Hе знам како не сум коментирала до сега на темава,обожавам печурки Cе секавам дека порано не јадев многу,освен во пица,и еднаш порачавме со една другарка печурки со лук и магдонос,колку беа вкусни само,од тогаш како ненормална ги јадам,пржени со кромид,лук,со путер,наполнати со кашкавал и потпечени Hе можам да ги разберам лугето што не јадат печурки,не знаат што пропуштаат,мислат дека ке се отрујат
И јас ги обожавам Се секавам порано мајка ми кога правеше пица ги вадев од пицата А сега кога ке ми текне си се чудам сама на себе. Тоа е нешто преубаво, уживам кога ги јадам !!
Пица без печурки ми е незамисливо. Многу поинаков вкус и даваат печурките. Исто така ги ставаме во селско месо, понекогаш во манџа, а исто така ги сакам и со пржена урда, јајце и сецкана шунка. Туку да си прашам јас - сушени печурки се продаваат ли некаде? Многу ми се повкусни од оние од тегла За во пица се како измислени!
Обожавам печурки,со секое јадење во кое може да се користат.Дури им ги собирам и на другите што не ги јадат.
Како само би изела цела тегла во овој момент! Просто ги обожавам! Сакам да пробам Шитаке печурки ,имало во Виталиа. Има пробано некој? Ги препорачуваат првенствено како лек ,многу биле здрави.
Јас имам пробано Шитаке печурки, вкусни се ако се убаво спремени. Имам читано дека се добри во спречување малигни заболувања. Мислам дека во Веро ги има.
Баш вчера правев печурки (свежи) со стек и компири еве го рецептчето : Стек околу пола кг се сецка на коцки и се вари со неколку компири исто така на коцки,откако ке се сварат стекот и компирите се додаваат и печурките сецкани на листови се додава и малку кари,2 ловорови ливчиња,вегета,сол бибер по желба. (во една шоља вода се мешаат две лажици брашно) се додава и ова и се става да поврие малку колку да се згусне....Преубаво е мора да се проба поззз
аииииии ги обожавам секогаш кога јадам пица со печурки прво печурките ги вадам и ги јадам па после се останато
ми треба ваша помош////сакам да направам сос со печурки,,,да го прелијам стекот или телешко месо како во рестораните...знае ли некоја како се прави овој сос?...дали е бешамел,,,па се додаваат печурки или како?
Најлесен сос а истовремено највкусен е со свежи печурки. Една паковка свежи печурки се сечкаат и се пржат на масло. во нив се додава брашно и веднаш млекото. Се намалува ринглата и се крчка на тивко додека не се згусне. На крај се става бибер и вегета. Тоа е тоа
NP, битно е само полека да се вари за да има интензивен вкус на печурки Наздравје ручече и сподели искуство
Ги обожавам!!!!! На пица обавезително, ма со било какво јадење можам да ги јадам. Многу ми се убави со макарони, павлака и мајонез, т.е макарони салатата.