Нема потреба од претходно пржење и печење, а пржени веќе си докажав дека не ги бива...а во тостот секако ќе си се потпечат ама би требало да бидат супер А најубава да не се секира, сега има и маринирани печурки со ознака без конзерванси
темава ме потсети на едно мое комшиче душичка многу се имам смеено печурките ги викаше ПИЧУРКИ btw не сакам мн печурки само со стек а на пица неееее
Од шампињоните повкусни ми се свежите (особено печени на фолија ). Освен шампињони, лисичарки и ливадарки (ове ми се слични по вкус со шампињони) други немам пробано.
Печурки со секој вид на месо, на пица, во панцерота, пржени, со павлака, зачини, мислам дека со многу јадења одговара. Прилично сум голем гурман за храна, сакам од се да пробам, а печурките ги обожавам иако многу од луѓето што ги знам не ги јадат. Имам пробано речиси од сите видови што можат да се јадат. Омилени ми се шампињони и вргањот.
Вчера правев и прсти изедовме дома. Свежи печурки на кои им ги извадив столбчињата, потоа ги исецкав, додадов шунка сецкана, кашкавал и заедно со павлака направив смеса, а потоа ги наполинв печурките и ги ставив во земјен сад да се печат, одозгора им изрендав кашкавал. Околу пола саат се печеа, само маслиново масло ставив претходно во тавата и ги зачинив со вегета и бибер. Си пуштаат течност така да нема шанси да загорат, баш убаво си крчкаат. Пробајте, превкусни се! Може да се прават многу комбинации и да ги полните со што ќе ви дојде на памет
Ги обожавам печурките, ама само тие свежите. Ги сакам во секое јадење, а и така пржени на маслиново масло , со малку оцет балсамико м мммм
Многу сакам печурки,посебно ми е убаво кога ги готвам во сосови,а порано ги јадев и така,од тегла живи
Сакам на сестра ми утре да и направам кајгана или омлет со печурки. Ќе купам такви конзервирани и прашањето ми е дали треба да ги проварам прво па после да ги пржам. Не би требало нели?
^ Не, нема потреба. Само вадиш од тегличка, цедиш и ставаш во тавче на пржење. Ние денеска правевме за вечера, гледам мајка ми има навика откако ќе ги извади од тегличка да ги помине низ млаз вода, зашто имале премногу конзерванси директно од тегличето. Јас го скокам миењето - не знам колку е правилно или не и дали менува нешто кога печурките веќе отстојале таму. Па дури и ако се свежи - само ги миеш, ги сецкаш и ги ставаш на пржење. Нема ништо повкусно од свежи, пропржени шампињони со средно насецкани коцкички сланина. Па и по некое морковче низ тавчето. Мх! Милина. Гарнирав со многу павлака и сенф од страна и по некоја кисела краставичка. И потенцирам дека најадена сум, ма и прејадена и не можам да мислам на јадење во наредниве два дена.