Девојки, да не знае некоја од вас колку се овие со се печат со се се во Џамбо? Зашто не ми се шета по пазари(ужасно мразам гужви, не за друго), а на др место не знам каде би можела да најдам.
Користев печат за нокти , го има насекаде по парфимерии , пазари , продавници... не е скап околу 70 денари мислам дека е
Случајно налетав на оваа понуда, знам дека до пред некое време ги немаше овие печати кај нас, сега гледам ги има, па се мислам дали да го купам печатот, со овие од пазарче никако не ми успева. http://grouper.mk/skopje/deal/empire-set-konad
Jaс од Бето ги имам купувано печативе, само што сега којзнае каде ми се , мислам дека 50 денари ги купив
Ух, мене ми се чини многу. Инаку, и на мене ми никогаш нема излезено со тие од пазарче, ама на сестра ми и излегуваа.
Јас имам печат за нокти, сум пробала неколку пати да си ги направам ноктите со него и веќе не пробувам. Не ме бива. Сега ми стои, така за украс, кај лаковите.
јас купив од продавница сет огледалце и имаше сликички од ружа,ѕвезда др. печат и едно што кога ке ставиш лак,вишокот од отстранува,сум пробала многупати али еднаш дали ми беше успешно.Ова што ќе го пишам ќе е офтопик:: -Си ги правам некогаш ноктите со весник и мн. е јако и интересно Потребни алатки за изработка на нокти со апликација од весник Лак за заштита на ноктите(безбоен за на крај) Бел лак Неколку мали парчиња весник 70% алкохол(може и ракија,јас со ракија правам) Стапче за уши Како да ги направите Ставете од лакот за заштита на ноктите. Почекајте да се исуши и потоа нанесете бел лак. Кога белиот лак ќе биде целосно сув, потопете го едниот нокт во алкохол и залепете едно парче весник. Држете го некое време и потоа само одлепете го и апликацијата ќе се пренесе на вашиот нокт. Повторете го ова со сите нокти. На крај за да ги исчистите прстите од вишокот пренесена апликација, само натопете го стапчето за уши во алкохол и избришете ги остатоците.
Страната е www.bornprettystore.com. Сега почнаа да работат и со обична картица и имаат уште поголем избор на плочки (и други сваштарии). Имам многу пати нарачувано и дефинитивно е проверена, само понекогаш пакетите стасуваат малку подоцна од вообичаено (~40 дена просечно).
@Ducky , се мислам да порачам од таа страна, викаш сигурна е. Имав купувано од пазар вакви, катастрофа беа, тука на страната гледам добри коментари. Си зела ти од тука? Добри излегуваат?
Има во Џамбо само палета (тоа како огледалце и на него шари) такви имаше 2 за 59 денари, ама ги нема тоа пешатот и тоа како жилетче да го размачкаш лакот. Знае некој каде се продава комплет? Имам другарка и ми реше купила еден таков комплет од ГТЦ.