1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пиволенд

Дискусија во 'Слободно време' започната од Saya, 16 август 2011.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    Мене како и секоја друга година ми пречи цената на пивото. Пиволенд а пиво 80 ден. Нормално би било за ваков настан пивото да биде поефтино или барем колку што е во продавница. Ама изгледа Пиволенд се гледа како место за профит, а не за промоција на производ.
    Недостасува андерграунд шмекот на Калето.
    А прашина ако нема на паргингот има по раскопаните улици додека стигнеш на паркинг. :D
     
  2. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Пиволенд 2011

    Мене па локацијата ми се допаѓа, само нормално криво ми е што не е цел простор, ама и така нема потреба, зошто мислам дека оваа година има најмала посетеност. Супер се и бендовите, Кирил вчера растури, преубаво беше. Единствена работа што не ја сакам за пиволенд, секоја година се ЦЕНИТЕ. Катастрофа, повеќе ми се исплати да си купам две лименки од продавница. Срамота е на фстивал за пиво да плаќаш дупла цена. 70+. Тоа го мразам и тоа ми го грди фестивалот. А локации, бендови, не се секирам толку, секако ќе отидам. Тоа е моето мислење.
     
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    Јас пак ќе си кажам дека не требаше толку да се мрчи предвреме.
    Баш ништо не фалеше, ама баш! Просторот е убаво осмислен,место има, а како што разбрав јас од типот што вриштеше на микрофон, морале да се префрлат тука зошто се очекувало голем број на посетители, а калето немало толкав капацитет.
    Атмосферата си е таа, цените се повторно исти. И јас пак нема да дадам 150 денари за Корона :fubar: Единствено што нема смисла е фактот дека на фестивал за пиво, пивото е најскапо. |(
    Вака-така, вчера преполно беше, и не видов некој посебно да се потресе за локацијата.
     
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Пиволенд 2011

    Бев вчера. Ама на пред-групите. Не го дочекав нажалост виртуозот на дело - Господин Господин Џајковски..Бидејќи морав да си легнам. Мртва уморна бев. Се на се општиот впечаток ми е - ПАНАЃУР.
    Кале имаше шмек. Пивце у рака, добро музиче, лајт ципелка и го глеаш градот.
    Сега ... на ПАРКИНГ..Под вжештени рефлектори, меѓу смрдливи скари..Без место за седење освен ако не дојдеш у 7.. И уште вчера нешто рејв фатив ...

    Ништо посебно искрено.

    И Скопско земање пола штаднови, да се немало усул. Лојална конкуренција? Фак оф. :D :D :D :D
     
    На Saya и enca.69 им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    Се согласувам комплетно со тебе. Изборот на бендови мизерија-освен Ареа.
    И јас е сум пијач на пиво т.е Не пијам никогаш но лани цената му беше превисока. Најдоа ќар да вадат од деца. Се мислев ама сепак нема да одам
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Пиволенд 2011

    Не е тотална утка, ама никој не може да ме убеди дека не беше каде-каде подобро на Кале. Не беше лошо, бев вчера, ама цените беа како да точат мочка од еднорог а не пиво.
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    хАхаХАХАХХАхАха, се ПОМОЧАВ 8)
    А тек па да точеле, кознај колку ке бидат:)
    има накој друг избор освен пиво???Знам дека е пиво ленд али јбг не сме сите пиво пијачи
     
  8. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Пиволенд 2011

    Тапа е програмата годинава..Се издвојуваат добрите избедувачи ( според мене) т.е. тие што ги знам. :^) Лани беше многу подобро и поинтересно . А на паркингов ем е многу светло, ем е паркинг...незнам..Не ми се свиѓа многу многу. Единствено добро е што ми е блиску. :)
     
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Пиволенд 2011

    Има ракија во епрувети, и слушнав за некој не-пиво шанк, само не успеав да го најдам вчера. :)
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Пиволенд 2011

    Бев, видов. Колку да не останам покуса. Отидов со овие автобусиве што ги пуштиле специјално за до Воена, внатре гунгула, не се дишеше. Стигнав, си купив пивце, си купив јадење. Бендот кој свиреше искрено поима немав кој е не ми ни остави впечаток да дознаам. Земав уште и уште пиво. Се на се, пивото е одлично ама овој Пиволенд не ми се допадна. Премногу е поразлично од лани, а лани ми беше убаво. Мислев дека не менува многу локацијата, ама грешам. Кале има некој шмек, ама не е веќе наше, го окупираа браќата па логично беше заради безбедност да се смени локацијата, па макар и да има 8950949504 мрчатори како мене. Не велам дека утре нема да отидам пак, ќе одам само за да се напијам пак пивце со друштвото иако со тие пари кои ги фрлам таму можам да си купам фармерки и онака ми требаат нови. Него сите се жалите за цената на пивото, јас протестирам против цената на сендвичот со плескавица од Жива. Сув леб (ама стварно сув, вчерашен) со минимално плескавиче и 4 кругчиња краставица за 120 денари??? Фак оф! За 10 плус ќе јадам како цар од 7ца! Разочарана сум!
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Пиволенд 2011

    Прв и засега единствен пат бев минатата година. И тоа лани само на Суперхикс бев.

