26 дена над 20000 чекори секој ден, секој ден ми е нов предизвик Денеска плус Водно, од Кочо Рацин до крстот и назад
Се вратив и јас на пешачењето веќе 2 недели, се надевам активна ќе бидам, какви часовници предлагате, да не се изгор сакам само за чекори, со телефон не сакам.
Никогаш не сум броела чекори, ама откако си купив саат и ме интересира колку е солидно на ден да се прават чекори? За месец и јас ќе знам, ама да знам колку да се мотивирам
Јас имам од Ананас, од Mi Store, Redmi Watch 2 Lite. Oк ми е за цената, околу 3000 денари го земав. Се поврзува со апликација на телефон, има разни активности да избереш. Јас го користам за чекори (пешачење) и силов тренинг.
Дали уште некој има проблем со броење чекори во Самсунг хелт? Значи 45 минути пешачење - само 150 чекори, што е невозможно. Ништо немам менувано во сетингс. Знае некој што да направам?
Значи ја користам само затоа пто ми е се на едно место плус има челинџи на глобално ниво и ептен ми е погодена. Ама многу отуепа со ова чекориве.
Мојава си работи совршено. Провери дали ѝ треба апдејт или дали имаш добиено известување за пак да се согласиш на terms and conditions, и плус пак во Сетингс види дали уште ѝ стојат сите потребни дозволи. Ако ти е штиклирано Manage app if unused, Remove permissions if app is unused, отштиклирај го. Кога го отклучуваш телефонот, провери во брзото мени дали ја имаш опцијата Power saving. Треба да е исклучена инаку може да влијае на некои апликации. Потоа пред да одиш некаде, отвори ја апликацијава барем два пати по ред за да препознае дека започнуваш активност. Занишај се малце со цело тело и направи големи чекори, па провери дали брои. Кога телефонот ти е во џеб на фармерки (во тој да немаш друго ставено), подобро е да е напред (во десниот). Кога ти е во ташна, гледај да не се допира со нешто што може да му смета на сензорот.
Кај мене правеше проблем порано. Знае да си багира но се средуваше ако работи во позадина апликацијата.