Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пиволенд

Дискусија во 'Слободно време' започната од Saya, 16 август 2011.

  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Пиволенд 2011

    Кај нас се има тенденција, настаните што се повторуваат годишно, со цел да станат традиција, да бидат изедени од некреативност. Башка што, дечките организатори виделе дека ќарот ќе им е ист без разлика дали Прле или Ване ќе свири ил пее, па не му се замараат со изборот на музичари. Да не ги напоменувам ликовите такозвани диџеи што ги има на програмава. Уште малце и јас ќе почнам да миксам по вакви настани |(
    Локацијата ми е ужасно далеку. Кале си е кале, беше како хипи фестивал бе (добро де, не хипи, ама нели имаш дрвца, малце шума, грмушки, приватност а у :wasntme: )
    Од друга страна, битно е валјда нешто да се случува а? :^) Сакам да појдам само поради Негатив, ги пропуштив на безброј настапи и криво ми е само ради нив. И да, читнав некој грчки бенд ќе имало. Се надевам нема да бидеме негостопримливи :angel: башка што добро звучат...
    http://www.youtube.com/watch?v=7bA8Udg75qA
     
  2. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Пиволенд 2011

    Па добро оваа година ваљда нема да бидат претерани цените, ќе имало некакво си економско пиво - 50ден :D а последниот ден(недела) сите пива ќе биле по 50ден ;)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Пиволенд 2011

    Арно тоа економското пиво не го крстија социјално. Или земјоделско. :^)
    Само Горско и Крали марко ќе бидат по 50 ден. фактички тие се тие економските пива, а последниот ден сите ќе бидат по 50 ден.
    Алелуја.

    А што ги кошта секој ден да ги стават сите по 50 ден.?
    За илустрација, продавницата ти продава ѕидарско скопско за 33 ден. и е во ќар, печали и она, печали и пивара.
    Не може да се стави цена од 40 ден на флаша скопско?
    Ова каде точено, тоа што останало да се лизга на дното на бурињата, каде цена натепале... абе ајде, смрдежи.
    Одам вечер и ќе хејтам!
    Е така.
    :devil: :D
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    Bijelo Dugme real tribute овие не се оригиналните Бјело Дугме??

    И беше ли некој вчера? Ладно ли е? ххх
     
  5. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    не се оригиналните x) пааа свежичко беше , што знам какво ќе биде денес хх земи си нешто за одозгора :D
     
    На Em4e711 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bonbona92

    bonbona92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    128
    Каде можам да ја најдам официалната програма на Пиволенд? :)
     
  7. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    387
    По шорцеви слабо а? хх
     
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Ако си ептен во гужвата топличко е демек, ама ако си подалеку од бината и има простор околу тебе троа повеќе богами свежичко.
    Задолжително нешто со долги ракавчиња, џемперче, блуза и мој совет во патики - оти балетанките ми се гнасни, што од земја и прашина, што од истурено пиво.

    Сцената ми се допадна, фино наместена, озвучувањето ок, Ласт Експедишн беа одлични, јас не очекував, Бајага супер и многу долго му траеше настапот. Расположен беше, онака како за прв ден солидно.
    Со исклучок на најважната работа - пивото кое и овојпат беше СКАПО, а од економското пиво од 50 ден. веќе во 22.00 часот немаше.
    Како може да снема? Па донесете си, или не го рекламирајте ич. |(
    Будалаштини...
    додека се бркавме низ гужвата кој каде е, од немање што да правам си изгребав грепка од Лотарија на МК, имаат штанд со количето и добив 80 ден.
    Таман да покријам едно точено. :D
     
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Добро бе никако да сватиме дека на вакви настани , ако не ги спуштат сега цените кога.....им текнало последниот ден ... арно и тоа ами и без тоа .............никако д а напрајме нешто како што треба .

    Јас сакав од економските односно Крали THE Марко :D 50 денарки ,арно ама билдеров се врати со Златен даб незнам што цена беше :)

    Тоа е тоа на ПивоСКАПОленд
    Вечер Нокаууутт 8)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Можно е вечер да отидам, глеам Ареа и Нокаут се вечер, ама ке видиме :)
    За пивото што е скапо-скапо е |( Стварно претеруваат.
    За местото.. па ок, али кале си е кале. Поубаво ке беше, башка на трева и се тоа. Али добро и тоа некако ке помине.
    Се разочарав зашто С.А.Р.С. се во недела, а во понеделник сме во школо и тоа прва смена. :@ |( Незнам дали ќе неможам да идам, ке треба да се спремаме ова она.. Ама ништо чудно и да отидам пошто глеам до 22:45 се, не е касно :lol: :)
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Пиволенд. Идам ради друштвото. И вчера, и денес.

    Пивото не ме тангира посебно, затоа што си имам проблемчич со бешиката, ерго многу мочкам, и вчера скромно си поминав со ДУРИ две Скопски :D Не знам дали од мрза или од друга причина не прошалтав наоколу, ама нели е помал изборот на пивата годинава?!
    Сеедно, не отидов ради пивото, ама ми се отвори дизната за едно Хоегарденче, мх мх. И го немаше. И плус сконтав дека ми останал еден купон вишок. Неискористен, ко да си заштедил пари е чуството :D

    Најдобар ми беше типот што го најави отварањето на Пиволендот, јао ораторски способности!
    Овај пиво...ииии да пиете многу ПИВО, значи пиволенд е организиран од град Скопје, и .... Пиволенд. Значи, пиво! :D

    Како и да е, мислам дека вечерва нема да може да се дише заради Нокаут.
    Не е лошо со добро друштво, впрочем како и со секоја друга дешаванка. Ама изборот на групиве ми е малку, не толку интересен за мој вкус.

