Уживам да пешачам,секој ден тоа го правам и баш е добро и симнувам килца едноставно супер ми е....... Секако факт е да се пешачи по угорница повеке калории симнуваш,но и ова е добро....задоволна сум
пешачам, особено кога ќе појдам на село кај баба ми со другарки пешачиме дури и до другото село ( не е многу далеку ) и се шетаме по ридовите збираме печурки така секој ден
Нон стоп пешачам,значи и кога бев бремена многу пешачев,сега и со малото секој ден пешачиме и се чуствувам многу поубаво
Секој ден до школо и назад и плус ако треба да трчнам до некаде Чичко Гугл вели дека дневно пешачам околу 2километра до таму и назад.Тоа би било 4 км. Инаку брзо одам и иако таму пишува за 20 мин ќе стигнеш јас и за 10 мин стигнувам Не се сеќавам кога последен пат сум се качила во такси или така нешто,најдобро ми е пешачењето
Сега како што си е топличко, се почесто од факултет се враќам пешки. А и навечер дечко ми си има обичај често да доаѓа до кај мене и да шетаме по кеј.
секој ден поминувам долга релација(2 км а може и повеќе) во пешачење.па веројатно трошам доволно калории дневно
Си пешачам често во последно време, такси многу ретко освен кога врне. А и со дечко ми навечер кога сме слободни си пешачиме низ град, околу час , час и половина .
Практикувам да пешачам едно пола саат или саат време. Овој пролетен период ми е најубаво за шеткање, после работа кога ќе си дојдам ручам се средувам одмарам еден саат и накај 19ч. излегуваме со мм си шеткаме. Убаво ми доаѓа, бидејќи на работа седам 8 саати и сакам да пешачам да пуштам нога малку.
Бидејки имам куче, практикувам да пешачам секој 2 ден приквечер по саат време. Пешачењето ме опушта, колку и да сум изморена, секогаш одвојувам време за прошетка со кучето. Не патам од тоа дека друштво ми треба кога шеткам. Напротив поубаво ми е сама кога шетам навечер, си ги разбиструвам мислите. Исто така и во деновиве кога пензионерите се возат со автобус, практикувам ако треба 2, 3 станици да попешачам него ли во гужви да се буткам.
Слабо е активна темава. Да прашам што мислите колку е точна апликацијата од Самсунг за мерење на километри? И дали е точно ова што пишува за губење калори?
И мене ме интересира. Истата апликација ми е и мене, па се радувам. Ама мене ме мачи то шо, пример скокање на јаже 15 минути значи 150 калории некаде, а пешачењево со малку километри изодени, истите калории.