Нека почива во мир... жално толку млад А јавниве наши жива мизерија се, размислувам и не можам да сфатам зошто објавуваат на социјалниве мрежи разговори и што сакаат да постигнат со тоа? Демек некоја големина во очите на јавноста?
Кој го охрабруваше ? Овие што објавуваат скриншотови вчера/денес? Тие "другачките" што го оставиле на половина пат ? Бидејки нели си основале семејства и сега се светици !! Види ваму , точно е дека секојдневно илјадници умираат но најчесто се потресуваме кога се работи за млад живот ... Човекот на фб изгледаше како очаен , осамен , напуштен , можеби си пресудил знаејки нема причина за понатаму да живее ... Овие денес што демек му биле другарки и другари кукаат и објавуваат скриншотови не му биле вистински пријатели .... Зависноста е тешка работа друже , треба голема мотивација и волја да се реши да се откаже и голема помош од најблиските ....Алкохолот и дрогата не ви се пријател , но овие што глумат ожалостени а притоа знаеле дечкото низ што поминува , не му биле воопшто пријатели ... Толку од мене .... Нека почива во мир ...
И тие што велат дека Влатко е помалку од Тоше. Срамота. Кога умре Тоше нон-стоп се вртеа негови хитови, тв емисии, а сега за Влатко нема ништо такво. Дури ни ден на жалост. Од сабалје некои трубачи и Разбуди ме со песна. Не го оспорувам делото на Тоше, ама вакви споредби се непотребни. Од сите нас има некој подобар и поубав и поуспешен, ама мајката еднакво тагува. Толку не заслужи ли почит човеков? Јас го почитував и многу го сакав, имаше и специфичен глас и неколку хитови. За хуманоста да не зборуваме, беше хуман, ги сакаше децата, ги водеше славејчињата. Ме боли тој рефрен "А секогаш насмеан кријам и не пуштам ниедна солза да не им кажам колку сум проклето сам, и кај да се сокријам светот е голем океан, и затоа пак се смеам и ги лажам сите без срам, дека е добро, и премногу добро" Можеби цел негов живот во една песна. Без разлика кој каков бил, Влатко се борел со демони, се трудел да ми биде подобро, очајно посакувал, но не успеал. Крвта ми се заледува од тој поглед, имал желба да излезе од тоа, ама не секогаш желбата е доволна. Џабе сега веќе е се. Респект
Кој како сака нека ме сфати а па коа ке размислам и не ми е ни битно кој како ке сфате ама мен еич не ми е криво Сам си одбрал таков начин на живот никој не му тутнал Има луѓе со сакаат да живеат а закачиле некоја лоша болест па немаат избор А тука Влатко имал избор и сам си го направил својот избор Нека му е лесна земјата
И што ако сам го направил изборот? Помалку треба да му одаваме почит? Не! И тој е човек, безразлика дали сам го направил изборот или не!
Не се расравај со мене тоа е мое мислење и имам право да си имам свое мислење и да си го пишам па ако сакатге распнете ме зално е за некој кој нема избор а за некој од бес од аздис ич не ми е грев и жал
Некогаш човек прави несвен избор. Лошо е ако не ги познаваш механизмите на умот, лесно може да те покори. Со се можеш да излезеш победник, ама со умот тешко. Зборувам за од кога ќе се деси. И јас не сакав да ми се деси анксиозност, свесен ли избор направив? Да можев да го бирам семејството може немаше да ми се деси, ама никад се не зна понатаму дали ќе бидам лишена од тоа. Сега знам како да го победам тоа, ама умот ми вели стрпи се, не иде тоа така лесно. Пробал некогаш кога бил слаб, може од љубопитност, може да реши некој проблем и се десило што се десило. Од арно никој не зема апчиња, ни дрога. За таков голем уметник, државава и не е некоја инспирација, ама тоа е.
Ден на жалост не може да се прогласи, затоа што по таа логика секоја недела умира некој деец, професор, актер, и така би требало секоја недела да имаме по еден Ден на жалост. За Ден на жалост треба да се случи некоја голема трагедија, и да е ликот со навистина големи заслуги за земјата, а ова е најверојатно самоубиство, и нема логика сепак.
Туку кај ќе им оди душата на овие што се потепаа да објават скриншотови?! Дали мислат дека се подобри личности сега? Не го почитувале ниту како човек, а уште помалку како колега, и капак на се, објавуваат како ниту одговориле на неговите повици за помош и мислат тоа е нормално... Што држи земјава... кој све е јавно лице во мајка МаЌедоња треба сериозно да подлежи на психички тестирања.. Се надевам има посебно место во пеколот за таквите... мора да има.. Не е битно ниту како, ниту зошто... битно млад човек си замина, и луѓето треба да сфатат дека никој од овој свет на таков начин не си заминува од голема љубов, туку од голема мака... и тоа е се што треба да се знае... Жално... прежално...
Aiii losho choveche Dali bi mu pomognala na nekogo primer da go stretnish nekogo na ulica i gledash kako se machi, a pred toa da imash slushnato za nego deka zema sharene pilule za lilule?
Плукате по човеков, а пола од вас што го правите тоа тврдам дека сте го сакале Хит Леџер и дека ви бил омилен актер. А нели и тој се предозирал? Срам да ви е. Немам зборови.