Кај не нудат програма, настанот кој се одржува во главен град каде еден од водечките брендови на пиво се наоѓа е Скопско кој воедно не е вклучен во настанот. Многу се напнав, не сум била нема ни да отидам!
А зошто е тоа така? Има ли некоја официјална информација поврзана со тоа, причина да дадат, објаснување... Баш чудно.
Мене секое пиво ми е убаво, додека е во лименка. На вакви настани точено воопшто не пијам, па и Скопско да е. Се приметува дека е мешано со вода и воопшто не е убаво.
Не сум прочитала официјално известување зошто е така. Предпоставувам дека е некоја политика и најголемиот штанд сега го има Прилепска...
И да одам не ми менва. Сепак штета за оние кои пијат Скопско, мене лично одвратно ми е. Сепак, мора да има солидна причина за ова сигурно не оделе "еци пеци пец".
Како може да го мешаат со вода, кога точеното пиво доаѓа во големи „силоси“ од неколку десетици килограми и го приклучуваат на механизмот за точење во моментот кога се појавува потреба од нова туба. Тубата си е полна само со пиво, а верувај додека ти точат на шанк и додека после тебе има уште десетици луѓе кои чекаат точено пиво, шанкерот нема ни време да ти „наточи“ вода во пивото.
Иако програмата воопшто не ми се допаѓа, бев во средата бидејќи свиреа другарчиња на бла бла стејџот, планирам да одам и во недела за веќе неколку пати видените Фолтин (ми се допаѓа каква атмосфера прават во живо, ама Дфест, сега брзо во Кавадарци, лани Пиволенд сега Пиволенд, да не претеруваат малку со концерти а без нов материјал?) не ми прави никаква разлика дали има или не Скопско, бидејќи и онака не ми се допаѓа - премногу горчливо и премногу газирано, Даб ми е 100 пати подобро пиво од Скопско, Лашко исто така. Ама на Пиволенд одлучив да уживам во Никшичко затоа што и онака кај нас не сум го начекала со исклучок во Битола каде има Никшичко светло. Не знам што се изглупирле од Скопска пивара ама редно е да имаше и нивни штанд за оние љубители на нивното пиво.
Океј, можеби не е мешано со вода, ама дефинитивно точеното не е исто ко она што ќе го купиш од продавница. Нема ниту вкус, ниту е газирано и пола е пена.
Јас ко што разбрав, организаторите не се согласиле да ја платат сумата која ја побарале од Скопска пивара, па затоа нема да го има. Јас секако на пиволенд главно одам за да пробам пиво што инаку не би го пиела, затоа што има многу избор, па во секој случај не би зела некое од Македонија, ама сепак е штета.
Они си знаат, нивна политика... Крај краева, за љубителите на скопско кои не би пиеле нешто друго - нека си купат од продавница и нека си пијат таму
Отидов годинава на Рибља, кога начекав таму дупла вотка за 80, ни пиво видов ни оно менеСе изнаиграв, се изнаскокав, волку добро на Пивофест во Прилеп не си поминав.
Само вчера бев и доста е една вечер според мене. А бев фан на пиволенд и до пред 3 години секоја година одев по две вечери. Ама ја утепаа програмата се тие па тие бендови, ретко нешто ново.. На пример рибја чорба свири овде, во кавадарци и во штип во рок од еден месец, па и на најголемите фанови ќе им здосадат. Треба да викаат некои поактуелни имиња.
Лочки така е. Имаш право. Но земи точено гинис од пиволенд и од ајриш и ке приметиш колку е ``побистро`` тоа од пиволенд за разлика од тоа од ајриш. И лани приметив дека лименките и шишињата се со многу подобар и посилен вкус за разлика од точените .
Ако боцата е штотуку ставена, пивото е побистро додека не се источат тие неколку почетни чаши. Исто е и кога боцата е при крај, пивото е поводенасто, но тоа не значи дека е мешано со вода.