Било кој да е и било од која националност да е не се зборува така за покојник. Било колку и години да има не се збори Ако не го сакал некој нека не пишува ништо не мора Јас знаеш како викам ќе ги оставам лугето што сакат нека прават јас нема да ги казнам за нивните гревови тој горе еден ден ќе ги казни за сите направени гревови и јас да имам он ќе ме казни.
јас не бев голем фан ама никогаш не можам за никого да речам па што ако умрел. На честа нека му служи тоа на АВТОРОТ. А за причината исто како со Тоше што ни ги замачкаа очите така и сега ќе биде. Само за него имаше ден на жалост книга на жалост па директен пренос на погребот на тв а за влатко како само онака да го "фрлија вземја"
Можеби мисли на помешување нешто во дрогата. Така почина другар од основно на брат ми. Во дрогата му додале некоја состојка, цемент или слично. Ама, не знаеме ни што користел, ни како. (мислам на Влатко) Можеа барем медиумите да го посветат денот на него, да даваат повеќе емисии со него... Негови песни итн.
И јас го мислам истото. Требаше барем да има нешто на телевизија. Сепак беше позната јавна личност. Не беше некој кој се појавува чат-пат на телевизија.
Ѓубре од народ сме бе.. Пред неколку месеци на една група некој прашуваше колку пари е Влатко Илиевски да ти пее на свадба. Какви коментари имаше не сте свесни. Дебел, таков, ваков онаков, не знае да пее, он треба да ти плати за да ти пее на свадба и сл. Еден коментар да имаше позитивен. И некој му го беше тагнат профилот. И си помислив бе како ќе му е на човекот ако го прочита сето тоа. Срамота. Македонскиот народ не заслужува да си го експонираш талентот. Не те ценат колку и да заслужуваш. Прочитав некаде планирал да се врати на рок музика дека бил уморен да и се додворува на публиката
Луѓе бе, велат Влатко бил заглавен 80 000 евра , се коцкал. Наводно семејството го раздолжило... Објавија ли од обдукција нешто ? Дане не се работи за самоубиство.. А па дека со сигурност ќе кажат, што се туфкам.
На тв кажаа дека на телото немало траги од насилство. Можно е да е самоубиство или срцев удар. И јас сум убедена дека нема да кажат.
Читав коментари, од цел свет му оддаваат почит, жалат и сочувствуваат, а Македончињата пишуваат сѐ и сешто без срам и без осет. Каков синдром е ова? Јас чекам да се каже јавно и официјално причината за смртта, на радио Милева не верувам.
Не знам зошто се чудиш. Во Србија, на пример, кога ќе почине некоја позната личност не се пишуваат негативни коментари. А Македончето нема да биде Македонче ако не истреска некоја зелена.
Може да му пукнало срцето, можеби испомешал се и сешто, можеби се предозирал, можеби и само можеби. И што кога ќе излезат резултати? Ќе смени ли нешто...? Влатко си отиде, ништо повеќе нема да го врати... Ме боли уште срцево и душава... А, кога ќе прочитам поедини коментари ми се превртува желудникот. Самоубиствен е начинот на живот, таквите пороци си ја земаат својата камата ако не се извлечеш од нив на време. Многумина се излекувале, па пак се вратиле... Ве преколнувам да престанеме со претпоставки, вака требаше-онака требаше муабети. Ве замолувам, тој беше ЧОВЕЧИШТЕ во душата... Фин, културен, љубезен... Вода може да му носат ПОЛОВИНА од овие „плакачи“ по него, ако не и повеќе...
Другите можеа вода да му носат. Мислам на поединци што коментираа за него, т.е. на јавните личности. Зрачеше со позитивна енергија. Штета голема.
Е баш ја погоди Србија...исто такво како нас, ако не и бетер. Колку само глупости пишуваа за Ксенија Пајчин на пример. Па и за светски позната ѕвезда како еден Честер какви гадни коментари имаше, што дека доаѓаа од странци... Не може вака да се генерализира, секаде има и позитивни и негативни коментари. А кој што ќе искоментира, повторно зависи од самиот човек. Мене најмногу ме нервираат коментари во врска со физички изглед. Такви долни коментари како што спомна @mac.mac за онаа случката се навистина дно. Срам ми е и да ги читам. А дека ги има само кај нашиов народ, не.
А што има врска ако бил дебел, ако крекал со гласот? Ако на некој не му се допаѓал, требало да сврти канал. Се прашувам, на Македончето кој од нашиве познати му се допаѓа? И за Тоше се пишуваа неубави коментари (особено во периодот кога требаше да оди на Евровизија). Па кога умре сите го жалеа. Треба да се знае причината за смртта, ама се си мислам дека ќе кажат нешто друго.
И јас мислам ќе се заташка причината. Вчера една наводно докторка (така пишуваше на нејзиниот профил и по сликите во бел мантил), некоја Мери коментираше под сликата, жалосно што така млад си го одзема животот, што си тргнал по тој пат да земаш дрога. И еден ја нападна од каде знаеш ти дека се самоубил или сама си заклучи. И она вика затоа што знам ама Хипотравата заклетва не ми дозволува да кажам повеќе. Всушност сама се издаде и веројатно ја сфати грешката го избришала коментарот. Ја нападнаа и други дека веќе ја прекршила Хипократовата заклетва, па можно е и да знае ако работи таму. Нејсе невкусно од нејзина страна, не смее така да споделува може да ја тужат. Сакав да направама принскрит сега ама го избришала коментарот сигурно.