Неповрзано со доење и бебе, мене пењоар ми е многу секси парче облека. А никогаш не сум купила, ќе ја поправам грешката. Најблиску бев до еден црн не многу долг ама којзнае зошто не го купив. Ќе чекам од Дедо Мраз!
Јас имам еден свилен, и кога бев трудна душа му извадив, дека лето и да не се мавтам по дома по пижами само по пењоар. П.С. мислам дека има по продавници за долна облека.
Јас имам црн сатенски од чаршија, имаше и во други бои. Обожавам пењоари и баде мантили, ама овој сатенскиот е крајно непријатен, поти, се лепи... Некако ми го спурува телото. Воопшто не е практичен. Зимно време носам онакви мекички плишани, а за во лето имам од тенок памучен материјал. И јас би те советувала да не земаш сатенски за со бебе.
Во Јуск има доста пењоари за некои смешни цени од 700-900 денари , со убав дезен....се водат како бањарки , но бањарка од микрофибер не бива...мн се згодни за пењоарчиња и одлично топлат за по сабајле на ладново
Многу желба имав за вакво нешто но никако да се исполни..Бидејки сум во заедница и тешко..Но се надевам еден ден ке бидеме сами со мм па ке носам..Иначе ги има во сите продавници за долна облека или пижами..
+ треба да се пегла.Мислиш ли дека со мало дете ќе пеглаш пењоари,освем ако немаш помош. Сатенски пењоар сакам да носам пред мм,демек пред спиење или наутро кога се влечеш по дома за кафе. Имам, ама ми држи некако ладно.И го носам многу ретко. Сепак ,јас сум за нешто практично и удобно.Инаку те млеко ќе потече,се потиш многу,...што знам...
Ако ти е мерак купи си и носи си го. Имам сатенски си го купив во години кога бев млада невеста, ама не го користам-во зима не топли доволно. Вчера гледав подебелко нешто, ама беше one size и не купив, ми се виде краток на ракави. Сега ќе барам во нашиов град, може ќе најдам нешто за око.
Јас кога се породив само фустани со копчиња напреф носев нема нешто попројатно. Тренерки неможев што од хемороиди што од огромниот рез што ми го направија. Али многу сакам да си носам али во заедница никако па и да ги нема старите деверот јатрвата децата влагаат без тропање ѕвонење ужас е за приватност
Во рамстор гледав слично нешто на пењоар. Не е како тие постарите , не е свилен , мек материјал е , како на Emy сликава нешто така. Цена не памтам, ама знам не беше скап.
Сликава е пример за тоа како од нешто елегантно и софистицирано како пењоар може да настане тотален кич кога идејата ќе падне во погрешни раце. Може темава да биде општа за пењоари/баде мантили, а да не се фокусираме на периодот по породување? Или веќе имаме таква тема? Класичен пењоар, свилен, немам. Ама сакам да имам, со соодветна долна облека за lazy Sunday morning. Најубави ми се вакви, со јапонски мотиви и во модел на кимоно. Спојлер: . Летна и зимска наметка, во комплет со пижами, имам од Екстрим Интимо и незаменливи ми се. Воопшто не е нешто непрактично што ќе го купиш и нема да го облечеш. Наутро станувам и ја нафрлам, па пиеме кафе. Навечер, по бањање (леле ама чуден збор ), во пижами и наметка. Глупо изгледа вака кога пишувам, и мене ми е јасно дека не е неопходно. Ама до навиката е.
Го видов воведното мислење, ама колку што знам нема ваква тема, па затоа прашував дали може да ја направиме општа. Или овде да стои ко посебна тема со друг наслов кој ќе потенцира 'по породување', а во категорија мода и стил да направат друга, општа. Да им дадеме работа на новите модератори.
И јас вчера се избрзав да одговорам, коа видов каде е темата си се повлеков А баш сакав да си се пофалам, имам еден свилен бел до земја долг, лелеав, можам спот да си снимам со него Малку секси, малку така елегантен, ептен ми е убав и си седи во плакар Ја разбирам членката, сака нешто практично за по дома, иако сатенот ми е некако ладен. Побарај по продавниците за долна облека, сигурно ќе најдеш нешто
Имам јас еден сатенски, како кимоно, ама ич не ми е практичен после породување, инаку си го носам повремено, ама немам навика за секој ден, како што носеше мајка ми порано (сега ни таа не носи). А преубав ми е, едно 18 години е стар и не е мрднат. Тазе породена со бебе, сатенски не е воопшто практичен. Друг материјал да е, можеби ќе ти заврши работа. Ама да ти кажам право, првите месеци додека се средат хормоните ќе потиш ненормално, и нема да сакаш ништо да носиш, освен маички на рамки. Самата ќе видиш.