Ве молам, воздржете се од теории за самоубиства, ова она. Имајте почит уште не е ни закопан дечкото. Пријатели, родинини читаат. Да не правиме сензации кај што не е место. И да се дознае од што, ќе го врати? Не. Аман немојте. Греота е.
Патетики на Фејсбук. Сите вадат сега слики со него, или пак и тие што не го познавале раскажуваат кога и каде го виделе. Не е важно. Ако е дрога сам си избрал крај, и не гледам што да се велича. Сепак не е Тоше, а плус Тоше беше мега балканска ѕвезда, плус хуманист и загина во сообраќајка. Државата е полна со луѓе кои немаат за леб, па не се самоубиваат.
Премногу избрзуваме со заклучоци, осудувања. Лажат и погрешна слика даваат социјалните мрежи и напишаното на нив сите го толкуваме на свој начин. Којзнае каква бура и хаос носел во себе чим се има осудено сам себе на таков исход..
Трошка жал, нешто? Не? Кога не знаеме некој со што се борел во животот подобро и ништо да не коментираме, отколку нешто без емпатија. Има луѓе што го сакаат. Стави се на нивно место, па можеби ќе сфатиш колку ти е суров коментарот. Млад човек, млад живот згаснат... Нека почива во мир.
Вечна ти слава Влатче! Пораснавме со твоите свирки, жал ми е. Прерано отиде млад човеку! Почивај во мир!
Леле не бил Тоше 33 години имал. Никој не го прави светец тука, меѓутоа тоа што се случило е трагедија и е објективно тажно. И нема ништо лошо во оддавање почит и сочувство.
А што беше Тоше повеќе од Влатко? Тоше беше вонземјанин, свето створење? Мајка му на Влатко помалку плаче од мајка му на Тоше? Аман доста више, Тоше па Тоше.
Тоше е еден, Влатко е еден. Не се на музички натпревар па да се споредуваат. Во оваа тема нема место за Тоше.
So nisto ne vredel poveke od bilo koj drug.Vakvi sporedbi vi se banalni.Sorry vaka ...ama pocinal mlad covek a vie ovde Tose mose raspravate. Pocivaj vo mir mlada duso.Zivotot tek trebase da pocne za tebe.Se nadevam tamu gore ke ti bide podobro
Многу жално што вака млад починал. Квалитетен пејач беше, еден од ретките на македонскава естрада што му ги знам песните и што имаше стварно убав глас. Од што и да починал не е ни битно, млада личност со прерано згаснат живот.
Патетики прават по Фејсбук луѓе кои еднаш во живот го виделе, ниту го знаат човекот, нити ништо. Ок, жално е, но ако си го одзел животот, негова одлука било, што можеме ние. Не знам зошто се жали откако некој ќе умре во Македонија, па почнуваат патетики дека добар бил, квалитетен бил, а претходно бил просечен или не го забележувале. Сето тоа кукање по ФБ ми е пететично и лицемерно. За два дена народот ќе заборави, а неговите ќе си тагуваат, а тој ако се самоубил си скратил многу, премногу. Кај нас е така, не ценат никого додека е жив, па откако ќе умре некој глумат дека нешто ценеле.