Јас слушам од сите страни пешачи подобро е за породување ама и јас си пешачам на 2 дена обавезно, сега дека е зима и беше со маглава лошо времево намалив ама овие денови и недели зачестив. Имам време да го зголемам темпото почесто сега сум почеток на 6ти месец па до 9ти доаѓа пролет ќе зачестам со одење во природа. А и по дома средувам, готвам и чистам иако повеќе одмарам и гледам филмови сепак не сум поправена скоро ич.
јас до сега не поминав добро со пешачење времево секогаш за никаде,гледав колку толку да излегувам до маркети али сепак сакам надвор се надевам дека до крајот ке има убави денови за да пешачам..иначе гледам по дома да сум активна често ама сепак не е тоа тоа,треба повеке си знам
Јас си пешачам кога-како. На работа сум од 8,30ч. до 17ч. и седам на фотелја во биро укотвена. И станувам на секој саат или саат и пол ако немам многу работа станувам пешачам во институцијата во која работам по ходници ќе удрам еден круг или до веце одам па по скали и така. Но, во последно време осеќам тахикардија и болка во градите. Тоа е нормално претпоставувам, но ете ми пречи кога ми се случува тоа. Инаку со мм знаеме да попешачиме по населба по еден саат. Сестра ми со првото дете не пешачеше воопшто и тешко се породи скоро 12 се пораѓаше, додека со второто до крај пешачеше живее на 4 спрат без лифт и се качуваше со малата во рака, креваше колички и во маркет одеше да пазари носеше ќеси и се, до крај додека се породи така и се породи за еден саат само и тоа многу убаво и лесно. Е сега, не знам дали ќе да е и до тоа, но мислам дека има тука нешто кога сите ти викаат убаво е да пешачиш за полесено да се породиш.
Zdravo. Jas sum vo prviot mesec od bremenosta i me interesira dali e stetno vozenje na velosiped vo rana bremenost, zatoa sto jas vozam sekoj den i sega koga doznav deka sum bremena ne znam dali nesto ke mu steti na bebeto Se izvinuvam za latinica no nemam kirilca.
@slovenka24 јас ќе ти кажам јас како би постапила, што не мора да е точно. Ај воздржи се точакот. За штетно незнам дали е, ама постои ризик од паѓање од него, колку и да си добар возач, некој може да те турне и да си направиш од ништо беља. Инаку јас сум спортски тип, цел живот сваштарии вежбав, додека незнаев дека сум трудна и тенис играв, аеробик и џогирав и пешачев по многу километри. И кога дознав поразговарав со матичната и она вака ми рече, се прави умерено и елиминирај ризик од повреди. Првите месеци не ни имав сила и енергија за било каков спорт, после тоа имав, ама одлучив да си седам мирна и сега само пешачам по 4-5 километри скоро секој ден. Здравје нека заврши се како што треба, пак ќе си се вратам на спортот. Затоа што во секој спорт ризик од повреда постои. Ова е мое мислење, не мора да е точно.
И јас си пешачам редовно, секој ден на работа одам пешки и се враќам пешки, и би сакала до крајот да си терам вака, времето е сега супер ниту ладно ниту топло, па баш убаво ми доаѓа. Е сега во летниот период на жештината незнам како ќе биде
И јас исто до пред да останам бремена вежбав, дури кога сум била 1 месец бремена вежбав аеробик инсинити, пошто незнаев дека сум бремена, ама се беше како што треба...Инаку и јас кога ја прашав мојата матична за вежбање она ми кажа дека во првиот триместар да не вежбам ништо, од вториот веќе може умерено вежбање а баш за возење велосипед рече дека она не дозволува, баш ми нагласи за тоа да не возам велосипед, али сепак најдобро да си се консултираш со матичната...Јас откако влегов во 4-ти месец почнав со јога и пешачам секој ден по 3-4 км нормално одење и добро се чуствувам сега за сега
јас си пешачам исто, првите месеци дури многу, по 7-10 километри дневно, па еден период јанури кога залади стагнирав, ама токму тогаш качив најмногу килограми... секој ден се трудам да изодам барем неколку километри, сега веке сум 8 месец и се движам малку потешко, ама пак се движам,мислам дека си треба физичка активност, ако несмееме друго барем движенје, зошто ако нон стоп лежиме, и плус покалорична исхрана... а и досадно е
И јас доч4кав да се стопли времево ,па да си уживам во прошетките. Пред да останам бремена бев многу активна физички ,секојдневно вежбав и се чивствував многу подвижно. Откако дознав дека сум бремена елиминирав тегови и стомачни ,шубе ми беше некако.... Па залади ,никакво беше времето ,освен тоа постојано ми студеше ,дома на 30 степени јас со две дуксерки и кебе си седев ,за грев ... Сега ми е прекрасно ,петти месец сум ,пешачам најмалку 5 км секојдневно ,малку ми беше тешкичко првите неколку дена додека воспоставив некоја контрола над нозеве ,ме болеа ,од залежаност ,но што е најважно другите болки што ги имав во периодот додека не движев сега веќе исчезнаа ( половината ме болеше страшно ,до плачење ,левото рамо со сета околна мускулатура итн) ,како никогаш ништо да не ме болело. Се радувам што отсега натаму веќе нема да биде студено како што беше и ќе можам секојдневно да движам што е можно повеќе. А и куче имам за шетање
Си пешачам секој ден по 4 км до работа и 4 назад. Си кувам сама, си средувам по дома сама. И немам никаква мака. Баш ми е супер. За викенд пошто одмарам дури и ми е тешко дека не се движам. Сега сум 30недела при крај, и се надевам дека ке издржам вака. Иначе истото темпо си го терам и зимата ако беше ладно, подебела облека и пешки 8км. Цел живот сум спортиста и ако прекинам да се движам мислам дека ќе биде полошо. А и зошто да прекинам кога немам мака. Едноставно како да не сум бремена. Имам качено 7 кг а не чувствувам никакви промени освен што се забележува стомаче. Така да ако немате проблем мое мислење ( а така ме советуваше и докторот) слободно пешачете. Крај краева не сме болни, само бремени
И јас пешачам, и наутро обавезно скоро саат време и попладне саат и пол,мислам дека не штети не трчам си одам пополека
Од кога се стопли не сум застаната за цела зима залежана шо бев се раздвижив.Бебушка не се жали дурии почна да ме скокотка почесто оваа недела.Ама ете ќе се расипело пак да студи ќе се наоблечиш ќе излезиш ама кога врни.