Печатена, дефинитивно. Имам пробано да читам е-книга, ама после првата страница се откажав. Дури и да си го земам лап топот во раце и да си седнам на фотелја покрај оган - нема да биде исто. Ги сакам книгите и дома си чувам грижливо подредена мала библиотека. Имам обичај да си ги купувам книгите кои сакам да ги прочитам, а бидејќи сите знаат дека сакам да читам, често на подарок добивам книги со прекрасни посвети. Остануваат во спомен таквите работи. Дома имам книги кои татко ми и ги подарувал на мајка ми уште кога биле млади, па на секоја има напишано датум. Последната што ја видов и била подарена за нејзиниот роденден во 1986, со преубава посвета составена од неколку стихови од песна. Тоа го нема кај е-книгите. И таквите никогаш нема да можат да ги заменат печатените. Печатените книги носат убави спомени. Со нивниот мирис и напишаните посвети.
Дефинитивно би избрала печатена книга. Тешко ми е да буљам во екран и да се обидувам да читам, многу ми е мачно и очите ме болат. Подобро е печатена книга , можеш на раат да си седнеш и да ја читаш. А и башка многу ми е убав мирисот на нови книги.
Печатена книга. Не само зошто не мора да се секираш дали ќе ти се расипе или слично, туку има нешто посебно во мирисот на хартијата, во меката корица, рабовите на страниците извиткани од што се толку читани. Нема ништо како чувството кога завршувам со читање некоја добра книга. И после тоа сакам да го споделам со некој. А е-книга не можам да споделам, само кликаш, даунлоудираш и читаш. Имам сега куп е-книги што ме чекаат да ги прочитам, ама немам сила пак да се задлабочам во екран, инаку ми отиде диоптерот у неповрат.
Дефинитивно печатена. А што мислите за ова? Наше, македонско Прво не изненади овој интересен концепт на футуристичка електронска книга. Но, потоа, она што повеќе изненади е што овој интересен изум е на македонски дизајнер. Неговото име е Драган Тренчевски. Има 22 години и е од Скопје. Браво Драган! http://cooleria.mk/koncept/e-kniga-dragan-trencevski/
И двете Е-книгите се попрактични, можеш да имаш илјадници книги на едно место и секогаш да ти се при рака! Додека пак печатените се класика. Не можам да се пожалам ни на едните ни на другите. Само да кажам дека печатените не секогаш ги има.
Дефинитивно печатена книга. Неможам на лаптоп ни предавања од факултет да читам ,а не пак книга. Имам пробано, но едно што ми треба повеќе време, друго што очте ме болат... Печатено си е печатено, а некако и книга ми личи да е таква, со ова технологиите сите вредности за убавините се поместија. Се знае бре книга во рака да ја држиш, да ја почувствувш, да бидеш за момент дел од тој свет... А не лаптопот да ми крши нозе додека читам или пак да не ќе седам на маса за да читам книга, наместо да се испружам и да уживам
Иако сум љубител на техника и би дала и последен денар за добро парче техника, сепак кога станува збор за книга секогаш бирам печатена. Љубителите не добра книга знаат што сакам да кажам кога ќе речам дека нема подобро поминато поладне од тоа со една добра книга во рака, под кебе, и со шоља чај, кафе или топло чоколадо во зима, или пак книга на плажа со убав коктел за освежување, или пак во парк на пролет. Електронска книга сум читала, болат и очи и не е тој feeling. Сакам бе да ми зашушти лист хартија, сакам да го осетам мирисот на нова книга или пак да видам стара книга пожолтена од стоење.
Затоа што имам ПиСи компјутер одбирам печатена книга. Предност ми е тоа што можам да ја имам која книга сакам , кога сакам ( само за 2/3 минути се симнуваат) и бесплатно. Сепак летото во осмо почнав една книга на компјутер и неможев да ја дочитам иако ми беше многу интересна. Неможам убаво да си легнам или комотно да се наместам , а и ми се замараат очите. Тек летото ја дочитав затоа што ми беше интересна, ама колку ја влечкав, ја влечкав.... И на крај , иако ме интересираа, се откажав од продолжетоците, не ги ни симнав
Печатена. Со таа другата не можам да се снајдам. Ќе читам до некаде и после се губам, незнам до кај бев. Или ми смета. Ме заморува, болат очите и главата. Затоа печатена. Многу подобро.
Печатена дефинитивно. Сум пробала да читам и е-книга, ама немам некоја голема желба така.. Плус и очи ме болат А печатена ќе си седнам, фино лепо, со задоволство ја читам
Имам куп книги симнато од интернет и повеќето се непрочитани бидејќи ми е многу позгодно да ја читам книгата во фотелја, кревет, на маса... Повеќето тие што ги симнав ги разгледав за да видам дали вреди да ги купам или ги симнав бидејќи во друга форма не можам да ги најдам на пример расподадена ако е или само во странство може да се најде. Предноста со електронските книги се тие што не зафаќаат простор, не собираат прашина... ама од друга страна замморно е со саати да читаш на монитор, не можеш да подвлекуваш тек така(најмногу мразам за испит кога подготвувавме од електронска верзија ), не можеш да ја читаш било каде ако нема компјутер со монитор. И најбитно, не можеш да ја допираш и мирисаш хартијата уживаш во мекиот (не-)пластифицирана односно тврда подврска, златниот или сребрениот отисок и други работи кои ја прават книгата поскапа
Се сложувам, и плус кога ќе си купиш некоја нова книга и ќе си ја дополниш твојата скромна домашна библиотека, чувството е ...
Online книги Никогаш не би читала на компјутер, да можам поинаку. Но, како минува времето се повеќе се навикнува, на факултет постојано имавме предавања и книги во електронска верзија, работата ми е постојано пред компјутер, а сега во последно време си наоѓам и книги кои не сум можела да ги најдам во книжара, а некои и не сум можела да си дозволам да ги купам, па затоа и не се бунам, што е тука е. Само дефинитивно нема ништо поубаво од нова книга , неотворена , чии листови сеуште го имаат својот специфичен мирис, да се држи во раце, да лежеш во кревет или до печка и да тонеш во тој свет.
Печатена книга дефинитивно. Понекогаш читам и е-книги, најчесто на англиски јазик, ама ми оди потешко бидејќи лесно се губи концентрација и плус по 2 часа максимум главата вперена во мониторот имам ужасна главоболка, така да е-книга- јок.
Печатена дефинитивно.Е-книгите си имаат свои предности и во време кога технологијата е незаменлив дел од нашиот живот, тие се многу практични.Но јас не би можела да седам на компјутер и два часа да зјапам во екранот.Ќе ми зазреат очите и веднаш ќе почни да ме боли глава.Значи за мене печатената!
,Даунлодирам, по нешто од бане превооз- обично стручна литература-лексиконче некое,речник и по некоја книга. Искрено заморно е за читање па се што ќе симнам ќе причека на принтање. Стариот добар начин со книга во рака е незаменлив.