Здраво Феминки Јас сум“свежо“ регистрирана на овој сајт и ми треба ваша помош. Сакам да си купам печати за нокти, но од каде? Видов дека од пазар (битпазар или од женски пазар?) Ако можете да ми препорачате некоја продавница или место каде што има со леопардски и зебраст принт. И ако по можност ја знаете цената. Фала однапред !!
Печатите се за срценца, цветчиња, ѕвездички и некои други симболчиња кои се ставаат на ноктите со лак. А овие принтови што ти ги кажа се прават со лак и четкичка. Слободно со рака. http://www.youtube.com/watch?v=gFw5jAinrRQ&feature=fvst
mozes da najdes na pazar ja si kupiv od edna mala parfimerija ama treba da kupis specijalen lak za pecati ama nz kaj se kupuva toj [mod-kirilica:3fv8oah5][/mod-kirilica:3fv8oah5]
нема потреба од специјален лак за нокти ние со другарката си ги правеме ноктите со обичен црн лак било каков може излегуваат многу убави.
Печати со зебрасти и тигрести форми немам сретнато, но има туторијали на youtube за такви ако сакаш да си ги направиш ноктите. Имаш и лакови со многу тенка четка за цртање, може на таквите специјални лакови мислиш. А за обичните печати ти треба обичен лак и навистина убави испаѓаат
Обожувам лакови, нокти, принтови се и сешто што е поврзано за нокти..... Печатчињата можеш секаде да ги најдеш (пазар, парфимерија..) прво купи си комплет печатче (огледалце, печатче и незз како се вика) а потоа купувај си само огледалца така е поефтино... И не ти треба специјален лак за нокти можеш со каков сакаш само да биде по густ
Ок. фала многу! Но јас сум гледала на интернет од Конад имаат со принтови и се мноогу убави! Па сакам некои такви да најдам.
Можеш од Конад да си нарачаш мислам . Немаат продавница ама можеш да се јавиш и да се распрашаш . Ако ти треба број , ќе ти го пишам по лп
На зелено имаш ама се зезнав јас иако се евтини тешко се ставаат,одма се кинат и веднаш паѓаат И во авон има,ама ист квалитет ко од пазар,само поскапи!
погрешно ја разбра бара печати, ги помеша со налепниците да си прашам, успеа некој да најде печати со животински принт?
Го имам превртено Скопје барајќи плочки со животински принт (и воопшто други што имаат слика за цел нокт, а не само мало делче). Освен ако не ги донесат "stampy plates" од Essence, што патем не верувам дека ќе се случи, нема да најдете добри плочки Ако толку сакате животински принт, ви преостанува да порачате преку нет. Ако некој е заинтересиран можам (преку лп) да му кажам една веб продавница од која имам нарачувано еднаш. Ја имаат истата плочка како и Конад само што Конад ги продава по 10+ долари, а овие за некои 3 долари со бесплатен шипинг. Проблемот е што работи само со pay pal.
Јас имав но незнам неможев да ги нанесам еднакво на сите нокти и ме нервираа, не сум ич ц'цкач... А инаку од пазар ги земав, пред 1 година сигурно и имаше такви со животински принт, на пазарчево во Аеродром, е сега колку уште има незнам...
Сестра ми имаше, ама ги изгубила некаде, го најдов сега само тоа што е печатчето, а плочката не можев да ја најдам. Нејзе и беа поклон, ама истите ги имам идено и на пазар. Многу убаво излегуваа, баш беа интересни.
Купив уште оддамна 3 печати, од кои само 1 работи. Другите изгледа не се доволно издлабени.. Ама искрено ме замрзе, порано само со печати си ги правев ноктите, ама сега некако тапа ми се. х) Да му ја мислам дали ќе испадне убаво, па дали на криво сум го залепила...
тие се доволно издлабени само има на нив најлонче кое едвај се познава..... пробај тргни го и ќе излези...
Тргнав, џабе. Тоа што ми работи ми е од бит-пазар. А другите ми се едното од бит-пазар, а другото, од еден како маркет кај мене во населба..