Обожавам секакви печурки - вргањ, буковка, јајчарка, шампињони - стандард, лисичарка, сите ми се допаѓаат, дури не можам да издвојам кој вид ми е омилен. Највкусни ми се потпечени во земјен сад, збогатени со секакви зачини.
Скоро и да не постои јадење во кое јас нема да најдам начин да ставам печурки. Солено, нормално Отприлика 6 од 7 дена неделно ги јадам.
Има едни печурки, ливадски, бели се одозгора, големи се, а одоздола се со ресички или линивчиња и се розевкасто-виолетово-кафеави. Не ми текнува како се викаа мајка ми сто пати ми има кажано, ама никако да запомнам. Ги бери на викендица и ги пржи. Колку се убави само така пржени со сол, па не сте свесни, имаат вкус како некое мевце да јадиш. Во последниве години не собрала, страв и е дека кажуваат за печурките поради изнменетите климатски услови дури и професиобалци може да ги помешаат неотровните со отровните.
Печурки не сум јадела до сега, пред некое време пробав и не се лоши, но сакам само кога се подготвени со многу кромид и зачини.
Обожавам печурки, со татко ми секогаш одиме во планина и собираме. Највкусни ми се пржени во комбинација со павлака
Јас ги обожавам, и веројатно сум една од ретките која пицата ја сака исклучиво со маринирани а не свежи или сушени печурки =) Инаку ги преферирам шампињоните, вргањот и јајчарките. Прекрасни се, и на изглед и на вкус =)
^Не си ретка и јас сум со тебе Обожавам печурки,во пица,во манџа,во месо,во супа, во се !!! Преферирам шампињони и вргањ. Други не сум пробала,врзана сум за овие
Шампињоните ми се стандард, онака најупотребливи во јадења, во пица ги сакам свежите, во некои специјалитети, шампињони од саламура.
Од секогаш сум бил фан на печурки... од шампињони до лисичарка и вргањ. Потпечени во тава или запржени со путер, зачини(кари, кимон, чили) и вино. Летово кога бев Грција цело време јадев портобело од Лидл, кај нас мислам ги нема
Јас си ги пржам со оригано и вегета стануваат како сувкасти и имаат киселкаст вкус многу ми се убави обожавам да експериментирам