1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Печурки

Дискусија во 'Рецепти' започната од cvet957, 4 мај 2011.

  1. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    38
    Има ли некој рецепт за приготвување на печурки,шампињони,вргањ,буковка и др.Поздрав.
     
  2. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Еве еден од мене
    лесен е :)

    Крем чорба од печурки
    Потребно е:
    250 гр.свежи шампињони,
    1 главица кромид,
    1 лажица брашно,
    јајце,
    100 мл кисела павлака,
    сол,
    масло,
    магдонос,
    коцкички двопек,
    сув зачин по желба

    Подготовка:

    Печурките се мијат и се сушат, па 2/ 3 од нив се мелат на машина за месо заедно со главицата кромид, а остатокот се сечат на ливчиња. Малку се пропржуваат на масло, па потоа им се додава брашното, се налева литар и пол вода и се остава да се вари. Се посолува и се става сув зачин по вкус, се остава чорбата да врие 15 минути. Се трга од оган и се става ситно сечкан свеж магдонос. Кога чорбата малку ке се олади, се додава јајцето изматено со киселата павлака. При служењето, во секоја чинија се ставаат по неколку коцкички двопек.

    Ако го пробаш пиши дали ти се допадна :) позз
     
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас печурките ги правам најчесто во сос. Потпржувам ситно сецкано лукче и ги ставам исецканите печурки да се потпржат малку заедно со лукчето. Потоа им додавам вода (може и бело вино,кај мене маж ми не го сака па затоа е вода) и ги покривам да се динстат околу 40-45 минутки на тивко. Кога ќе изврие водата им ставам лажичка сенф и лажичка вегета. Во филџан за чај додавам млака вода, зовријте си на рингла, од бојлер не чини и во неа додавам две големи супени чажици брашно и една мала црн пипер. Ја истурам смесава од филџанот врз печурките и ги враќам на рингла да се згусти.
    По желба може да си додадете и моркови на кругчиња, ама уште на самиот почеток, за да може убаво да омекнат.
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Многу ги сакам свежите печурки ( оне белите што се продаваат во пластична амбалажа ) Најмногу ми се вкусни кога ќе ги приготвам на следниов начин:

    - најпрвин ги ставам печурките да провријат, во меѓувреме во подлабок сад ставам свинско месо сецкано на коцнички да се пропржат и на тоа додавам томато сос, печурките сецкани на поедро и додавам златна мешавина и така го оставам да крчка и се зачинува. Превкусно е може да се служи како сос со пире.

    - исто така ги сакам свежите печурки и на следниов начин : Убаво да се измијат и да провријат во вода, потоа ја истурам водата и додавам нова, така осатвам да се варат и на крај ќе ги запржам печурките и додавам оцед, веѓета и бибер. Супер се како мезе :)
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Вргањи имам подготвувано многу пати, сами со моите ги беревме во шума. Премногу се вкусни :) Значи се мијат под млаз вода и се двои капчето од коренот. После се ставаат во тенџере да вријат. Додавам сол, црн бибер, лук, кромид, малку оцет и магдонос. Ги варам половина час. После ги сечкам на парчиња и на загреано маслиново масло ги пржам. Може и на обично масло, но вака се помеки и повкусни. Нормално се додава сол, црн бибер, вегета и многу ситно исечкан кромид. По желба некогаш ставам и нане. Кога ќе се испржат, настрана подготвувам прелив од црвен пипер, зејтин, ситно исечкан лук и оцет. Со овој прелив ги полевам испржените печурки. Повкусно здравје. ММММ сто ли пишував , сега ми се пријадоа :lol:
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас обожавам поховани буковки. Се прават набрзинка и превкуси ми се

    Се поховаат исто ко и секое друго јадење, али сепак ќе напишам како иде постапката. Во тенџере ги ствам да се варат, така 5мин додека не омекнат. Потоа ги брцам во разматено јајце па во презла и во тава со зејтин да се испржат. Пазете само да не изгорат зашто за помалку од 2 мин се готови и тоа е тоа
     
  7. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Јас печурките ги обожавам пржени со сланина, колбаси, и полсем од ко ќе се допржат му рендам од горе кашкавал, и сос си правам....не можам да му одолеам на ова јадење.... :clap:
     
  8. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.334
    Допаѓања:
    5.858
    Мајка ми прави еден сос со печурки и хопла кој е превкусен со пилешки стек на парченца.
    За овој рецепт не сум сигурна, но знам ми кажуваше дека прво ги пржи малку печурките, па ја додава хоплата и додава зачин - оригано.

