1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пешачењето и бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од TheEkaterina, 27 април 2013.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337
    Мислам дека нема ваква тема, освен ако не сум видела добро...

    Откако останав бремена постојано слушам .. пешачи, пешачи, постојано не престанувај, само движи се.. биди активна, по цел ден, не застанувај...
    Последниве неколку недели толку мноогу се движам што неколку пати во спиење ме фаќа грч на ногата кој нормално е заради предолго стоење на нозе и преголемо движење со зголемена тежина поради што нозете си имаат мака.

    Прашањето ми беше, колку вие се движите? Дали движењето стварно помага за полесно породување? Дали заради постојаното движење се избегнуваат отоците на нозете за време на бременоста?
    Кои се вашите искуства...
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.880
    Допаѓања:
    102.909
    Пол:
    Женски
    Јас многу се движев во бременоста, секој ден одев со мм негде сабајлето исто така , само при спиење одмарав :D Во врска со грчевите ,можеби ти недостига магнезиум прашај го гинекологот во врска со тоа , можеби витамини ке ти даде да пиеш ;)
    Инаку јас ке потврдам дека е полесно пораѓањето , значи кај мене така беше се брзо се заврши , затоа и според мене движете се колку што можете поивеке :*
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.523
    Пол:
    Женски
    Јас пешачев за време на целата бременост. Нема врска тоа дека движењето помага за полесно породување. На мене ми требаа 17 часа за да се породам.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    И јас исто така пешачев особено во втората половина од бременоста, секој ден и не можам да кажам дека ми помогна да се породам побрзо, се пораѓав 19 саата и плус додека се пораѓав кружев милион пати во ходник во болница со инфузија во рака за демек да се отворам побрзо и на крај пак ништо па мораа провокација да ми стават , е тогаш да видеш отворање, за точно пола саат и се отворив и родив, се вкупно :tmi:
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Мене докторката ми рече вака: Пешачиш? Викам да, секој ден откога знам за себе толку и толку. Исто и планинарам, барем 2 пати месечно. Ми рече дека морам да го правам истото што сум го правела и пред тоа, значи да не измислувам криви дрини. Ако мојот организам е навикнат на движење и се е во ред, тогаш така и ќе биде. Доколку не си пешачела, сега допрва шокови на организмот да му правиш, и тоа не чини. Дека има врска движењето со пороѓајот, нема. Неа и верувам скоро безрезервно, така да планирам и да ја послушам! ;)
     
    На Delgadina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    Цела бременост пешки одев и се враќав од работа и искачував скали до канцеларија. Денес се вратив од свадба, синоќа главна бев на оро :rofl: Виолинистот ми пријде и ми кажа дека истото и жена му го направила во 9ти месец и се породила ептен лесно.
    Пред бременоста многу се движев и така си продолжив. Нема качено многу килажа и утре сум на првото ЦТГ. И пак ќе кажам едвај чекам да си се гушкам со буцка моја што ме клоца најмногу на свет :inlove:
     
  7. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Па ваљда се мисли да не се улежува човек, бидејќи кога не се движиш качуваш на килажа т.е. све се лепи на тебе што јадеш а велат последните месеци и се зголемува апетитот, а сите знаеме дека зголемена тежина може да значи и потежок пораѓај. Претпоставувам затоа сите велат пешачи многу, еве и мене истото уште од сега ми го зборат.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Се утепав пешачење и работа/обврски....не застанувам.
    Вчера бебушот кога претеше со нозете како навиено наконтрола кога бев...се смеевме како било активно(си викам татко му е по активноста), ама после кога дојдов дома си велам....па јас малку ли го размрдувам па и тоа почнало да шета упште сега :rofl:
     
  9. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    аууууу јас ич не пешачам.... пешачам само по трговските центри кога пазарам- е тогаш ми се фаќа бајаааги да одам по продавници и рафтови и тоа со саати некогаш ме фаќа, и после сум преморена :( немам проблеми никакви, ама секогаш кога движам движам само по потреба, речиси никогаш да искочам со намера да пешачам као ај трудна сум и така треба. На почетокот првите 5 месеци ги преседов дома - ем ладно, ем грипови, сега па топло и така си дотуркав до 9ти :lol: а пред да останам трудна си бев во топ форма и кондиција, со долгогодишно вежбање во теретана, па и некако фино ми дојде одмор, да земам здив за бебче и нормално после некој месец враќање пак во теретана и кревање тегчиња.
     
