Пиволенд 2011 Eпа дур средуваш со песокот, среди и да се посадат детелинки, дур пијам Гинис да се осеќам ко да сум у Ирска. Благодарам.
Пиволенд 2011 Абе еве напрај список,одам у преговори,све што сакате.И Дејвид Бекам на штандот на Бекс! И пена парти ако сакате,иако е несоодветно,ама слушам у Селект у Струмица имале јака машина. Така де,еден повлече,сите се огласија. Проклет хипстеризам,ја расипа младинава.
Пиволенд 2011 Ееее, сеа ти мешаш хипстеризам со хејтање. Ако веќе по таа логика се водиме, тогаш ова ќе биде најхипстерскиот Пиволенд досега - затоа што пиење пиво на трева е премногу мејнстрим, па ќе го пиеме на асфалт. За музиката не одам. Одам за пивото и за амбиентот. Ми пречи тоа што една од двете работи што ми се најважни, не е погодена. Да бев пребирлива, ќе отидев на Октоберфест. И немој пена те молам, ќе се излизга некој по асфалтот.
Пиволенд 2011 Добро, што мора да се ку*чите и само да хејтате, кога вака или онака секако ќе поминете - што да ѕирнете, што од сеир, што од што ви се сака да дојдете? Сега па и пиво и асфалт не одело... само бре маана да му се наоѓа. Охридскиот пиво фест се случува на локација 3 пати помала од паркингот кај Борис Трајковски и оваа година ги почести неверојатната Сека со нејзиното присуство и луѓето не кажаа еден лош збор. Мора ли на се' маана да му се најде, посебно зашто знаете - дека пак ќе дојдете? Јас си кажав, одам за темно лашко, за забава и нормално - еден на 5 бендови мора да се погоди. Што да не? Не треба да ја знам целата пиварска листа од светот за дружба, или?
Пиволенд 2011 Луѓе, зошто сте шуто а боде? Бидете среќни дека се се дешава во Скопје, и уште маани наоѓате, ами ние по другиве градови што треба да речеме? Малку некако ми е неблагодарно ова. Кај ви прават разни таму дешавки па и не ви чини.
Пиволенд 2011 А зошто упорно да ќутиме кога од година во година го уништуваат фестивалов?! Не реков дека нема да одам, пивото ми е доволна мотивација, ама што толку сте се фатиле ко слеп за стап за тоа што другите го критикуваат? Ете вас не ви пречи, а сигурна сум дека поминот таму нема да ви зависи од тоа што ќе го кажат другите, или? Далеку од тоа дека викам дека по се` треба да се плука, ама сигурно нема да молчам кога нешто не ми е по мерак, особено нешто што изминативе години било добро и вредело да се посети.
Пиволенд 2011 Remains to be seen .... Уште не се случило, веќе му пресудија. Не викам дека е сјајно, не мора само предвреме да му се става јамка. И тие скаличките на Кале не беа нешто одлично за да влезеш, а притоа да не се удриш во 10-тина луѓе и да не те удрат, ама ок. Ќе видиме како ќе испадне... од кај знаете, може ќе биде најуспешен Пиволенд досега. Крај краева, локацијата ми е сосем небитна, важна е атмосферата и друштвото. И пивото. Да биде ладно, евтино и да не го снема, т.е. да го има во доволни количини.
Пиволенд 2011 Дури и ова направиле... Што е до мене, ме радува и тоа што барем се одржува настанов воопшто. Не сум ја видела прогарамата, ама сигурно ќе отидам еден ден, ако ништо друго барем да се прекрати рутината во досадниов град.
Пиволенд 2011 Ааа кој толку се ку*чи и хејта? Јас не видов некое претерано негодување. Плус у генетика ни е, па сме ли некакви Македонци или не сме? Сите мрчиме по дифолт онака колку што знам за билошто. На ФБ поише негодуваат идете да ги читнете, ако нишо друго ќе се насмеете на коментарите Стварно се priceless. Ма све је то мени исти ку*ац шо би рекол легендарниот Босанец од Црвени камион сиве боје, идам - не идам. Паркинг - трева. Можеби и би требало да отстапам место за некој вистински љубител на пивото. Али ако ме собере друштвото, нема да им кажам не. Ќе си земам од оние столчињата на расклапање, оние малине, пензионерскине, табла или шах и идам на старопрамен бе. Е не!
Пиволенд 2011 Морам со вас да ја споделам среќната вест која ја слушнав утрово - Hladno pivo се на овогодинешниот Пиволенд. А околу тоа што е на паркингот, едно ќе ви кажам, како тргнало во државава наша, бидете сите среќни што не се оддржува во салата „Борис Трајковски“. Иако од целава ситуација најмногу ме иритира што тие што најмногу се бунтуваат поради тоа што е сменета локацијата, први ќе бидат на истата, ама тоа е.
