Го обожавав... Пред некој ден баш на тв го гледав на некој спот и концертот му го даваа. Седев гледав во неговиот лик и размислував како природата создала едно таква совршена убавина. Се прашував од кој ја наследил дали од мајка му или од татко му. Сини кристални очи и насмевка која плени.. Многу ме погоди веста... Млад, енергичен и харизматичен... Беше посебн се разликуваше од другите... Таков и ќе остане запаметен.. Почивај Влатче во мир.
не знам каква е како личност ама дека има време верувам нема. Влатко имал другари родители роднини. Ако сака некој да впери прст (што реално и тоа не е во ред) нека впери во друг. Не во мајка која глава не знае каде и е.
Мене искрено многу ме нервира кога некои личности веднаш по смртта на некого, тој им станува мил и драг и бараат виновник за неговата смрт. Мене ми е жал за него како и за секој обичен човек кој ќе почине. Искрено не сум го познавал толку добро како одредени што се фалат со тоа. Единствено го имам видено на Златно Славејче. Инаку никој од овие познати личности или негови блиски не можел да му помогне доколку тој немал желба и волја за тоа. Требало да разговара со стручни лица кои можеби би му помогнале за подобрување на неговата состојба. На крајот од денот секој за себе си гледа бидејќи на секого неговата мака му е најголема. Нека почива во мир.
Премногу жално. Луѓе, па какви се тие коментари така му требало штом се впуштил во дрога. Без разлика кои биле причините мислите сакал вака да заврши? Човек мултиталент. Последен пат го видов како го водеше Златно славејче минатата година и си викам леле колку го бива како водител. Т.е за се го биваше. И песните му ги сакав, полни емоција. А неговата убавина и шарм се посебна приказна. Човек од цигари не може да се откаже, не па од дрога. А сакал да живее, барал помош, поддршка, искра надеж. Никогаш нема да дознаеме како му било. И дали свесно си пресудил, затоа што дента пишувал за идеите за снимање песни т.е имал планови во иднина, а вечерта го нема. Му дале потврден одговор,(мислам прочитав некаде деновиве да се видиме) зошто не почекал да види што ќе се случи, тоа требало да го мотивира. Ах бе Влатче. Во овој случај најблиските требало да му помогнат највеќе, никаква Тамара, Елена или Катерина тие имаат свои семејсва. Тамара со стомак до заби или Катерина со мало дете, ма дајте. Не го осудувам, да не даде Бог некоја психичка болест и тој лавиринт и затворен круг да го оди. Претешко е и со анксиозност, а не со дрога. Кога главниот мотор во организмот не те служи добро ништо не ти е по ќеиф.
А вие мислите дека депресијата, анксиозноста, зависноста од пороци е нешто што може отворено да го дискутирате со рандом луѓе и да барате туку така помош од истите? Да не си во кожа на таков човек. Патам од анскиозност долги години и знам како е да се смееш а да вриштиш од внатре. Да се срамиш да го кажеш гласно проблемот што те мачи поради затуцаниот ни менталитет и стравот дека нема да бидеш разбран, дека ќе бидеш етикетиран, дека ќе ти се влоши состојбата уште повеќе откако ќе почнат да те гледаат со други очи. Ич, ама ич не е лесно ниту да бараш помош ниту пак да помогнеш на таков човек. И јас ја приметив осаменоста кај Влатко. Правевме неодамна муабет и ми раскажуваше дека е разочаран, дека е осамен, дека е нула со инспирација поради многу причини. Бараше позитивност, бараше муза. Си имаше мака во себе, бараше друштво, добра душа која ќе го сослуша, ќе го разбере и нема да го осуди. Сега е касно за секакви муабети и заклучоци. Се надевам само дека си го најде мирот што го бараше, иако нефер е што си замина толку рано.
