку среќа што најдовме толку стари книги. Трепериш за да не ти се распаднат страници и се радуваш што ќе можеш да го прочиташ Џорџ Орвел уште еднаш во сосема ново односно старо руво. Плус - кога некој ти дарува книга секогаш можеш да откриеш листајќи ги кој каква посвета ти напишал, а тоа го нема кај електронските книги. (така јас кога ги листам книгите во библиотеката на моите откривам која е подарена за роденден, која за годишница, која за сведителство и постигнат одличен успех и примерно поведение ) Печатена книга! Точка. Односно извичник де!
Печатена дефинитивно Според мене е-книгата за ништо не вреди и никој не го практикува тоа Некако читањето е-книга е многу глупаво ,очите те печат од зјапање во монитор - смајли сокрвавиочи Не ми се допаѓа овој начин на читање книга треба да на еден начин да се вовлечеш во книгата и треба да читаш и читаш а интернет начинот неможе да го овозможи тоа! Печатна книга!
Печатена книга се разбира. Сепак постој некоја магија во печатената книга, страници кој нудат живот. Го сакам моментот кога ќе ми падне некоја книга во раце, кога ќе ги разлистам страните ќе го видам нивниот број, кога ќе ја превиткам корицата и почнам да читам. Просто уживам во тие моменти. И се додека постојат печатени книги ќе сум нивни обожавател и ќе ги користам. Искрено досега не сум користела ниту пак сум читала книга преку нет, некако сето тоа ми нема магија.
Печатена , дефинитвно. Обожавам кога ги гледам книгите во мојата мала библиотека и се присекам на световите кои ги кријат. Или кога ги гледам тие кои ми се на листата на читање и чекаат да се нурнам и да ги разоткријам нивните светови . За мене, нема поголемо задоволство.
Печатена. не можам да Читам книга на компјутер, сум пробала, но не можам и не можам. Чувството кога ќе ја фатам во раце книгата е поинкаво, ме тера да читам а и да ја оставам на маса, самата ме повикува ..
Печатена. Електронската колку и да е понапредна неможе да ти го замени тоа чуство кога ги вртиш страниците седнат во топло ќебе со чај и колачи. И пренослива што е тоа е уште еден плус, можеш кај сакаш да ја носиш и да ја читаш. Електронскава додека да ја дочиташ очи ќе те заболат, па и скичмен на столица. Единствено добро кај електронските е што има поголем избор на книги, скоро секоја е достапна.
Печатена. Пробав летово да читам на лаптоп и не иде. Уствари, не ни пробав туку само ја симнав книгата и така и остана. Во ова новово време, напредно како што го викаат нели, што се нема да излезе значи. Абе се знае како се чита книга. Сакам да ја држам во раце, да ја опипам, да читам додека патувам, на пауза на работа, дури чекам на автобуска, било каде. Па заспивам со неа во раце, се будам и пак продолжувам кај што сум застанала. Самото читање за вистинските почитувачи на пишаниот збор е ритуал, а тој ритуал јас никогаш не можам да го замислам со елемент во него како што е компјутер или лаптоп. Јас барем не можам комплетно да се опуштам и да се внесам додека буљам во монитор. Еве на пример, сега дома имам неколку книгички кои чекаат на ред додека една е во процес на читање и така тие што не се почнати секој ден имаат посебен третман на неколку минутно погалување, пролистување,читнување на неколку рандом странички од секоја, колку да не паднат у депресија дека сум ги заборавила и дека кај и да е и на нив им доаѓа редот. А во компјутерот и те како можат да се почувствуваат запоставено, а јас едноставно не сакам, дека си го имаме одамна муабетот и убаво ни е бе . Spoiler Боже мили, јас ептен сум се внела а до сега не сум ни била свесна. Еее, и после комшивката од 5ти ми се смеела дека сум читала и по влез. Море и другаЧките и другарчињата нема да си играат со мене јас ако продолжам вака .
