Zborat deka bil vo depresija zaradi nemanje ili nevozvratena ljubov so devojka sto i da e greota stvarno zalno
Како нема да се дрогира кога животот е исполнет со ненормални луѓе, работи... Животот во 21 век не е живот како што беше во 20 век. Сѐ е покварено до даска. Технологијата го уништи животот. Кој знае колку лажни вести ширеле за него на интернет.... Влатко не беше предавник. Сигурна сум дека побарал помош, но денешницава не е баш по помагањето... Во афектна состојба кој знае што сѐ му дојдело на ум. Си ги скратил маките.
Од секогаш е имало самоубиста само сега што повеке пишуваат медиумите за тоа. Да не се правеме будали..
И јас го осетив ова, баш таа година 2018 кога почина Влатко, а и по разговорите скриновите се гледа дека очајно бара помош од пријателите а тие го игнорираат, нека им служи на чест. Почина чичко ми од рак, јас се грижев за него додека беше болен, да не развлекувам имав најдобра другарка и мислев дека секогаш ќе можам да се потпрам на неа, ја сматрав за сестра. Откако чичко ми почина ми препишаа антидепресиви и лекови за смирување, е тогаш таа почна да ме одбегнува ко којзнае што да пијам. (тоа е слично ко дрога, ти дава лажна среќа, значи мора да си несреќен да посегнеш по дрога). Не ми дојде ни на роденденот. Издржав некако цела година, се посветив на учење, ми беше претешко ама ете не се предадов. Иако ми доаѓаа глупави мисли. Поентата ми е дека кога ти е тешко другите им е гајле, уште па ако чујат дека пиеш лекови одма бегаат од тебе наместо поддршка да ти дадат.
Секако дека самоубивства постоеле од секогаш. Кажувам цело време дека животот тогаш бил поубав. Не постоела толку дрога како сега. На Влатко не му била целта да се самоубие. Ако сакал да се самоубие тоа ќе го направел секундарно. Немаше да зима дроги и да се мачи повеќе од 5 месеци. Мислејќи дека дрогата ќе го смири, еве што си направи... Кога дознав дека умрел, тогаш дознав кој е тој, мислам и дека не го познавав... После му ги видов песните и него го видов. Толку згоден, убав, успешен, толку извонреден глас.... Тој машки глас јас најмногу го сакам што го имаше Влатко. Кога видов колку сум заостаната што не го знаев Влатко пред да си почине, дури тогаш не знаев што пропуштив... Се би дала да вратам 3 ипол години назад и да му помогнам... Влатко Илиевски, Тоше Проески, Мартин Вучиќ се тие што си заслужија победа за на Евровизија. Ама не, ќе победи Марија само заради изгледот.... Боже сачувај... Јас дури не сум ги прочитала пораките Влатко каде што барал помош. Може ли некој да ми прати слики од тие пораки? Значи Влатко не беше предавник!!!!!! Секој плав човек со долга коса што ќе го видам ме потсеќа на него... Многу ми недостасува... Како е можно успешните пејачи во Македонија да умираат трагично? Ах ангелу мој... Кој знае од какви хоштаплери си барал помош... Стварно не знам со какви зборови да ги навредам тие хоштаплери... Што и да кажам е ептен малку за нив...
Не знам колку си информирана, ама дрогата била јако застапена со децении, порано била на врвот на користење (зборувам за 70 и 80те), затоа што се развила нова култура.
Spoiler @Indiegurl, Ти благодарам за информацијата. Но не знам зошто мислата дека втората половина на 20ти век е далеку подобар од овие времиња сега што се, таа мисла е посилна од мене и не можам да престанам да мислам така.... И цело време имам чувство дека светот ќе се уништи... Свесна сум дека претерано негативна мисла е мојата, но единствено решение да престанам така да мислам е да си го извадам мозокот. А за Влатко веќе што и да кажеме е предоцна. Ништо нема да го врати. Слушнав една изрека од некој, вака нешто беше: Одкога ќе се скрши автомобилот, има многу патишта. Прашав што значи тоа и добив одговор дека од кога ќе се случи така како на пример што се случило со Валтко, сега ние велиме тој да не се дрогираше немаше да умре. Исто и со автомобилот, кога ќе се скрши автомобилот ќе се вели ако возел по друг пат, немаше така да се случи. Се надевам дека Влатко пее и горе на небото... Повеќе нема да зборувам за него. Нека си почива во мир.
Те мислам интензивно Влатче, последниве неколку месеци. Не знам зошто, не те знаев ама посакувам да те запознаев. Се надевам дека твојата душа престојува во вечен мир.