Сите патетики, сите тие принт скринови, покажуваат дека немаме елита и ниво како што јавните личности се претставуваат. Се гази преку секого за да се успее, секој секого го гледа како конкуренција, а кога ќе почине, ееххх сите го сакале, сите го знаеле, сите жалат. А за разочарувања, па сите сме разочарани од нешто. Некој од партнер, некој од пријатели, некој од роднини, од самите себе. Но, тоа не значи дека возрасни луѓе свесни за ризици по здравје треба дрога да земаме, а и знаеме дека таа дрога не се купува без пари. Спомнавте цигари, да, порочна нација сме, многу. Кога одам по улици гледам секој втор со цигара, оди и пуши. Грда слика.
Рок песните се секогаш најубавите балади , оние најполни со емоција , рок пејачите речиси секогаш шармантни и убави луѓе . За жал , многу често вака завршуваат на млади години .. Жално . Што и да му се случувало , жално е што криците за дружба не му ги прифатиле овие " јавниве фаци " . Што го оставале на " во ред ќе видиме ќе се договориме " . Имам чувство дека откако го изгубивме Тоше и откако се повлекоа Јованов со Врчак и компанија , естрадава ни е мртва .
Како и за се, и за ова само ќе речам дека треба да извлечеме некоја поука... Луѓе, осврнете се малку околу себе. Обрнете внимание на најблиските, па и не толку блиските. Ако забележите дека некој се променил и нешто го мачи, или не сака да се дружи и излегува како порано, поразговарајте со него, не мора да му навлегувате во интима туку едноставно дајте му до знаење дека сте тука за него, дека се грижите, прашајте како може да помогнете .
А што ако има 3 деца од кои едно со посебни потреби. Тешко и е да му се јави? Еден телефон да сврти. Порака да пише. Аман веќе. Нека не пишува, нека не кажува.. и она и сите. Не му пружиле рака, не ми пишувајте патетики!!
Еден повик, еден збор може да смени многу Во тие тешки моменти само треба некој што се грижи, небитно на кој начин го покажува тоа. И не викам дека никој не се грижел за него. Тоа не можеме да го знаеме, затоа ве молам ајде, оставете го да почива во мир. Заврши веќе, доцна е.
Зјапам во екран од вчера и не можам да поверувам. Сеуште чекам да излезе некој и да каже дека ова било само обид за кревање репутација. Од македонските пејачи за мене Влатко беше доајен на македонската поп рок музика. Ги обожавав неговите песни. Во средно ги слушав секој ден. Имаше денови кога со негови нумери се будев и заспивав. Не го уби дрогата...Дрогата беше само coping mechanism, ништо повеќе.
На Angels fm се вртеше една негова песна, мислам од лани му е. Не е лоша, ама рокот повеќе му лежеше. Ми се гади од јавните ликови кај нас што постираат скриншот од пораките со него. Лицемерие до бескрај. Се за лајкови и популарност.
Дај олабавете, оставете го човекот, само што е закопан.. Илјадници луѓе умираат секој ден, нормална појава е, нема потреба од волку кревање прашина. Волку не го споменувавте додека беше жив. Од каде да знаат дека му била потребна помош? Од каде да знаат дека тој вечерта се предозира со шарене пилуле? Пишал статус на фб дали да оди на рехабилитација или не. Сите го охрабруваа да оди. Што понатаму? Ако некој реши да оди верувај дека никој неможе да го врати. И верувајте дека никој не е без проблеми, сите имаме.
Не сакав да коментирам ништо пред да излезат резултатите за причината, но некои од вас стварно треба да се повлечат со време. Колку да се пишало нешто... Никој не побара од вас ниту да го сакате, ниту да го жалите па што мајка барате со глупи коментари на темава. Пред нос да ви е човек ќе му свртите глава. Нека почива во мир.
Ilovski Gorgi 21 mins Како што гледам Влатче пишал на многу луѓе (побарал некаква помош). Освен што објавивте за да ја задоволите вашата некрофилска природа не гледам дека некој му помогнал! Луѓето не се луѓе повеќе! Поготово неговите “колеги” мршојадци
Греота...уште еден млад живот замина. Нека му е лесна земјата и сочуство до семејството Дознав дека пред некое време пробал да се самоубие ,сакал да се фрли од џевахир ама го спасиле некако Не е само Влатко има многу наши и странски музичари што тргнале по лош пат ,сепак незнам што повеќе да кажам кога прочитав мислев дека некој се заебава со нас