    Оваа година не отидов затоа што не ни се даваат пари со друшките за автобуси. 700 денари карта, што е многу - многу е.
    За локацијата не можам да зборувам дал му давало Кале шмек или не, ама јас лани, како што сум многу „голема“, ќе настрдав по тие скалите. Башка годинава стварно послаба програма имаат, а за цената на пивото неам коментар. Поарно од продавница ќе си купам и со мене ќе си носам таму, божем има разлика :D
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Пиволенд 2011

    Дојдов, видов и победив заради маестро Кирил Џајковски - и со оглед на причината ради која отидов, не се разочарав ниту најмалку.
    Бонови, збунети фацки кои ти ги продаваат истите но не знаат кое пиво колку чини, чад и смрдеа поради која не догледуваш кој стои до тебе, жежок асфалт на кој ми се лепеа старките и останат пропратен аксесорајз ми се мање више - небитни.

    Јас се изнарипав на Кирил, добра атмосфера околу мене, Старопраменот го шмркнав инстантно мислиш италијанско кафе пијам и тоа е тоа.

    Од средата немав инспирација да отидам. Шо знам. Пивара на паркинг што би рекла внука ми.
    Баш така.

    Ама за Кирил имам секогаш едно понизно :bow:
     
  13. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Пиволенд 2011

    Бев на Хладно Пиво само, не ми се седеше многу...
    Да ви кажам искрено, доста мрчење, еве јас супер си поминав.

    Пиво цена класика -60 ден.

    Битно е да се дружиме, јел да? :D
     
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Пиволенд 2011

    Jас си бев така перфектно расположена вчера, со одлично женско друштво, така да кој и да пееше, кај и да се организираше, сеедно јас убаво ќе си поминев. Ние тргаме од старт негативно, пљукаме без да видиме и се расприкажуваме дека не е убаво, а не сме ни биле.
    Јас фино си поминав, јес да оние 150 денари за пивце уште неколку дена ќе неможам да си ги преболам :lol:
    Aреа беа добри, претерано многу гужва, а веќе на Есма со повеќе промили алкохол во крвта почна да се меша и игра орце, но програмава годинава им е многу послаба од лани, фали звучно име. Ах да и фали обезбедување, јас не видов вајда не ни имаше, не размислуваат дека една обична тепачка како вчера со многу алкохол и без обезведување може да прерасне во масовна.
    Не се каам ни за смрдливите алишта од скариштата, ни за примените лактови во ребра, ни за испогазените сандали, ни за пивата што летаа и не прскаа, секое чудо за три дена, така да ќе се навикнеме на Паркингленд се додека не го сменат местото па пак да се тупи, ние бараме совршенство за безпари :)
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    И покрај ограничената понуда оваа година, имаше настапи кои ептен ми направија ФИЛМ.
    Поздрав за крај од овој Пиволенд, да се надеваме дека догодина ќе имаме поквалитетна понуда и поефтино пиво.
    http://www.youtube.com/watch?v=Z0eii0JR ... detailpage
     
  16. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    Одлично си поминав. Се изнатрескав, се изнаскокав, се изнапив, се изнаманијачив. Бре!
    Цените прилично како во кафич да си, ама не ни ги осетив парите на таа еуфорија на Кирил, Есма ау.. Свадба беше тоа :)
    Немаше канти за ѓубре, вецињата беа - пу пу подалеку, тоа шанкерите збунети - еден ти вика нема темно Лашко, друг ти носи; малолетници на куп, многу крадење заприметив, смешни денсови на пијани мужиња... како и да е, колку и да беше најплукан, ова дефинитивно беше најдобар пивофест до сега. Следеча година со познајни имиња, на поголемо место да не се туткаме, мислам, нема смисла :)
     