  10. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    да и јас сум за тоа да се песаци во текот на бременоста,убаво е да се биде активна но не да се презаморува,јас бев активна се до последниот ден сите домасни обврски ги заврсував а попладне излегувавме со маз ми по 1 саат песацевме
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас во буквална смисла на зборот се убивам од пешачење, многу сум активна.
     
  12. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Се уште не сум ја имала таа среќа да останам бремена, но имам доста читано на оваа тема, па се надевам дека на идните мамички нема да им пречи ако малку се замешам во дискусијава :)
    И јас сум прочитала дека пешачењето во текот на бременоста е многу корисно и дека тоа овозможува да не се зголеми многу телесната тежина во тој период, дека го намалува ризикот од депресија, го намалува ризикот од зголемен крвен притисок, а воедно овозможува полесно породување.
    Меѓутоа треба да се внимава да се носат удобни обувки и да не се форсира, значи доколку телото бара одмор, да се одмори.
     
  13. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    јас уште од ко останав бременA воопшто не се чувам се двизам работам низ кука ама баш исто како да не сум...ако бебето треба да остане во мене ке остане ако не и една лајца да кренам бебето ке падне..но сепак има секакви бремености некој мора се до поројгај да лежи и да одмара :geek:
     
  14. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Таква ми е работата да мора да се движам...и се движам многу ..пешачам по цел ден што се вели ...посебно кога ќе ми текне во почетокот кога не ни знаев дека сум бремена по цел ден бев на нозе :tmi: Ама ме чувал Господ...Досега се си е во ред и сакам така да продолжи... :)
    Си го лулкам бебчо по цел ден па затоа го нема да се јави ..си спие :inlove: ама пак затоа навечер кога ќе легнам да одморам малку, и еве го ќе се јави син мајкин.... :inlove:
     
  15. emilijamak

    emilijamak Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    207
    i jas pesacam od vreme na vreme no osejkam pritisok duri i bolki vo matkata kako da saka da padne od mene zatoa izbegnuvam mn dvizenje osven ako imam nekoja obvrska i ako moram
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    времево не ми дозволува многу да пешачам,гледам колку толку сепак да се движам,последен пат околу 1сат пешачив и доле како камче да имав :^) нешто лошо или само бебуш е?
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Не сум веќе како што бев, многу брзо се уморувам.
     
  18. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Brzo se umoruvam,nemozam da brzam...bas sega koga treba da pesacam jas klofnav doma
     
  19. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    И јас многу сакам да пешачам,а и докторот ми рече дека бременоста и пораѓајот ќе ми бидат многу полесни ако сум активна....Малку сега времето магливо ми пречи но убаво ќе се наоблечам,ќе се завиткам во шал и заедно со мажот ми неколку кругчиња до паркот....Прекрасно се чувствувам и исполнета секако.... :lol:
     
  20. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Во бременостите многу пешачев,секаде пешки одев,секој ден посебно во летниот период дома не се завртував,а и многу лесно се породив,можеби не играше некоја голема улога пешачењето во тоа ама сигурна сум дека делуваше на мене.Многу малку се здебелив само тоа на бебето сто одеше.Како да е пешачењето е здраво,така да идни мамички шетајте.
    Што имам една пријателка таа кога беше бремена до продавница одеше 30 мин,а продавницава нема ни 5 минути,а за подалеку не сакаше ни да чуе и да ја видите како одеше божем бебето на колено да го носи,а не во стомак па и тоа не е здраво.