Планирам да почнам да пешачам по молови,и до работа и назад,еве ова blask fridey лудило добро е за старт.
Се надевам дека повторно ќе се активира темата. Како некој што не практикува други спортски активности, мислам дека можеме да продолжиме тука да се мотивираме околу пешачењето.
Се слабее, ама ако тераш над 20 000 чекори на ден. И нормално внимаваш што јадеш. Мене многу ми помогна, и тоа што читав, повеќе се слабее од пешачење отколку од трчање
Трудни примате? Се обидувам секој ден по минимум 6-7км да пешачам, најубаво ми е од сабајле, отприлика од 8:30 до 9:30 ми е резервирано како време за пешачење, обично пешачам низ шума. Денес бев по лекари, немав време за класично пешачење, ама паркирав подалеку за да можам сепак да се раздвижам и саатов покажува 5,01км и 6552 чекори за денес. Подобро од ништо