печатена книга нема конкуренција ! Друго е кога ќе ја имаш, ќе ја фатиш во раце и ќе го почувствуваш тој единствен мирис ! А од е-книга после извесно време можат само очи да те заболат...ништо друго. Није то то .
Се се, ама без е-книгиве незнам како ќе се пишуваа асални семинарски. Ми бара минимум 4 книги различни, по можност барем една странска литература, и како ќе се изведе тоа без драгите google books. Ма се расурив од правење семинарски, и тоа од квалитетни автори претежно странски, без акање низ библиотеки и арчење на време, зашто тие посети често залудни, зашто книгите се од времето на Тито. Си ги извадив очите, зашто се со ситни букви, не се копира содржината и не се цели, но кога има 10тина книги на располагање на иста тема од различни автори, доволно по 1 пасус од секоја да преведеш и ете ти семинарска. Инаку за читање книги не, ама за стучна литература 5ка има од мене овој што го измислил.
Печатена секако е поубаво Ама и овие е-книгите ми се наоѓаа понекогаш на мобилен навечер кога ќе си легнев да си читам,зараза ми беа едно време Треба пак да си најдам некои книгички
Печатена! Никако не сум за е - книга. Еднаш седнав да читам па се откажав. Не ја менувам јас печатената.
Добри и најдобри книги се печатените. Вртење и чуствување на стари книги ,мирис на нова жгрибање , нема нешто поубаво од домашна библиотеката не би ги заменила со овие е-книги .
Печатената книга е печатена книга и ни 1000 е-книги нема да ја заменат. Кога ги вртиш страниците, па обележуваш до каде си, ама некогаш се трудиш да запамтиш, па забораваш.... Па ајде се од почеток . Тоа ме опушта. Единствено е. Сите книги кои сме ги обработувале на училиште сите до 1 ги имам дома, немаат ни гребаница и се грижам за нив . Некако пријатно ми е кога ќе дојде ред да ја средувам библиотеката (домашната), па ги превртувам книгите, па почнувам да читам и кога ќе се свестам отиделе 30-40 страници. . Ама сега дојде ред и сестра ми да ги користи книгите. А таа плавуша како плавуша (се шалам) постојано ги валка, страниците се делат итн итн. И јасно и кажав: Ако уште на една книга видам малку извалкано, малку поткинато или исчкртано, веднаш сите книги ќе одат под клуч и нема да ме интересира од каде ќе се снајдеш да читаш!!!
Печатена книга, дефенитивно! Сакам книгата да ја држам и откако ќе ја прочитам сеуште да ја имам и така А, со е-книгата, ќе ме здоболат очите и едноставно не е исто. Книгата нема да биде твоја засекогаш. А, јас сакам секоја книга што ќе ја прочитам да биде моја засекогаш.
Допирот на старата книга,нејзиниот мирис,шушкањето при превртувањето на страниците-нешто незаменливо. Дефинитивно печатена книга. Е-книгата се знае каква аномалија има-последици по видот.
Јас веќе сум си се изјаснила во темава, и сé уште стојам зад тоа дека печатените книги се далеку подобра опција од електронските, ама еве јас последниве месеци читам само е-книги. Причината е поради мојот револт кон нашиве издавачки куќи за кои имам само негативни критики. Прво и основно, изборот на книги е толку мал, што при секое мое одење во книжара или на саем на книга, останувам со празни раце. Вообичаено книгите што ги имам на мојата листа или ги нема во нови изданија, или воопшто нема македонски преводи. Библиотеките по некоја логика зависат од изданијата на издавачките куќи, па и таму ретко кога сум нашла некоја книга што сум сакала да ја прочитам. Да не почнам да зборувам за нашиве преводи... буквално ти го уништуваат филингот за самата книга (која прочитана на пример на англиски, остава сосема друг впечаток, ова си го имам потврдено!). И како јаготка на шлагот - цените се прилично високи. Тоа ме спречува да ги купувам книгите на домашниве автори, иако имам неколку на листата што стварно сакам да ги прочитам. Упорно си се залажувам дека "попустот" што го најавуваат книжарниците е реален, па упорно одам со цел да си одберам нешто, а дома задолжително си се враќам со празни раце. Во последно време киндлето максимално го користам, па при читање на книги на англиски си го вежбам јазикот. 99% од книгите многу лесно ги наоѓам, ги конвентирам во соодветниот формат, ги ставам на киндлето и се утепувам од читање. И можам само да му бидам благодарна на тој што го исмислил, затоа што без него немаше да прочитам многу книги.
Дефинитивно хартија. Имам читано неколку книги во електронска форма, ама сепак тоа не е тоа. Има многу голема разлика. Сепак книга си е книга.
Со оглед на тоа дека читам многу книги, а поготово омилени ми се историски и sci-fi, сакам книгата да биде секогаш до мене, така да ќе можам кога сакам да си ја читам и да се одморам. Така да од мене еден лајк за печатените книги.
Нема шанси.Барем за мене.Ништо неможе да го замени чуството на вртење на последните страници од печатена книга.Мирисот на харијата,магијата...
И` давам предност на печатената пред е-книгата. Можеш да ја читаш кога и кај ти душа сака, не ти се замараат очите и за нас - љубителите на книги, полните полици претставуваат неизмерна радост. Милина да ги гледаш. Плус откако ќе завршиш со читање можеш да си ја изгушкаш книгата. Од друга страна, е-книгите се добра замена за печатените. Како што вика Ана, некогаш можеби преводот нема да ти се допадне, книгата не е преведена или сакаш да читаш на англиски (или оригинален јазик), тука е-книгите го овозможуваат тоа. Има брз пристап до книгите и лесно се конвертираат од еден во друг формат. Имам прочитано 3-4 е-книги на компјутер и засега не ми е проблем читањето, иако навистина би сакала еден Киндл.
Мене ме мрзи еден текст од една страна да прочитам вака на нет, камоли цела книга. Заморува и нема шанси да се сконцентрирам, ќе гледам де на фб де тука и ништо. Не може да се замени чувството кога си легнуваш на кауч, се покриваш со ќебенце и ја земаш книгата во раце и прво ја мирисаш ја отвораш и почнуваш ја читаш. Јас секогаш кога купувам книга ја потпишувам име презиме и датумот И си ја чуваш со години, и некогаш ќе си ја прелисташ или ќе посакаш пак да ја прочиташ и си го гледаш датумот поминале пример 10 години.... прајслес. Печатена книга дефинитивно.