Незамнеливо е чувството кога некој ќе ти подари книга, со посвета. Можеш да ја допреш, да ја видиш, да ја помирисаш. Не е ни споредливо значењето на е-книга со онаа стара, употребена корица, која знаеш дека многу очи ја виделе, многу раце ја допреле. Наутро да седнеш во паркот, во некое кафуле, покрај река без да се грижиш дал ќе снема батерија на и(ај)-падот. Да вметнеш лифче каде ти се допаднала некоја мисла, да подвлечеш. Да ја скриеш некому под јастук, да му ја ставиш пред врата, да ја завиткаш во најпрекрасна хартија и да ја подариш. Некогаш кога ќе ти стои на полица доволно е да се завртиш и да те потсети на нешто. Самите емоции што може една печатена книга да ти ги подари, ниту една друго аудио или е-верзија не може да ти ја подари.
Секако печатена. Нема ништо поубаво од лежење во кревет под топло ќебенце и читање некоја интересна книга и физички допирање и поседување на делото кое некој се потрудил да го напише. Чувството е уште поубаво кога знаеш дека таа книга е подарок или со посебна посвета и е твоја лична сопственост. Симнувам електронски книги и поседувам многу (особено стручна литература бидејќи се скапи да ги набавам, а кај нас изборот е многу ограничен) но тие што планирам да ги читам ги печатам зашто не ми претставува задоволство да ослепувам пред компјутер. Spoiler Знам дека неавторизираното печатење е прекршување на авторските права, но штом е само за моја лична употреба сметам дека нема да ми замери никој
Некои професори ни ги даваат слајдовите (со кои држат предавања), и тие ги принтаме и така учиме. Таман работа... е-книга.
Абе каква е-книга, повеќе сум за печатена книга, ќе си седнеш удобно во фотељата и ќе се замоташ во ќебе и ќе читаш и читаш и читаш со часови. Или пак ќе си легнеш во креветот пред спиење. Го обожавам мирисот на старите книги и имам мала лична библиотека дома.
Секако дека повеќе предпочитам "обична" книга... Со векови лугето читале книги па и на рака ги пишувале...од колено на колено ... И што ќе биде ако зјапам во компјутерот 2-3 саати па без очи ќе останам на 20 год. И кога ќе си ја земеш книгата во рака во топла постела ... Слично нешто како да спиеш со отворени очи нема подобро чуство...
Не би преферирала е- книга не можи никогаш е -книга да ми ја замени маѓијата што ја имам додека ја читам печатената ..тој мирис,па анализа на страни дали се кавалитетни кој матријал го содржат дали се од бела хартија или од кремкаста ,пожолта итн
Пред некое време, го сакав Киндле-то (сега дознавам дека вака се викало ), го најдов (не кај нас) ама се предомислив. Прво, кај нас не беа распространети толку е-книгите. Знаев дека нели технологијата оди напред, се‘ повеќе е-книги ќе има, ама нема да е тоа тоа како со иста книга. Кога се измачувам да си ја најдам погодната позиција, па со нетрпение вртиш следна страна да видиш што ќе биде, па мирис на страниците, незаменлив! Друго, од ова очите како бумбар ќе ми станат. Одкај сеа носам окали, и ми е оштетен видот, тогаш коа ќе се ѕверам у тоа... Дефинитивно печатена книга. И двете имаат предности и недостатоци. Еве за е-книгите, недостаток е тоа што очите ќе ти отидат, ама ќе можеш веднаш да ги најдеш книгите без да се трудиш да отидеш до библиотека или книжара. Е ама кај сега сме паразити со компјутерите и одвај се излегува до надвор, тогаш па ептен ни за книги нема да се излегува. За обичната книга, предност е тоа што служи и како најдобар подарок, и многу ми е мило кога некој ќе ми подари, или ќе подарам на некој. А е-книгата, на усб или цд ќе му ја даваш? Не бива... И летото симнував е-книги, ама ништо од бизнисот, дали една страна прочитав и ги избришав, ми беше жал за очите. :geek: Врти-сучи, печатена книга!