Трагедија е, но сакав да кажам дека има и многу полоши случаи на кои сме глуви и слепи, а и не ни знаеме. Зошто сега се глуми демек ете сите испадна го знаеле ако гледам по фб што се пишува. Јавна личност за мене треба да биде пример за другите, ѕвезда водилка, идол на генерации, а ако користел дрога, што е поразличен Влатко од некој обичен корисник на дрога? Јас не гледам идоли во луѓе кои по своја вина се порочни, избрале да бидат порочни.
кријам и не пуштам ни една солза,да не им кажам колку сум проклето сам... плаче и небото за тебе вечерва Влатче
Нека почива во мир! Што е важно повеќе да дебатирате од што починал? Млад човек, заминал прерано, ништо повеќе не го враќа. Сочувство до семејството
Денес една мајка плаче по своето дете. Плаче и утре ќе се прости од него. СликА што не треба да се види ниту да се случи е родител да се прости од дете.Страшно ми е жал за таа мајка. Толку страшно што сум бесна и лута. Не дека го знаев Влатко (одеше со моја другарка и знам само ради дрогата раскинаа ) не дека ми значел нешто во животов. Само страшно ми е жал за родителите. За него не ми е. Свесно влегол во круг од кој знае дека ретко излегол некој жив од него. Кој ме сфати ме сфати. Ве молам без лекции одржување.
Жално е, без разлика на возраста и без разлика што е јавна личност. Ми се допаѓаа неговите песни, ми беше симпатичен. Но, ни еден проблем во животот не се решава со алкохол, а уште полошо со дрога. Ако е дрога во прашање, ако се предозирал, кој е тој толку голем проблем, за да мисли дека ќе се реши единствено со самоубиство. Премногу себично од негова страна првенствено спрема неговите родители, а потоа и кон останатите кои искрено го сакале. Иста е тагата без разлика дали станува збор за самоубиство или убиство, сообраќајна незгода, но Влатко за разлика од Тоше кога веќе го спомнувате во темава имал избор, сам избрал да си го прекине животот ако станува збор за предозираност, требало да го избере правилниот пат да се лекува од дрога, да посети психолог што и да треба, но да ја надмине психолошката слабост која го донела до таква одлука. На никој во животот не му е мед и млеко, сите имаме проблеми поголеми или помали. Но, што ќе беше ако сите ги ,,решававме" проблемите со препуштање на пороците, а во крајна мера и самоубиство? Колку и да е тешко секој од нас треба да стисне заби и храбро да се соочи со било што во животот. Колку и нашиот проблем да ни изгледа најголем и ненадминлив, треба да бидеме свесни дека има секогаш полошо. Животот е вечна борба, од која ние мораме да излеземе како победници, не смееме да дозволиме да бидеме поразени. Навистина ми е жал за Влатко. Нека почива во мир, искрено сочувство до семејството.
Жално... Кога ми кажа сестра ми не ми се веруваше, но потоа кога видов дека сите портали пишуваат кожата ми се наежи, премногу е млад. Нема смисла да се труби сега дали се предозирал или слично обдукцијата ќе покаже иако џабе е веќе се тој замина прерано..
Бог нека му ги прости гревовите. Изгледа само мене не ми бил симпатија од сите што сте пишале. Ниту ми се допаѓало како пее, се напињаше, крекаше, глумеше. Освен тоа што го знае јавноста, не ми оставил посебен впечаток. Смртта е тажна, но секој ден умираат луѓе, секој ден плачат мајки за жал. Ова не е ништо поразлично од било која смрт. Тоа за што вие спорите е делото кое го оставил зад себе. А неговото дело не може ни најмалку да се спореди со квалитетот, хуманоста, емоцијата, добрината која ја остави големиот Тоше,факт. Значи тоа што Влатко умрел е како и секоја друга трагична вест. А тоа што имал врска со Тамара, Ана, Ката итн и што бил љубител на шарени бонбони е најмалку важно.
