Пораснав со печатени книги и сега се префрлив на е-книги, откако си го купив киндлот. Главно преферирам киндл затоа што сите книги ми се достапни, можам да читам во темница, лесен е и можам секаде да го носам, а на него имам дваесетина книги моментално. Имам огромна колекција книги и ако прочитам некоја е-книга што ќе ми се допадне, ја купувам и во печатена форма
Во поглед на носталгија, испробан метод и самото чувство на држење книга во рака (изгледот на корицата, мирисот на страните итн), во ред е да се има печатена книга... Но, е-книгите се иднината, од многу јасни причини, а и самата нивната достапност ги прави далеку подобар избор. Уште ако во оваа комбинација се додаде Киндл, како форумџивката над мене... јасно е, со е-книгите нема грешка.
Само печатена книга, никако е-книга!!! Убаво се чувствувам со книга во рака, во полулегната положба, со вклучена ламба до мене... и се така додека ми се приспие .
Koga ke zemis v race pecatena,podrugo e.Samo edna imam procitano elektronski i ne deka e loso ama nemam cuvstvo deka sum procitala kniga,tuku deka nesto sum citala.
Книга на хартија. Доколку имам книга во електронска форма секогаш ја принтам Да бидам искрен имам повеќе принтани книги одколку купени
И јас сакам повеќе печатени книги. Чувството на книгата во раце, вртењето на страниците, мирисот на хартијата. Читам доста и е@books бидејќи ги нема често насловите кои ме интересираат, ама навечер кога ме фаќа умор со таблетот во раце, неможам да го пуштам само на под како книгата. Еден веќе скршив така.
4тири години подоцна и со друго мислење. ГОЛЕМО ДА за е-книгите. За се има солуција. За ќоравоста наочари, а за компјутерите и таблетите замена киндл. Бесплатно, брзо, идноставно. Плус подобро се чита во друштво, т.е кога двајца читаат иста книга во исто време и поле ја дебатираат. Тоа може и со печатени наравно, ама кога можеш книгата да ја симнеш за 1 минута и да ја имаш инстантно а не да се бавташ од книжара до книжара е друго. Среќа достапни се читачиве со ниски цени, за две-три недели му се отплаќа вреноста во размер на уштедени пари на прочитани книги.
Сум пробала да читам е-книга но за кратко ме замори. Печатено си е печатено, а плус и кога ќе земам книга во раце морам да ја помирисам
Повеќе сум за печатени книги, но кога џепарлакот не ми дозволува да си купам тука се е-книгите. Некоја страна каде што има на македонски понови книги?
Се трудам да се прилагодам на е-форматот. (Сé повеќе читам дигитални изданија). Напорно беше во почетокот (додека се привикне окото и мозокот),ама, пак..со дигиталните книги има и некои предности,пример - побрзо пребарување низ страниците,кога сакам да се навратам на нешто. Не морам да излезам од дома, да одам до книжари/библиотеки (глупости)... and..that's about it.
Не дека сум влезена во филмот многу читам, сакам да ја држам книгата во раце, го сакам мирисот и сл. ама навистина повеќе преферирам книги во печатена форма. Како што се повеќе и повеќе технологијата се обидува и успева да навлезе во нашите животи и да замени буквално се, така се повеќе најверојатно се обидувам да го задржам барем овој дел. Инаку не е дека сум против книги во електронска форма, напротив тоа е многу подобра опција на пример за патување, да си носиш електронски читач и да имаш повеќе книги на него, или едноставно на лаптоп и сл.
Печатена. Ми ги заморува очите читањето на компјутер. А и мене сосема поинакво ми е чувството кога ја држам книгата во рака, кога можам да го почувствувам нејзиниот мирис...