https://vecer.press/на-телото-на-влатко-илиевски-нема-траг/ Илиевски во последните неколку месеци бил навлечен на хероин.
Добро, дрога било и што е веќе важно? Времето се враќа назад? НЕ! Завршена приказна со трагичен крај. Имајте почит малку, барем малку... Немате никакво право да филозофирате и претпоставувате што и како се случило. Ниту сте го знаеле, ниту сте знаеле низ што поминувал. Како малку не се срамите? Што луѓе сте? Оговарање и сеир ве храни и на трагедии ли ????
Нека почива во мир, жално е, млад е. Не го слушав, ама му знам по некоја песна. Во секој случај, секогаш е тажно кога умира некој, особено некој млад.
Омилената. Ги затворам очите и го гледам седнат на стол со гитара враце пивнува пиво и продолжува да пее смеејќи се...ќе фалиш многу Почивај во мир!
Искрено многу ме потресе смртта на Влатче, беше голем човек. Со огромно срце и душа, многумина (“обични смртници”) исто како и јас сме имале прилика да го запознаме и да размениме повеќе од неколку реченици. Сме седеле во негово друштво, сме се смееле на исти шали, сме ги запознавале неговите љубови... И сето тоа бидејќи кај него немаше висина, дигнатост. Верувам дека имало причина што го поттикнало да започне да го изодува патот до пеколот... Но, немало кој да го или не успеал никој да го врати назад во колосек. Не е наше да се мешаме, може било кој да се најде на негово место... Ќе биде ли вкусно во вакви тешки моменти да читаме како некој бил ваков или онаков? За што живееме бе луѓе? За трач партии особено во вакви ситуации?? Не, не сакам таков живот. Запомнете го по убави нешта. Влатче си имаше посебен шарм, а Тоше сосема поинаков. Неспоредливо е... Изгубивме големина од човек, а не наркоманиште или уште не знам кој термин грд ќе го прочитам некаде по коментарите на социјалните мрежи. Влате глумеше, пееше, водеше, сакаше... Со цело срце и пуна плуќа! Господ нека им е на помош на неговите најблиски, само тие знаат како им е во овие моменти. Почивај во мир... Не ми беше другар, но ми се прилепи за срце... Од оние две наши средби... А, прегратката уште си ја чувам.... Во мислите...
Влатко не ми бил омилен ни како пејач зашто многу крекаше(според мене), а не пееше, ни како актер, ама сепак жално што толку млад отиде на оној свет. И дајте малку покажете почит, а не да плукате.
каква харизма имаше , каква убавина го сакав многу навремето ,ги знаев сите негови песни ... И оставете го на мира го нема веќе човекот од што и како зарем е битно .. Жално многу .. Почивај во мир Влатче .. сеуште не ми се верува
Добивам впечаток дека Влатко бил заборавен од "познатите". Ова е разговор со Билбилов, сличен на оној со Елена. Човеков индиректно моли за помош. Ги читам наназад коментарите. Страшно! Кога човек има проблем, се тргаме (генерално). Демек да не се мешаме, ама оној на кој му треба помош останува сам, па тоне се повеќе. Е кога човекот со проблеми го нема повеќе, тогаш ги гризе совеста оние кои културно се дистанцирале. Луѓе помагајте и кога ви викаат супер сум, немам проблем, бидете досадни, не културни, дрски...ако сте прави пријатели. Статус на ФБ иритира не помага. Статус на ФБ нема да ве испере. Статус на ФБ не е почит. Идиотизам е.
Оваа песна ја има постирано неодамна. Што душа ќе беше И јас се сликав со него лани во мојот град. Не се свиѓав па не ја објавив сликата ама бар се гушнавме после свирка. А идел често тука, имам и разменето неколку збора на месенџер. Секако јас спаѓам во клубот на оние кои им бил симпатија и дури повеќе од тоа. Репер за маж ми беше. Искрено, кога некој стар или непознат ќе почине полесно се помируваш со тоа а сега вака сум лута, зошто бе вака добри луѓе? Мирно небо.
Ми се плаче кога ги читам разговорите кои ги водел со познативе “фаци“. Човеков буквално моли за пријателство, за музика, за подадена рака, за прегратка, љубов или што и да е што ќе го извлече од бездната во која тонел. Секој збор започнат со голема буква, после два-три збора три точки, ниту смајли немал сила да пише - ете до таму била дојдена ситуацијата. Толку многу посакувам да се најдел дури и некој случаен минувач, обичен човек со поголема доза на емпатија и човечност за да му подаде рака, па можеби сега ќе го имаше. За овие кои ги објавувааат ваквите разговори имам само да кажам дека кога јас би имала таков разговор со него најпрво поради почит кон неговата напатена душа, од почит кон неговите блиски а накрај и од бедата која ја претставува објавувањето на разговор со почината личност, не би го објавила разговорот никаде туку би си го чувала само како потсетник дека животот не е за да се помине во гледање само за себе. А да, и би го минала денот само во молк особено затоа што сега зборовите не вредат ништо. Нека почива во мир, а сите зборови веќе се излишни
Живо ме интересира од кога се поракиве? На кој датум мислам. Баш ме интересира колку време го игнорирале.
Потполно истиот муабет кој стои во пораките јас го слушнав лани есента. Значи или го игнорирале, или тој постојано го повтарал истото, а никој не му обратил внимание. Полна сум со гнев кога ги гледам разговорите. Зарем е можно јас која не го ни знаев ни познавав од едно седење во Вршац да знам за него исто колку што знаат неговите пријатели?
Којзнае како му било, да не си му во кожа...можеме до утре да нагаѓаме што и како било ама тежината сам си ја носи...Бог да го прости нека почива во мир...