едно прашање: Каде можам да ги најдам тие е книги? Има некоја страна или што? Ве молам кажете ми затоа што во оваа нашата гратска библиотека нема ниту 1 убава книга
Печатена,секако. Да уживам во нејзиниот мирис,пиејки чај во кревет,наместо да се грбавам пред монитор
Мирисот и допирот со книга даваат едно неописливо убаво чувство. И ја мразам цела оваа технологија. Несакам да дојде денот кога и „зборот“ хартија ќе биде вон употреба.
И јас сум за печатена книга.. Сепак печатено си е печатено.. се е-книгите не можеш да ја почувствуваш самата книга.. самиот, допир мирисон..
Е-книга имав симнато пред неколку години и само тогаш и никогаш повеќе, знам дека не ја ни дочитав, абе печатено си е печатено, да си ја врткаш, да си ја земеш в кревет, да забораваш кај си ја оставил, па колку сака нека бидам старомодна за неколку години кога целиот живот ќе ни се сведе на Е.
Дефинитивно печатена книга,кога читам книга на компјутер,бидејќи знам да се занесам во книга и да не ја оставам по неколку часа ,очите почнуваат да ме болат,па затоа се трудам,да ја најдам посакуваната книга во библиотека или во некоја книжара.
Печатена дефинитивно.Мирисот на книга го сакам многу.Читам и електронски понекогаш кога неможам да најдам некоја книга ама сепак печатена си е печатена
Дефинитивно печатена,мирисот па страниците кога ги вртиш,па ако не се одлепува моментот со лижење на прстот и вртење нова страна па и дека сум визуелен тип точно можам да кажам на која страна било нешто а на е-книга само знам каде е екранот
Ништо не може да ја замени печатената книга. Таа е нешто посебно. Не ни малку исто чувството кога ја имаш книгата во свои раце и уживаш во нејзиниот мирис, со тоа кога зјапаш во екран.
Печатената книга е незаменлива според мене Читањето од компјутер ме заморува, а и плус помалку можам да се концентрирам така. Друго е кога ќе ја земам книгата во рака, добро ќе се раскомотам и ќе листам страници
Хммм... Јас се имам изјаснето на темава на почетокот. И стојам на тоа дека печатените книги даваат подобро чувство при читањето. Ама... Тогаш немав киндл. Сега речиси се ми е достапно, секогаш имам нешто за читање, екранот воопшто не заморува, не е како читањето на компјутер. Со печатените книги бев поограничена со примероците од библиотека, со немањето финансии за обновување на домашната библиотека... А мене љубовта кон читањето ми е на прво место, сакам да читам, форматот на книгата е на второ место.
Реално да, печатена книга е далеку подобра од е-книга.Ама како што кажала Реинбоу не секогаш во локалната библиотека има нови и интересни книги, а и не секогаш сме во можност да купуваме книги.Така да јас сум некаде на пола, прибидејќи имам голем минус за незгодноста при читање на е-книги, ама па можностите и достапноста на книги е милион пати поголема
Печатена дефинитивно Пред компјутер очите ми се замараат, а и мирисот и листањето на страниците на печатена книга се прајслес
Se izvinuvam za latinicata ama pisuvam od telefon, a na nego nemam makedonska poddrska. Da se vratam na temata. Jas obozavam da citam ama pecatena kniga. Najubavo mi e da si legnam i da se relaksiram citajki