    Најдов и еден рецепт : Печурки со сино сирење и рукола.
    4 големи печурки по избор (само капите без дршки)
    4 китки рукола
    500г. чери домати
    3 лажички маслиново масло
    2 лажички балзамиран оцет
    1 чешне лук
    100 мл. обезмастено млеко
    60 - 70г. сино сирење издробено
    2 лажицки лајкт мајонез (со низок % маснотии)
    2 лажици сечкан власец
    масло за ската
    сол и црн пипер.
    Подоготвка:
    Направете смеса од маслиновото масло и оцетот и зачинете ја со сол и црн пипер и со ова премачкајте ги печурките. Наредете ги на подмачкана и загреана скара и нека се печат 15-18 мин. Готовите печурки префрлете ги во сад и оставете ги да се изладат. Во блендер исечкајте го лукот, додајте му ги млекото, сирењето, мајонезот и блендирајте да добиете кремаста смеса. Додајте го сечканиот власец. Измијте ја и поделете ја на чинии руколата. Над неа наредете ги тенко сечканите печурки, домати измиени и исечкани на половина па прелејте со сос.
    Извадок од : Теа Кујна
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Полнети,поховани печурки


    Потребни состојки:
    1 пакување свежи печурки

    Фил:
    200 гр фета сирење
    1 лажиче црвен пипер
    сол, бибер
    табаско сос (по желба)
    1 главица ситно сечкан кромид
    1 лажиче лук во прав

    Начин на подготовка:
    Печурките извадете ги и избришете ги со крпа. Важно е дека не смеете да ги миете со вода, затоа што ќе ја сменат бојата и ќе ја впијат водата. Отстранете им ги дршките, а потоа во внатрешниот дел ќе ги наполните со подготвениот фил, така што ќе ги измешате сите состојки споменати погоре во текстот. Готовите печурки извалкајте ги во брашно, па во изматени јајца и на крајот во лебни трошки. И сè што треба е да ги испржите.
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Печурки шампињони, оние во тегла или кесичка, може да се јадат веднаш или треба прво да се печат/пржат/варат и слично?
     
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Треба да се зготват прво. Може може и живи да се јадат ама воопшто не се вкусни ( од искуство), а дали го отежнуваат варењето ако се живи не знам.
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Можеш да ги јадеш во умерени количини, значи не цела или пола тегла, туку да ставиш 10тина во сендвич е ОК. Ама обавезно откако ќе ги извадиш од теглата убаво изми ги.
    Јас ги јадам директно и секогаш ми урлаат домашниве, не било убаво имале многу јаки конзерванси, најдобро биле да се измијат и зготват, ама мене ми се толку убави што можам и цела тегла да ја мавнам за неколку минути.
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Па за умерени си мислев. Добро важно ми беше да не се испотрујам, конзервансите се веќе друго :)
    Фала многу.
     
  14. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Обожавам печурки... имам пробано повеќе видови , а најмногу ми се допаѓаат живи. Ги сечам на ситни парченца и малку ги запржувам во зејтин, а потоа чекам да се изладат и им ставам павлака со малку оригано :P Абе, мераци!
     
  15. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Ризото со вргањ
    Потребно е:
    250 гр.вргањ, 300 гр.ориз, литар супа од коцка, 100 мл бело вино, 1 главица кромид, 40 гр. рендан пармезан, путер, масло, магдонос.
    Подготовка:
    Ситно сечканиот кромид се пропржува на путер и масло додека да омекне. Се додава тенко исечениот вргањ, се налева со вино и кога тоа ќе испари, се додава оризот кој со постојано мешање, се пржи 2-3 минути. Потоа се додава супата од коцка и така се вари, се додека да омекне оризот. Пред крај се додава магдоносот и се остава на шпорет уште 2-3 минути. Се додава пармезан и се служи.
    Бифтек со шитаке печурки
    Потребно е:
    4 парчиња бифтек, 1 лажица сенф, сол, бибер, масло, 250гр.шитаке печурки, 2 лажици путер, 1 лажичка брашно, магдонос.
    Подготовка:
    Од една страна бифтекот се премачкува со масло, се посолува и побиберува, се валка во брашно и се пржи да зарумени од двете страни. Потоа месото се вади од тавчето, а на маснотијата и се додава 1 чаша вода и лажичка путер, малку се посолува и со ова се прелива бифтекот. Во посебно тавче се пропржуваат исечканите шитаке печурки колку да омекнат, потоа се посипуваат со сол и бибер, се додава остатокот од путерот и се посипуваат со сечкан магдонос.

