Кој според вас има најмоќен глас ? Мене дефинитивно Адел Ја сакам многу,иако многумина не ја сакаат поради изглед....
Арета Френклин, Тина Тарнер, Селин Дион, Бијонсе. Незнам за која да се одлучам, подеднакво ги ценам затоа сите ги напишав.
Адел и Кристина Агилера имаат гласишта. Бет Дито од Госип, и покрај нејзиниот изглед, има неверојатно моќен глас.
Сте ја забораиле Витни Хјустон, пред предозирањето и глупостите, мене ми беше ненадмилнива и неспотно на врвот. Според мајка ми па најмоќен глас има Ита Џејмс што не дека е грешка. Се согласум со наведените, да не се повторувам. Мислам дека и Селин Дион спаѓа во оваа категорија и Мараја Кери ако ми е неподоснослива тотално. Од машките вокали, Павароти, Андреа Бочели и Џејмс Браун ме имаат оставено без зборови. И Мајкл Болтон ако не го слушам многу, има предобар и моќен глас. Сума сумарум Витни Хјустон ми беше неверојатна, ненадминлива, незнам дали таков моќен и прекрасен глас пак ќе се роди.
Адел и Агилера дефинитивно се врвот, кога зборуваме за моќни гласови. Бијонсе има глас, ама некако не ми е тоа тоа - повеќе ме асоцира на добра појава него ли на добар, квалитетен глас. Најново откритие ми е Емели Санде. Не знам, можеби ја знаете од порано, јас лани почнав да ја слушам и од сите оние акустични снимки кои ги имам преслушано, со право можам да ја сместам во групава. Од оние постарите, тука би ја спомнала и Арета Фрeнклин - дефиниција е за моќно гласиште, кое неретко го посакувам. И да, да не ја заборавам Nina Simone. Уште едно премоќно гласиште.
Дефинитивно еден од најмоќните женски гласови го поседуваше вечната и ненадминатата Витни Хјустон, моќен глас кој кога го слушате се воодушевувате и ве лазат морници по целото тело. На второ место би ја ставил Адел, во последниве неколку години се издигна на пиедесталот на врвни интепретаторки, една од најталентираните и најдобри женски вокали моментално, сосема заслужено бидејќи за тоа поседува глас, талент а не како некои кои сакаат да го привлечат вниманието со својот изглед и скандалозно однесување или на некој друг начин да го компензираат својот неталент во музиката, па ним не им е местото на музичката сцена! нека им го отстапат местото на оние кои се за тоа родени и поседуваат талент. Арета Френклин е една од најдобрите пеачки, неверојатен талент, моќен исклучителен глас, која може да ја завземе и првата позиција но јас би ја рангирал на третто место Четвртото место според мене е резервирано за Селин Дион На Петто место би ја рангирал Мараја Кери исто така еден доста моќен талентиран глас Кристина Агилера ја завзема шестата позиција. На Седмо место ја ставам Џенифер Раш една малку подзаборавена пеачка која има неверојатно моќен глас. На Осмата позиција ја рангирам Дајана Рос еден прекрасен, моќен глас, исклучителна пеачка. Воглавно ова се пеачките кои според мене ги поседуваат најдобрите гласови, има и многу други кои се неверојатни во своите вокални способности и можности, но овие се оние на кои се сеќавам во моментов и мене ми оставиле посебен впечаток
Според мене, прво Витни Хјустон, најдобра беше од сите останати, најмоќен глас имаше.Најомилена ми беше, а заслужува поради својот талент кој го имаше, да биде запамтена.Потоа, Селин Дион, прекрасен глас има жената, плус иако е славна, не е човек што си го уништува својот живот поради пари, тоа многу ценам.И последна, Мараја Кери.Сите три ми се репер на она што би значело моќен глас. Од машките Андреа Бочели, Павароти.... Се водушевувам на луѓе со таков моќен глас, нешто кое го остава човек без зборови, а воедно е достојно за почит
Од жените Ета Џејмс, Ела Фитцчералд, Били Холидеј, Витни Хјустон, Селин Дион. И Мараја Кери го има ама нешто толку ме нервира кај неа, така да има минувче од мене. Кристина Агилера и Пинк се исто така незаменливи. Од мужите најпрво би одела со Френк Синатра, Луис Армстронг, Елвис Присли. Павароти заслужено спомнат, а од на нас поблискиве јас и Раде Шербеџија би го сместила тука.
Adele e spored mene nezamenliv vokal od zenskite, a od mashkite ne bi mozela nikoj da go sporedam so legendata TOSHE PROESKI
Бијонсе многу моќен глас има, и Алиша Кис и Кристина Агилера. А машки Бруно Марс, Питбул, Крис Браун и Адам Ламберт
Според мене е Tarja Turunen бившиот женски вокал на Nightwish, прекрасен глас има типкава! https://www.youtube.com/watch?v=GdWhlo9b9zg Исто така тука би ги ставила Мараја Кери и Витни....сепак спред сите светски експерти тоа се двата најмоќни вокали. Само не знам во целава приказна кај е тука Бејонсе.... типката е јака релано, ама само така повеќе како појава, ама далеку е според мене од моќен вокал! Инаку јас го обожавам Курт Кобејн ама исто така ни тој нема моќен вокал!
http://www.youtube.com/watch?v=Z1QmeEdFOSc http://www.youtube.com/watch?v=IHRd0R-uKHc http://www.youtube.com/watch?v=1slq_FwRN8o
Потполно се согласувам со сите, Витни Хјустон, Селин Дион и Мараја Кери се на врвот според мене. Ама сите ја заборавате Бијонсе која нема глас туку гласиште. и според мене и таа спаѓа во овие горенаведениве
Да не се повторуваме, јас од машките само би го додала Tom Jones. Нема човек на планетата што не изиграл стриптиз на Sex Bomb. ..