    И да, ладничко е. Јас вчера едно време мислев можам дијаманти да брусам со неименувани делчиња од телово :wasntme:

    Видимо се вечерас! :hai:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Прв пат одам на пиволендов одкако е преместен кај Палас и најискрено да ви кажам дека повеќе ми се допаѓа што е тука, некако е посредено и поубаво организирано, а + нема ни прашина и ништо.
    Не дека на кале не беше добро, предобро беше само прашината не беше ок. Е сега причината што е преместен на кај Палас е најверојатно тоа што има искупување некои на кале ама како и да е, за животињи како нас дефинитивно не е калето за вакви настани! Какви ненормални деца имаш значи, се запрепастив :x
    Ласт експедишн беа топ, тоа го кажувам јас како не голем љубител на нивната музика.
    Бајага - просечно беше, мислам дека на Ласр Експедишн повеќе се израдуваа луѓево.
    И рипчиња да пробате ако идете вечер, превкусни беа :lol:
     
  14. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Предлог за сите што ќе идете вечер: загреванка кај мене на тераса, мајке ми не ви наплаќам за пивото. :D

    Па полупијани да се истетеравиме до настанов, само така ќе ми дотрпи џебот до недела. :tmi:

    Инаку отидов вчера на Бајага, прилично доцна, ама имав прилика да прошетам и да видам што е како е. Бев настрана од гужвите, освен неколку инциденти со пијани дечишта чие буткање морав да го амортизирам со меките ми делови, ок беше.

    Гледам слики од шутки, среќа што дојдов подоцна и не сум фатила нешто такво, зошто ќе брцав некој. Дојдена сум пиво да пијам, кај скапо го плаќам, уште да ми го истури некој! :D

    Се гледаме вечер. :beer:
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Е ја денес решив да отидам колку да не биде без ич, програмата ми е онака..
    Инаку колку е тоа ладно, со сукНа и балетанки ќе примрзнам ли? :?: Низ Центар до 12 издржувам така, мада малце ми пристудува после. Овде поладно ќе да е изгледа?
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Вчера парадокс на деценијата - Негатив, таков добар и квалитетен бенд не наиде на никава хемија со публиката, слично и Елементал.
    А реално звучеа предобро, посебно првите.
    И оп - налетува трибјут бендот на Бјело Дугме, што патем звучеа катастрофално, а пејачов беше типичен шабан, ама затоа песните ги знаат и ги сакаат (скоро) сите и публиката живна, ептен се расположивме.
    Доказ дека квалитетот не е секогаш 100% пресуден за добар прием. :D

    А да прашам - која беше првата песна која ја пееја Негатив? :?:
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вечер јако ќе биде Рибља Чорба и САРС ако не се лажам :D јас бев на Бајага, Нокаут и си поминав онака...ама вечер очекувам најдобра журка досеа :D Вчера не бев, а на Рамбо па ич, не знам каква била атмосферата :)
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Се излажав и отидов првата вечер. Не ми се допаѓа ни програмата ни атмосферата, а гужвите па најмалку. Некако не ми е по кејф целиов настан, ама гледам луѓево уживаат.
     
    На Ph0enix му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    http://www.youtube.com/watch?v=hExgg6gDPC4


    Јас бев на првата, втората, и четвртата вечер. Организацијата им е на НУЛА. Го менуваат редоследот кога ќе им прдне, откажуваа интерпретатори од Белград зошто им откажал летот (замислете!). Во еден момент помислив дека со хелихоптер ќе ги спуштат на сцена.
    Негатив вчера не пееа ни пола саат од ветените 50 минути.
    Демек ќе беше Пиволенд без турбо фолк, па сељакон Саше ја распали лепша од ночи во два саат сабајле. Леташе сено на сите страни, се прскаат со пиво, лудаци.
    Пиволендот е океј какао дешавка, али не за кај нас и нашиов менталитет. На пиволенд се иде за да се напраиш говно пијан, или пак од дома да си дојдеш пијан и да се валкаш низ сеното, а не за да пробаш пиво, да си слушаш добро музиче и да си уживаш во друштво.
    Епа браво сељачано!
    Можда се пронајдовте, ама ич не ми е гајле.
     
    На marta.99, Trendafilka и Cynthia им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Искрено вчера од една страна се наежив а од друга се разочарав. Елементал имаа ПРЕКРАСЕН настап, просто засипнав од пеење. Бјело дугме беа ок али ќе се сложам со членката што го нарече жив шабан. Ме изнервира многу тоа што деца од 14 год се шуткаа и тоа на РУЖИЦА СИ БИЛА (изборов на песна за шуткање е ноу комент!) Се надевам вечерва нема пак да налетам на сител бамбини со оглед на тоа дека утре се во школо. Немам ништо против деца, но денешнава младина е да нејќе човек да ја остави иднината во нивни раце. :|
     
    На Trendafilka и bibb.y им се допаѓа ова.