Еве од денес Инаку првите 4000 чекори се од на работа. Мислам дека добро ми оди, само што за жал немам секој ден толку време за пешачење. Најидеално временски ми е 1 саат, саат и ситно, ама кога ми тргне се форсирам и ме фаќа повеќе. Имам о др работи во денот, ама овие последни два дена сум баш задоволна што и покрај тоа што работев подолго, си оддвоив време за пешачење.
Слабо денес пешачите а? Ја денес 16.5К чекори и 13 км на две сесии држам темпо секојдневно 13 до 16 км
Лелее одлична тема Пешачам години и години, како тинејџерка со другарки, па после со дечко(сегашен маж) пешачевме ако не секој ден, секој втор. Еве нè и ден денес со бебушка сите тројца редовно си пешачиме. Ме релаксира ептен просек ни се по 9 - 10км. Од денес, со бебушка