Од страна е многу лесно да се кажува, да се суди и опишува како требало да постапува. Никој не знае низ што поминувал Влатко, што чувствувал, како всушност нему му било само тој си знаел. Не можам да го оправдам тој начин на кој што избрал да побегне од проблемите, ама ќе ви се молам, кога некоја светска позната личност ќе почине од предозираност, сите се лупаме во гради од мака, жал и така. Кога се работи за наш, што ми е гајле, си го барал, не ми е жал. Не бидете безосетни, сепак на каков и да начин починал, се работи за млад живот. Сочуство до најблиските, нека почива во мир.
Почивај во мир Влатко . Твојот ведар дух и широка насмевка ќе недостигаат на Тв екраните . Највеќе ми е жал што денес новинарите прават сензација од неговата смрт . Од што и да починал , не е убаво да се прави сензација од нечива смрт . И доста веќе со тие споредби , Тоше вс. Влатко . Секој беше посебен на свој начин . И Тоше , и Влатко , и Есма , и Васка , и Сариески .. Сите овие луѓе придонеле нешто на македонската музичка сцена . Јас до ден денешен знам да си ја пуштам " Сношти минав покрај вази " во изведба на Добри Ставревски , затоа што тој ми оставил впечаток со својот глас и го паметам иако сум била мала кога починал . Ако не ми оставил впечаток , немало да се сеќавам на него .. Бог да им даде сила на родителите на Влатко , иако не може да им се зацелат раните , нека смогнат сили да го преживеат овој тажен и тежок период .
Извинете вака ама малце осет? Жално е што умре млад човел кој оставил нешто зад себе. Дали се дрогирал или не е негово право и избор. Ама нас не не бива ако им судиме на други. Да беше некој познат светски пеач подруго ќе беше. Срамота и греота е ова што се пишува за починат
Зошто се дебатира нечија смрт? Ај да е за изразување сочувство, и толку.. ајде де, ама ова, воопшто не ми се допаѓа. Оставете го човекот да почива во мир. Експерти сте да направите трачеви и од тоа што треба, и тоа што не треба.
Зависноста е психичка болест како и сите останати. Почнува од избор, но ако има тригер играта станува неповратна. Зависни сме од многу работи кои тивко не убиваат, но никој не осудува. А кога е дрога секогаш има гласни. Нека почива во мир. Красен дечко и другар. Му го свртеа грбот оние кои му го покажаа патот до пеколот. Оние кои изградиле наводен живот како Кати и Тамари. И не, немал избор. Ниедна психичка состојба не е избор. Кој имал прилика да мине дел од животот по ходниците Луј, знае Влатче што значеше...
И за светски пејачи кои завршиле со самоубиство или починале поради пороци има вакви безобѕирни коментари по интернет... Нелуѓе без трошка емпатија не бираат, дури и трагедии користат да си го тераат своето. Срамота и греота.
Не ви е срам за глупостите што ги пишувате бе луѓе? Ако се предозирал не е жално? Ако не бил хуманитарец (од кај знаете дека не бил па), не е жално? Аман за 33 годишен човек се работи. За секој што ќе видам млад дека починал ми е жал и ми е криво, без разлика на причината. Нека почива во мир, сочувство до семејството, а дебатите овде не ви се потребни!
Читам и не можам да се начудам,зарем стално мора да се правиме паметни,да мудруваме и да навредуваме.Денес едно семејство е во тага,во црнина,една мајка во непребол.Никому во кожа не можеме да влеземе,во нечии туѓи чевли да одиме,затоа не судете.Еден млад живот згасна,жално и болно е.Нека почива во мир,
Постирајте ја сега веста во темата Дрога и пак пишувајте доскочици и заебанции таму како што правевте еден период. Секојдневно му се случува на некого, ама ете, за него барем ќе се чуе и ќе потсети некои млади личности кои допрва треба да бираат пат, во која насока да не се упатуваат. И не ми е јасно зошто секогаш кога ќе се дознае за некоја трагедија, пола Македонија мора да си играат детективи.