    Заедно со бифтекот и печурките, се служи и пире од компири.
    Рагу со печурки и шунка
    Потребно е:
    750гр.шамшињони, 250 гр.пршута, 4 мали главици кромид, 150 мл. бело вино, 200 мл. кисела павлака, сол, бибер, путер, масло, оригано.
    Подготовка:
    Кромидот се сецка на тркалца, пршутата на коцки и заедно се пржат на мешавина од масло и путер. Потоа се додаваат на четвртинки исечените печурки, се налеваат со виното и на тивок оган се динстаат додека да омекнат. По потреба се става само малку топла вода и се зачинува по вкус со сол, бибер и оригано. Потоа се додава киселата павлака и се симнува од шпорет.
    Пилешко со вргањ
    Потребно е:
    3 парчиња бело пилешко месо, 250 гр.вргањ, 100 гр.кромид арпаџик, 100 мл. бело вино, вински оцет, сок од лимон, 200 мл. кисела павлака, масло, сол, бибер, магдонос.
    Подготовка:
    Пилешкото бело месо се сече на коцки, се прелива со сок од лимон, се зачинува со бибер и сув зачин по желба и се остава така 10-тина минути. За тоа време, кромидот арпаџик треба кратко да проврие во солена и со оцет закиселена вода. Во длабок сад се загрева масло, па пилешкото се пржи за да зарумени. Се додава исечканиот вргањ и исцедените главички арпаџик па сето тоа се динста, со почесто мешање. Потоа се налева со вино, се поклопува и на тивок оган се динста уште 10-тина минути. Во јадењето се замешува и кисела павлака и сечкан магдонос и веднаш се симнува од оган. Се служи со пире од компири или со варен ориз.
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Незнам но вакумираните печурки не се толку вкусни како природните :)
    Еднаш татко ми беа на планина негде,на шетање и собрал печурки.
    Тој ги познава,кога бил мал живеел во едно Демирхисарско село а таму бидејќи сето е планини секојдневно си берел печурки,на тоа го учел неговиот дедо :)
    И муабетов ми беше донесе човеков и и рече на мајками да ги зготви.Неа и беше страв,вика ајде бе ќе се затрујаме ова она.Но јас инсистирав и ги зготви.Прво ги вареше потоа и испржи.Кога му седнавме само јас и татко ми една тава изедовме,на другиве му беше страв.
    Вкусот и ден денес неможам да му го заборавам.И вакумираниве се добри ама како другиве не се !!
    Иначе голем љубител на печурки сум,особено кога се зготвени како сос :)
     
  17. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Печурките се супер јадење за тие што ги сакаат, некои луѓе имаат проблеми со стомакот , а се жалат им предизвикувале гасови или пак чуствувале тежина....

    Јас вака ги правам...
    Свежи печурки шампињони, ги мијам па ги сечкам на ситни парчиња, и ги ставам во тава ( без зејтин ) ке пуштат вода и после откако водата ке испари ке додадам масло ( многу малку ) и ги пржам, потоа нас нив додавам томатело, и повторно неколку минути ги варам во сосот и на крај додавам рендано биено сирење, ги користам како сос со шпагети.
    Друг начин што сум пробала, е иста постапка мегутоа наместо томатело, ги посипувам со супа од печурки ма маги, но со пола мера правена, и ги варам во тој сос, овие ги комбинирам со стек, супер е како додаток над стекот .
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Да не имате некој рецепт за пилешки стек со сос од печурки?! :)
     
  19. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    Се пржи пилешкиот стек. Се вади од тавата. Во истата тава една главица кромид се сечка ситно и се пропржува. Се додаваат и сецканите печурки (400gr или по желба). Се пржи се заедно додека не добие кромидот златно-жолта боја. Се става една лажица брашно. Се пропржува како за запршка. Се додава постепено коцка за супа растворена во 400ml вода (ова предходно се спрема за да се раствори коцката и течноста да е топла). Се вари. Се додаваат зачини по желба. На крај се додава една кисела павлака (250gr). Со сосов се прелива пилешкот стек. Добар апетит :)
     
  20. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    2.358
    Девојки имам дома буковки печурки како да ги направам, некој рецепт посен или само да ги испржам?