Печатена е многу подобро.Ќе си се наместам некако ќе ја земам враце и читај брате!Досега само од Анегели Ресисте е-книга имам читано ниту една друга т.е. во моментов на неа ми текна можеби и дрига кој знај. Меѓутоа сум за печатените!
Колку и да сакам, не можам да читам електронски книги. Прво премногу ги замарам очите, а второ ја немаат таа магија што ја имаат печатените. Ај земи читај е-книга на плажа! Не иде да го влечам лаптопот/таблетот таму.
Парче хартија стилски и креативно спакувано,визуелно и физички достапно е неспорливо примамливо за читателското око.За е-изданија не би се одлучила и не ги третирам како книги.Тоа е за мене суптилно помодарство кое тежнее да го потисне најголемото богатство на човекот складирано во писмена форма и наречено, книга
Голем љубител сум на книги и слободно можам да кажам дека никогаш не би можела да ја заменам печатената книга со е-книга. Го подржувам развојот и напредокот на технологијата, а со тоа и достапноста до повеќе пишани дела, меѓутоа според мене не е исто чувтвото. Не можам да читам книга од лап топ, дури и материјалите од факултет кои ни биле дадени во електронска форма ги печатев па седнував да учам.
Ништо не ја менува печатената книга. Чувството кога ја земаш книгата што си ја барал многу време, и нејзиниот мирис ... Прекрасно!!
Еј,сега,немој да ми кажете дека чувството е исто кога ке читаш е-книга и кога ке читач печатена книга. Лично мене,многу ми е вредно кога ке си ги здогледам полиците во собата.Таму ги имам сите книги кои прошле низ мојот ум.Многу ми е мило кога ке ги вртам хартиените листови на книгата. Јас сум родена во 21-век ама се чувствувам многу старомодна,не знам...многу сум против штикли(на млади години),ме интересираат уметнички изложби,класичната музика...така и сега,многу сум против технологијата да не надвладее.
Дефинитивно печатена книга.Апсолутно се сложувам со Srckata28.Печатената книга постоела со години децении и векови.Е-книгата е нешто ново нешто што кратко ќе трае.Книгата во печатена форма е нешто кое каде и да сакаш можеш да го носиш истото се однесува и за е-книгата,но е-книгата е во таблет/компјутер/смартфон па ако ти се расипе триста проблеми а и плус тоа јас лично кога читам од и е-книга не ги доживвувам тие емоции како што ги до доживувам во книга во печатена форма .
Печатена, дефинитивно.Во никој случај печатената неможе да се замени со е-книгата.Јас лично кога ќе читам некоја е-книга се чувствувам изнемоштено, очите ми се затвараат и не чувствувам некое задоволство кога ја читам таа книга.Затоа сметам дека печатената е подобра. Инаку обожавам да си ги редам книгите по полиците, а не да ги имам беспотребно на компјутер.Ама ете, денес живееме во компјутерска ера.
Иако ова е 21 век, преферирам печатена книга. Зошто да си ги заморувам очите кога прекрасно е чувството да имаш книга во рака, да лизгаш со прстите по нејзините страници, да го осетиш нејзиниот мирис. Е кај е-книгата нема задоволувачки ефекти.
Јас не се сеќавам кога последен пат сум читала печатена книга Последнава година се изначитав е-книги. Се знае дека електронската книга не може да ја замени печатената, ама сé си има своја предност. Ако порано се нервирав кога не можев да најдам некоја книга во книжара или библиотека, сега скоро и да нема книга што не можам да ја најдам онлајн. Која и да ми дојде на памет, можам да ја најдам без проблем и да ја прочитам. Освен тоа, нашиве преводи се прилично лоши, особено на некои издавачки куќи (од каде патем веќе не купувам ништо), па вака си ги читам на англиски. Па и не е толку лошо бе да читате електронска книга Spoiler Изгледа скоро како печатена
Печатена книга.Друго е вака да ја имаш.Не ми е згодно да читам книги на компјутерот.Само еднаш имам прочитано еден роман на компјутер.