Пиволенд 2011 Локација - тиња! ( добро ќе беше да беше тиња, боље тиња него ли паркингот на Борис Трајковски, богу иза леџа! ) Колку само локацијата на Кале е милион пати подобра, во Центар се симнуваш за 10 минути, се ти е тука, а воопшто и амбиентот на Калето ми содејствува со називов Пиволенд. А и како што гледам репертоаров не ми одговара, т.е не знам дали не ми одговара него не сакам да одам на музика и да слушам бендови кои никогаш не сум ги чула и да бидам таму затоа што сите се. Тоа отсекогаш сум го мразела и сеуште го мразам. Но пивото можеби ќе биде добра кауза за да го посетам овогодишниот Пиволенд. Уште цените да не беа набилдани на бенџ!
Пиволенд 2011 Идам секоја година! Убаво е за дружба,пиење Скопско,минатата година пробав и Пауланер ме бендиса ептен!Малце се губи шмек со локацијава тиња е ептен,ама ај да не бидам вечити Спојлер говнојадач ,ќе кажам дека сум среќна што воопшто се дешава ова кај нас,јес да веќе стана досаден изборот на бендови секоја година исто ама ај..Ми се свиѓа оваа година што има некој кавер трибјут бендови на RATM i Red Hot,ама ќе видиме како ќе биде..Ареа и Фолтин ќе ги ѕирнам и тоа е!
Пиволенд 2011 не ми е јасно само кај ке собере на борис толкава маса на луѓе, на кале бешсе фул неможеше да се разминеш а не па тука
Пиволенд 2011 Не пијам пиво, а идам за да јадам и да се видам со доста луѓе пошо нели више од пола Скопје присуствува. Прехлани си го остаив телефонот у такси на враќање од кале, ужас! Таму има секакви. Цел фејсбук стиска дека ќе присуствува на Пиволенд. Разни типови на луѓе, разни видови пива. Што се мене тиче да не се креваше толкава фама околу настанот, немаше да идам. Ама ајде, и ја сосве друштвото, идам пошо знам дека ќе има луѓе шо ги знам и тоа многу, не идам ради пиво, идам да се дружам со друштвото и првенствено дечко ми и убаво да си поминеме ние за нас. Убаво ми е кога сум опколена со луѓе, иако гужвата знае опасно да ме изнервира на моменти. Во врска со локацијата, баш ми одговара. Дали било Кале кај шо симињам обавезно кило-2 по угорницана горе-доле, или било паркингот пред Борис Трајковски шо поише ми одговара, не ми е толку битно, т.е. ко ќе подразмислам битно ми е. А шо, Пивофест на Билјанини Извори да не беше на нешо поширока локација? Не. Па пак убаво ми беше, иако бев само 2 дена, особено на Рибља Чорба. Мрзам да глеам испијанчени, истрипани фаци као досеа на Пиволенд, вклучувајќи ги и лошите глумци. Ми се гади, ептен и тоа. Во врска со музиката, каде бе без Гоце Арнаудов? Еее тапа. Некои бендови таму шо првпат у живот ги глеам, барем од тоа шо успеав да видам. Ич не се по мој вкус таквите бендчиња! Некои си таму Летечки пекинезери ( хахаха, само тие ги запамтив од тие шо ги видов), ако има некој нивни фан нека не се навредува, а ако има некој шо само ги познава нека ми објасни кои се. Еј видов дека Мањифико ќе бил, знае некој точно кој ден и у колку саат е предвидено да настапува? Иеееех фешта. Кирил Џајковски и Есма? Синтезис бе Доооообро. Се на се, не се замарам многу со Пиволенд, секако дека иам забелешки али ќе ги игнорирам , ќе идам шо ќе идам пошо е популарен настан, актуелен, па како сака нека биде, битно да има јадење од типот на парче пици http://www.youtube.com/watch?v=DzoFSNQ2WM4
Пиволенд 2011 http://jsp.com.mk/vest.aspx?vest=78 Браво за идејава! Немаат сите коли, а и не се во можност да даваат многу пари за такси, мило ми е што го покриле тој аспект од организацијата.
Пиволенд 2011 Не сум некој ентузијаст пошто го бапнаа на паркинг кај што по дифолт нема таков шмек ко на Кале. Џајковски е денес па би сакала да отидам, ама не очекувам премногу. Не знам зошто организаторот кога веќе смени локација не избра нешто подобро. ПАРКИНГ ... Now..there's a bad idea. Се осеќам ко да се испок*каа со Борис Трајковски салана.. Ко божем палата направија. СВЕ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ... КИНО, ПИВОФЕСТ, КАФИЌ, ФИТНЕС, БИЛЈАРС... Ако не ај и знаменитост нека го напраат... Свашта.
Пиволенд 2011 некако глупа ми е локализацијава подобро ќе беше на кале ама ај македонска работа и ке идам највероватно
Пиволенд 2011 На паркинг бе Незнам, можда и о.к ќе излезе, ама мене ми е веќе тоа како друг хепенинг, пиволенд - ми излага слика на калето ни, поинаку не ми е пиволенд! Така барем јас чувствувам.