Печатена. Друго е кога физиќки можеш да ја почувствуваш, удобно ќе си се сместиш по дома и ќе почнеш да уживаш. Да не кажам колку болат очи и грб кога буљаш во компјутер
Дефинитивно печатена. Остај тоа што од читање на компјутер глава ме фаќа (некој подолг пост да фатам да читам, очите ми солзат), нема поубаво чувство од она да ја држиш книгата в раце, да се соживуваш со предметот како со содржината внатре во него, да го паметиш мирисот на нејзините корици и да си фаќаш мали белешки надвор од маргините. Priceless!!
Печатена дефинитивно. 1. Не ги замара толку очите 2. Друг е филингот...ниту еден компјутер не може да го замени тој мирис на старите книги, или пак на онир тазе печатените... Печатената книга може да ти понуди искуство кое и најсовремената е-книга не може.
Печатена...Глупо ми е е-книга од причини што книгата е полесна и со нејзе можеш да си лежиш како сакаш,а не да се укочуваш пред компјутер/лаптоп
Добри се и е-книгите кога не можеш да ја најдеш потребната книга во печатена форма... но не е ист филингот како кога ја држиш книгата во раце... Да се надеваме дека е-книгите нема да станат замена за овие вистинските
Дефинитивно печатена. Подруго е чувството кога ја земаш во раце и едноставно го чувствуваш мирисот на хартијата. Ист случај е и со весниците. Ама тоа е тоа. За неколку години ќе изумре традиционалниот начин на читање.
Печатена дефинитивно. Кој не го сака чувството во ладните зимски ноќи, кога сите серии се завршени, да се прегрне со неколку ќебиња и да земе в раце некоја убава интересна книга да се занесе и да ужива...? Или пак, во летните топли денови, кога внатре не се седи, да го исклучи компјутерот (откако му станало досадно секако) да седне на тераса, под ладна сенка или во паркот на некоја клупа, па да се впушти во убаво одмарање на умот од реалниот досаден свет, па за миг да стане главен херој во некоја авантура или незаборавна романса...?
Е-книгиве ми се попрактични, но сепак повеќе си сакам печатена, го обожавам мирисот на стара книга, а исто и на брзо-печатените (на сите ), плус не ми пречат на очите... печатена во секој случај.
Како што изгледа за брзо време е-книгите ќе ги заменат печатените. Но јас сепак останувам кај печатените! Друго чувство е кога ја имаш книгата во раце и ја чувствуваш до тебе
Книга е да се релаксираш додека ја читаш...не би сакала со часови да дремам пред лап-топ....онака сакам да си легнам и до мене да има кафе кебе или летно,пролетно и есенско време во дворот, а зимно пред камино,или додека врне до прозорецот поубаво од ова здравје....
Сто пати подобро е печатена,друго е да седиш на стол пред компјутер,друго е да се опуштиш во кревет и да ја држиш во раце книгата.
Печатена. Класика си е класика, читам на компјутер само ако не можам да ја најдам книгата во печатена верзија. Инаку, не планирам да го упропастувам видот и искривувам ’рбетот.