Сакам да пешачам и секој ден кога нема дожд одам по минимум 10000 до 20000чекори. Најубаво ми е пешачење рано наутро кога изгрева сонцето.
Знаете колку се 10000 чекори??? Ами 20К?! Секој ден е тумач. Верувам на 6000 чекори секој ден Тоа се 5 км. Ама во спортска опрема и со темпо. Не верувам во 20000 цел ден со тел во џеб.
Имав еден активен одмор минатата година со вереникот ми, двајцата сме спортисти у душа, ги поминавме 3 дена со по 30 000+ чекори, рекорд беше едниот ден 34 000, а останатите 4 дена со околу 15 000 чекори. Итс нот ту мач, заспивавме ко јагниња во 22ч Ама зависи до чоекот и кондицијата.
6.000 чекори прави секој човек без поголеми активности при завршување на секојдневни активности. 9.000-10.000 чекори дневно е веќе физичка активност. Идејата е да се движи човекот повеќе, постојано. Ако лежи некој цел ден и стане изоде 5 километри и пак се врати да лежи, ништо не постигнал.
Јас во Охрид пешачам по патеката за кај плажите што е, пешачам подолго до 20000 чекори ме фаќа кога одам до плажата и назад ама можам да го постигнам тоа кога не сум уморна од вежбање и важно ми е за да трошам повеќе калории а во пешачењето најмногу гледам дека трошам и понекогаш трчам колку можам.
Веќе спомнав дека 6000 чекори дневно се важат на патека. Низ дома не. Спорт е кога ќе го вклучиш педометарот ама си излегол за тоа. Штом со телефон шеташ низ дома и двор и мериш калории, нема спорт тука. Збориме за пешачење со темпо над 6км/ч. Затоа и ми е чудно кога ќе ми рече некој дека 20К чекори секој ден ги оди на патека.Иначе, тоа во време е отприлика 2,5 часа.
Дали знаете некоја бесплатна апликација за пешачење воедно да е и за слабеење , која има резлутати ако ја следиш апликацијата
Повеќето апликации ги бројат чекорите изминати и потоа пресметуваат колку калории се изгубиле на одреден број поминати чекори, метри, км. Побарај на плејстор има повеќе.
Загарантирани резултати не може да ти гарантира ни тренер со персонален план изготвен за твоето тело, а не пак апликација направена за генералната популација. Најди и почни со било што, ако ти одговара продолжи, а ако не, смени. Сите луѓе се различни. Од пешачење може да има резултати само некој што е ептен залежан и нема никаква физичка активност, или пак ако некој пешачи брзо и/или во прилично долги временски интервали.
Зависи што подразбираш под резултати. Мислам за пешачење нема некоја посебна филозофија. Си пешачиш кога и како можеш. Једино можеш чекори и дистанца со таква апликација да броиш. Pedometer се вика таа што ја имав.