Печурки, љубовки буковки Ги сакам, ги јадам, во пица, во манџички, во сос за врз пилешко, на скара со бибер и вегетка, полнети со кромид и кашкавал, поховани, маринирани во гулаш, свежи за сосови и салата, абе за се’!
обожавам печурчина а сега ке ви кажам и како си ги подготвувам со друуги работи 150 гр печурки, Лажица лутер,кромид Магдонос, зачини ,морков и кашкавал (ако имам) сето ова го сечкам а морковот го рендам и го пржам на растопениот маргарин околу 10 минути многу е вкусно и ме заситува.
Обожавам. Оние мариниранираните и конзервираните ми се убави да ги јадам директно од тегла, без претходно да ги мијам или слично, али моиве по дома не ме оставаат зошто имале многу конзерванси и штетат на стомак. А свежи, е свежите ми се оргазмични, пица со доматен сос, многу кашкавал и свежи печурки (лиги, лиги, лиги). Свежите ми се топ и на скара, па дршките извадени и внатре наполнети со малкуцка павлака и вегета одозгора, или исто спремени и печени во рерна со маргарин (пак лиги, лиги...). И така спремни со помфрит, стек и таратур, јадам и се осеќам ко грчка богиња. Ги сакам бе шампињоните поише од буковката, поубав печуркаст вкус ми имаат, буковката ми е некако извитоперена па и не ги љубам толку.
Наједноставни рецепти ти се свежи печурки, откако ќе ги измиеш и отсраниш дршките, значи останува само тоа „чадорчето“ и внатре им ставаш по една лажичка павлака и малкуцка вегета. Ако си во можност печи ги на скара, ако не во тавче намрсено со многу маргарин. Се печат кратко, некои 10 минути додека добијат сивкаста боја и омекнат. Или можеш исто така припремени да ги наполниш со коцкички кашкавал и одозгора да им наросиш оригано, ваквите поише ми се за во рерна. Исто како и претходните се печат. Ако на пример печурките се поголеми, можеш да се спремиш смеса од ситно сецкана шунка или друга салама, кашкавал и павлака, а одозгора да им ставиш оригано, магдонос, целер, малце копар, малце кари и воала божествен вкус во уста. Е сега незнам како планираш да ги јадеш, мене печурките ми се поише за прилог уз месо, особено пилешко, јез да добро идат и со свинско и сл.
Или пак со сирење место павлака. Сончарки на скара, само зејтинче и сол прекрасни се. Или пак поховани, превкусни се. А лисичарки најмногу ги сакам во омлет. Баба ми правеше порано во тегла со сало и ги чуваше преку зима, боже кога ќе ги испрежев после прсти да изедеш. Додека вргањот си до сакам со мевце пржен, или чисто само вргањ. Буковка ептен често си за пржам само со зејтин и лукче. Нема ептен ги сакам, си ги ставам во чорби, потпечени со макарони, омлети.. не можам без печурки можам да кажам дека ми се омилени.
Ким денес ги правев ,мене ми се допаѓаат. Свежи шампињони 500 гр ги провираш во солена вода 1-2 минути.Претходно вариш околу 150 гр ориз исто во солена вода ,треба да ти останат цели зрната, немој да го превариш,оризот го процедуваш.На зејтин пропржуваш една поголема главица рендан кромид,кога ќе се пропржи му додаваш ситно исецкана пиперка ,пропржуваш да омекне пиперката,додаваш две супени лажици од исцедениот ориз,околу 150 гр сува сланина сецкана на коцки,сол по вкус ,вегета,оригано или зачини кои ги сакаш.Пропржуваш.Од шампињоните ја отсрануваш рачката,полниш со филот,околу едно мало кафено лажиче ќе ти собере,и ја враќаш дршката на место,ги редиш во сад,јас во огноотпорен ги ставив,и ги полеваш со изматена кисела павлака околу 250 гр.(иако мене ми се чини може и повеќе)со малку бело вино.Одозгора ставаш ленти сува сланина.Ги запекуваш. Преостанантиот ориз може да ти послужи како гарнир.
мајка ми пак ги прави со мелено месо. ги мие печурките и им ги вади дршките а потоа ги сецка ситно. потоа прже мелено месо со кромид и заедно и ги додава дршките од печурките. кога месото ќе е готово се полнат кошничките од печурките и се ставаат во тава. врз кошничките т.е врз месото се става по едно парче кашкавал и се става во релна да се пече додека кашкавалот не се растопи. превкусни се.
Од печурките ми се ! А во пицата има печурки така да не јадам пица! А јадам само ако ги одделам печурките
Сакам секакви печурки и живи и секако спремани. Одамна немав јадено маринирани, некако се наклонив кон свежите и ми текна пред извесно време да земам маринирани шампињони. Ги пробав така од тегла си беа супер на вкус...ама не знаев што да правам со нив, а немав ништо дома освен тестенини. Ми текна малку да ги пропржам со лукче..кога ги пробав скиселени После пак ми текна да ги ставам врз сирење, ги потпеков во рерна...пробав пак исто кисели Дали мене вкусот ми беше нешто зезнат, дали не била ок комбинацијата, дали топлината...не знам што ама ми се одјадоа некако...
Од пржени вргањи повкусно нешто не сум пробала, прсти да изедеш. Ама тука е и ризикот ако сам си ги берел да налетеш на некоја отровна
Печурки би јадела ама баш секакви и во се. ЈАс сум манијак за печурки, па како идат со сиренце или каскавалце мх хмх
Сакам да прашам дали печурките од тегло, сецканите шампињони, може да се јадат веднаш или мора да се пржат или печат. Конкретно сакам тост со нив да направам и ме интерисира. Ако може побрзо одговор оти ми се јаде.
^ Еве што има најубава пишано Абе стави си таму, не стои гладна Ништо нема да ти биде за 3-4 печурчиња