  17. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Пиволенд 2011

    Бев на Лолобриџида и Кирил, а во петокот на Дарквуд Даб. Прв пат отидов на Пиволенд и си поминав супер. Деновите додека траеше ми дојдоа преку глава коментарите од типот „Пивото е скапо!“. Па ако ти е скапо, купи си од продавница. Никого ниту проверуваа, ниту враќаа. Башка како инаку ќе се платат изведувачите, небитно од каде се и колку се познати. И кога ќе видиш, истите гунџаат секоја година и упорно одат |(
     
  18. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Пиволенд 2011

    Импресии од другите вечери нешо а? Јас бев само на Кирил. Пред него имаше некои Хрватици кои се дереа нешто у стилу - ја волим секс, и многу ми идеа на живци :D
    Фолтин, Љубојна? Есма? Барем од концертиве а? А дечки, беше некој? Споделете импресии :)

    Јас шо се усреќив, ми се бапна камера од некоја телевизија у фаца, и додека правев пантомима со прстиве демек - забрането ми е да зуцнам ме спасува еден ѓомлезе пијан тип кој ми улетува у кадар и почнува - муааајаааауоуоааалович! топ! нааајбољи овај пивофест!....овај....и другото не го чув :D

    Ама ме спаси, изгледаше спонтано ко да ме прекинува во мојот пантомимичен обид да одговорам на прашањето - како ви се допаѓа овогодинешниов пиволенд?
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Пиволенд 2011

    Може темава да се преименува само во Пиволенд, па да си коментираме и за годинешниов пиволенд 2012 :)
    Ја со душа си го чекам пиволендов..мн добри групи по мој вкус. Бајага, Ареа, нокаут, сарс, рибља чорба...
    Според мене солидна е програмата оваа година, не се жалам, иако гледам многу го хејтаат овогодинешниот пиволенд, зашо бил на паркинг и дека бендовите се повторувале :^) ама покрај одлично друштво и мнооогу пиво, мислам дека ќе биде супер :D :beer: :beer: :beer: :inlove:
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Пиволенд 2011

    Прво, не тргнувам воопшто со хејтање, тргнувам со реални факти:

    За цената на пивото: Да, скапо е.
    Некој погоре напишал - ако ти е скапо купи си од продавница.
    Молам??? Say whaaaat? :^) |(
    Самиот концепт на ваква манифестација е пивото да биде поевтино и достапно за сите.
    Како може точено скопско да биде 100 ден. бе? За оправдување ли е тоа?
    И што е поентата да купувам јас пиво и да го носам во ташна за да го испијам таму? Тоа е Пиволенд, така треба да биде? Па тогаш нема потреба од штандови и различни видови пиво, секој нека си понесе од дома и ќе се најдеме таму.
    Важи, нема гајле.
    Со цените (со исклучок на првата година) се претерува, тоа е факт, и не е воопшто фер.

    За локацијата: Ок, јас лани настапив кул и опуштено, решив да му дадам шанса прво, па после да пресудам. Локацијата е реално тапа. Се надевав дека нема да биде така, ама врска немаше, гнасно, одвратно, панаѓурски селски шмек, никаква атмосфера. Тотална утка и разочарување. Пиволенд си припаѓа на Кале, тоа е сосем јасно. И луѓето се изјаснија така, и не знам до кога македончето ќе се задоволува со тоа - па добро е, барем се дешава.
    Не ми треба да се дешава ако е на глупава локација и ако е медиокритет. Само колку да го има. Ако е тапа - ич нека го нема.

    За бендовите: Се сеќавате една година како го затапија со Ван Гог и Негатив? Имаа по едно 20 настапи годишно, малтене на секои две недели.
    Ова драги мои е годината (да не кажам две) на САРС. Бендот е сасвим ок, мене многу ми се допаѓа нивната музика и ги слушам, ама што е многу, многу е.
    Од лани како ги донесоа на Скопје гори со Hртс, не прекинаа, досадни се, напорни и иритираат.
    И годинава се пак. Зошто бре, зошто???
    Зошто мораш да имаш по 5-6 изведувачи во една вечер, сите веќе видени и чуени 100 пати ?
    Донеси 2-3 асални и фурај.
    Истото важи и за Елементал, Драм ен зез и компанија. Прекиснато ама онака - мржња до коскена срж од самата помисла на нив.
    Рибља чорба - |( а други излитени пензионери не беа достапни ? На кого давате пари бре, ало.

    Искрено се израдував единствено за Бајага, едно фино освежување од нивна страна, бидејќи тие два концерти во Универзална му се продадоа експресно, а е фин потсетник на сечие детство и младост, верувам.
    И Ареа не настапиле одамна, а вредат. Барем се наши.

    Остатокот во аут.
    Пиволенд ми стана синоним за вистинска голема УТКА.
     
    На crazyinlove19, Mrs.Bass, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.