Многу сакам печурки, а и од секогаш сум сакала. Уште како помала ги јадев така „живи“ од тегла директно. Ги обожавам секако, и на пица, и пржени, и во салати и како додатоци во разни јадења.
Омилени ми се ,без разлика дали ги има во рецептот јас си ги додавам.Мммм голем обожавач сум на печурки ми нема лек
Полнењето на свежи шампињонски е мн.лесно. Ќе си купиш една кутија свежи печурки.На секоја печурка ќе и го остраниш тенкиот горен слој од печурчето .Со нож ќе ја извадиш рачката,а со мало лажиче ќе ја остраниш внатрешноста од печурката . Ама објаснив - се надевам ме разбра. Во тавче со малку зејтин испржи мешавина од зеленчук (јас најчесто ставам кромид,пиперка,внатрешноста што ја вадам од печурката,лукче,магдонос и томатело на крај) со што ќе направиш густа смеса.Испржената смеса од зеленчук се става во внатрешноста од печурките,на крај врз нив малку томатело и во рерна да се потпечат.Пред да ги извадиш од печење изрендај ситно кашкавал и оставиги уште 2 - 3 мин.Преубави се ... Поздрав
Печурки?? Never enough ! Посебно една огроман порција со свежи печурки испржени со мешан зачин...мх мх мх
јас обожавамммм печурки бе се удавила во нив ама највеке ги сакам испржени свежи на путер (денес за ручек јадев) се купуваат свежи шампињони и се пржат на путер (можам цела год. да јадам и пак да не ми се одмили
Преубави ми се. Незнам дали некој има пишано, ама земете свежи и исецкајте ги на не средно дебели парченца, ставете малце масло (ептен малце) на тостер и ставете ги. Не ги стискајте, само поклопете ги со тостерот. Многу брзо се прават и премногу се вкусни дури и само со сол на нив
Печурки како помала никако не јадев.Се сеќавам на пици кога одевме,маслиннките и печурките секогаш ги тргав настрана. После некое време,незнам како ги пројадов.И сега ги сакам многу во пица(сочен кашкавал и печурки,мммм),со ориз,со компирчиња печени.... Ама оние свежите не ги сакам нешто многу,мислам ги јадам само готвени.Па и маринираните ги јадам само готвени. Аааа,да и во тортиљи многу ги сакам.Посебно јас кога ги спремам,мх мх за мерак. Си купувам од оние готовите тортиљи,мексикански,од маркет и си правам дома сос,пунење.Сечкам се шо имам дома,обично летно време ги правам па ставам тиквичка,модар патлиџан,печурки маринирани,моркови,пиперки и уште што не.Додавам малце маслиново,и малце вода и ги динстам,ги варам,ама така со малце вода колку да смекнат и да добијат сосче убаво.После,ги пунам тортиљите и тоа е тоа.Убаво идат уз салата од свежи краставички или пак со кечап.
Најповеќе ги закам печурките,пред некое време спремив шампињони пецени на скара значи преубави беа ,се додава потоа сусам и кисела павлака ако сакаш.
мх, мх, мх... обожавам печурки. Ги сакам во се. Посебно ги сакам буковките, само така пропржени во масло, по можност маслиново се одлични. Еве и еден брза салата со печурки која ја обожавам. Пржените буковки се сечкаат и им се додава кисела павлака и малку лук и магдонос, сето тоа се меша, се додава сол и салата е готова. Многу е вкусна.