знам едно девојце кај нас е застапник за некои и има различни печати само мислам дека беа комплет со печат и таму што има друго, да прашам дали има со животински принт
^еј уште прашува бе да да распрашај се одма пошто јас сум си антиталент сама да си ги направам ноктите со слободна рака па добро би ми дошле таквите инаку од ск си?
Прашав, имала само со рак и пеперутка, оделе комплет во сет со печат, лакови и 4 шаблони, јас сум од Прилеп
ее ништо јас сум од ск ама и така и така не се со животински принт е сеа ме разочара дај ако некој најде некаде нека ме извести...
Јас ги добив од Швајцарија кога овде ги немаше, а сега гледам сегде ги има. Имам видено во парфимерии, по ниски цени...
Си купив и јас пред година дена ама некако не успевам да ги направам после неколку неуспешни обиди сега и поима немам кај ми е ставен печатот. Или негде грешам во постапката или не се доволно длабоко изрезбани формите.
На нив има како најлонче треба да се одлепи (многу добро е залепено) за да можи да се нанеси лак во презнините
Dali znaete kade mozat da se kupat vo Kumanovo?jas kupiv na pazar no ne mi rabotea. Ve molam pomosh Feminki!
Како што напиша HandandNails пред да започнете со печатирање отстранете го тенкото најлонче што ја покрива плочката. Сигурно е таму, само е многу добро залепено и воопшто не се познава. Потоа кога го тргнувате вишокот лак од принтот наместо целосно исправена, малата пластика држете ја закосена - вака ќе го отстраните само слојот што не е потребен, а останатото ќе остане на печатот. И уште нешто што би можело да ви помогне. Пред да започнете со работа, гумичката од печатчето истурпијајте ја, нормално не премногу - вака полесно ќе се пренесува лакот. И нормално целата постапка изведувајте ја најбрзо што можете Кај нас нема премногу квалитетни печати и ќе се согласам со некои од вас што напишавте дека не се добро издлабени. Наскоро ќе напишам детален туторијал со слики за тоа како полесно да печатирате. Поздрав
Знам дека има најлонче ми кажа и една другарка и го извадив ама пак обидот ми беше неуспешен. Незнам до што е работата ама од некоја форма пример пола успеам да ја испечатам некоја ни малку и така.
Не е секогаш до најлончето. Имам јас едно со неколку шари, и пола успеваат. А имам уште 2 плочки, тие ич па нејќат..
гледај колку можеш побрзо да ја правиш постапката да не се засушува лакот па да не останува на плочката или печатот и од кај ги зема? јас земав од пазар и баш напротив супер ми излагаат, инаку виде ли некој печати со животински принт некаде во ск?
Сестра ми имаше, мене редко кога ми испаѓаше. Ама затоа пак кај нејзе немаше утка. Изгледа не е до печатите, туку во чија рака се.
Не ми се верува да е заради тоа, и на другарки сум давала, и сестра ми пробуваше. Како и да е, ме мрзи да ги ццкам, па на криво, па на право..
многу си ги сакам, јас си купив па се изгуби некаде низ куќа и другарка ми ми ги остави она немала нерви и јас моите си ги најдов пред некој ден и мерачки си ги направив и јас многу порано се нервирав зашто неможев да погодам точно како сакам ама од нет видов и сеа сум про
и јас имам неколку плочки, се зависи колку е добро направена вдлабнатината на плочката, но на плочката секогаш ми се погодува неколку да не излегуваат убаво, но сепак има и по 2-3 што перфектно излегуваат.
Па има на Зелено пазарче и на Битпазар. Јас си купив едни со цветчиња, имаше едно кругче каде што беа формите и како со еден печат ја одбележуваш формата со лак, па нанесуваш лак. Само за тоа треба премногу густи лакови и искрено не бев многу задоволна и сега ми седат дома колку да зафаќаат место во фиока. Затоа земав четкичка за водени боици, ја истенчив со ножици и сега со тоа се шарам.
Веќе го постирав видеово во темата за македонски туторијали, но еве го и тука, бидејќи е за печат http://www.youtube.com/watch?v=xYdrgPlogPM