Често практикувам пешачење во слободно време.Ми помага да си ја оддржам формата на телото и ме смирува.
Од капиштец до гтц центар 2 km + од центар на кеј до сити мол 3.5 km = 5.5 km за денес, за назад со такси се вратив, и вечер што ќе искачам тоа не рачунам.
Бидејќи бев неактивна извесен период, почнав да пешачам секој ден околу 4 километри одење и враќање, а и дома правам вежби.
7-8 km ги поминувам за нешто повеќе од саат време со нормално пешачење. Ако има кондиција, зошто да не?
Не е до кондиција. Ако се движиш со максимална брзина на пешачење која може да ја постигне нормален човек (130 чекори во мунута), тогаш требаат 35 минути за 4,25 км. Е сеа...за 20 км требаат околу 3 часа. Зарем 3 часа пешачиш со брзина 130 чекори во минута ?
Баш си ја проверив апликацијата, сум пешачела 8.7 км за 2 саати, 12309 чекори, значи околу 100 чекори на минута. Ако пешачам брзо значи за помалку од 3 саат ќе поминам 20 км.
@referentka најголемата дистанца пропешачена во еден ден ми е 38 километри. не знам, не мислам дека е којзнае што... Чисто за споредба, верувам дека вработениве по маркетите и продавниците по трговскиве центри дневно поминуваат 12-13 км дур се на работа. За келнери не би ме изненадило и +5 плус км од тоа. Многу фактори играат улога. 9.000 чекори дневно се минимум препорачливи за луѓе кои имаат седечка работа.
Само немојте Педометарот црл ден вклучен па релацијата фотеља-кујна да се рачуна. Збориме за пешачење како спорт. Додуши и 3 часа за еднаш неделно се ОК. Не мислев на планинарење. Мислев на пешачење како секојдневна активност/спорт.А секој ден незнам кој троши 3 часа.
Ту мач е да правиш on/off цело време. А и онака на тој начин не можеш повеќе од 1000 дневно да направиш