Wild.Child кој ако не ти, насетував дека ќе ја пишеш песната, ти благодарам многу, зашто јас навистина многу малку им ја знам музиката, ама се запрепастив колку добро звучат во живо, а вокалот им е феноменален. Инаку јас сфатив дека денес сите пива ќе бидам по 50 ден. па се израдував, леле ќе пијам Бадвајзер, Корона, Перони, се' по пеевче, мераци. Тоа испадна дека по 50 ден. ќе бидат САМО пивата кои се произведуваат во Македонија - читај Скопско. Ау, фала ви. Инаку првото пиво вчера и ми беше скопско, од продавница плус чипсче. Две лименки по цена на малтене една од Пиволендот. Гиро - 170 ден. Да се смееш или да плачеш... Грабеж! Вечер не одам, доста ми беше за оваа година. Лоша организација и се согласувам за младината. Лоши деца.
Бев на Ареа и Нокаут. Демек бев, затоа што им текнало од никаде да ги сменат па не знам што, и на крај 2 песни од Нокаут и толку слушнав. Се ме изнервира, и организација и цени. Денес одам за друштво, за дремење на кеј после и добар муабет. Од пивата на темно Лашко си останав. Другарка ми пиеше некое Баварија мислам, ама луѓе ко шеќер да имаше во пиво, почудна работа не сум пробала. Пред некој ден неможевме да се разминевме па не видов убаво, ама има ли некаде штанд со белгиски пива???? Една година на Кале, на почетокот имаше и имаа преубави пива со овошен вкус но не онакво срање како сокче, туку одлични пива. А што се однесува до луѓето, јас видов само луѓе од 40-50 години, и дечурлана кои вриштат и се трескаат од земја. Па едно девојче кога се затреска од земја на некоја песна демек таа со бившиот ни беше незнаев дали да ја жалам или да и ја шљапосам една. 12 години дали имаше цурата.... Сума сумарум, катастрофа.
Нема проблем, јас ги обожавам. Цела листа на песни што ги пееа можам да ти оставам, вриштев од првите редови. Вечерва не ми беше ништо посебно. На САРС не стигнавме поради гужвата, а Рибља Чорба ми беа класика, чак што повеќе и излитени, заради тоа што го повторуваше истото од концертот лани, во дадени моменти ме фати и досада.
Јас само во сабота бев. Сакав и недела, ама слабо организација пропадна... А Сарс и Рибља чорба баш ми се слушаа. Ама супер си поминав и на моите омилени НЕГАТИВ. Т.е. се ми се допаѓаше, ама они најмногу. Се изненадив од Елементал... не дека многу ги знам, ама од неколкуте песни што сум ги слушала не ми оставија баш некој впечаток. Ама сега некако ми се смени мислењето. Многу беа срцки, девојката пее прекрасно, природни се, свои, луди.... И да, се сликнав Инаку се сложувам со вас дека можеби беше прескапо, ама ај не одиме секој ден... И да, кале си е кале, каде-каде е поубаво ама тоа ни е... И секако после лудата журка детето во мене посака да се вози на брм брм, па бев и во тој дел да се излудувам малку... Еве од мене нешто http://www.youtube.com/watch?v=XXlkTQjIq5U http://www.youtube.com/watch?v=F6FXmrlISgY http://www.youtube.com/watch?v=AVsEJcPca4E
Колку пијан народ имаше вчера... Лименки летаа на сите страни, одозгора фрлаа, да не знаеш кај да застанеш. 50 пиво, виде некој такво нешто? Скопско воопшто не ни начекав, а даб 50 денари, ама од флаша точено, мочка да пиеш, извинете ми на изразов. И 50 денари пиво ќе имало, оф мори мајкоооо... Тапа некако, само на Нокаут најдобро беше, ептен фина атмосфера направија.
Тотален хаос .Не очекував дека до тој степен ке биде,незнам дали јас бев баксуз но 1во немаше ладно пиво во 23ч ,потоа почнаа да прскаат .Е КОГА заглавив во тоа гужвата што луѓе ке бевме место да се журкаат они покажуваат боречки вештини после испиени 2-3 .Еве какви се луѓе имаше :
Пиво 50 денари, како да не... Само Лашко беше 50, и Скопско што го снема набрзина. А на тие платформите високите дабот беше 70. Не се нормални еј!!! И купоните, некој ги прима - некој не. Да имаш некое вишок нема каде да го отрошиш. Хамбургер 150, гиро 170, па кај го има тоа... Јас сакав на С.А.Р.С да идам, ама не стигнав... Жал ми е само што Пиволенд има потенцијал, ама нема кој да го организира.
Незнам за другите ама јас си поминав најубаво синоќа на САРС... како и секоја година имаше и прскање со пиво и буткање, туркање, но како и да е решив дека нема да се замарам со тоа и ќе си уживам. Се изнарипав во гужвата, си пеев и игнорирав се останато
Јас бев тргната како за Негатив, ама изгледа не ми е пишано да ги чујам во живо предоцна излегов од дома. Мене вечерта (саботата) ми беше многу безврска. Да не си видев една убава личност што си ја сакам, би рекла дека беше голема утка (бар за мене). Остај што потајно ми дуваше од сегде и кичмата страшно ме болеше, па како некоја трудна трчкав наоколу да си најдам место за седење Музиката...нит елементал ме интересираа нит каверот на бјело дугме нит грците. Атмосферата можеби ќе беше малце подобра да исклучеа некое од ужасните светла. Посветло и од ден! За мене пиволенд од тоа што видов...не вредеа 3те саати. Ќе изгледав два добри филма за тоа време и задоволна ќе си легнев.
препрепрекраснооооооооооо си поминав прекрасно бев на 29 така со друштво али само на шетанје и не ги слушавме песните на групите и на 30 на нокаут и ареа леле колку сум се дивела посебно на нокаут вие си немате претстава мнооооооооооооооооогу многууууууу и пак сакам ама многу па ми е жал зашто не бев на сарс и рибја чорба е за тоа јас ке одев ама дека сум од струга иначе со трчанје.. и така препрекрасно беше посебно со друштвото. како сумм скокала аавв да ме види некој ке помисли што и е на онаа xD следен пиволенд одам на сите групи на школо сме, ма какво школо мора да се оди и да се испие едно пивце или повеќе Let's wait for summer 2012 and let's rock
Мене пак ми паѓа чудно кога ќе видам баш на таа возраст со сокче. Си викам, се наоѓа по некое дете/девојче на место...
оваа година не се напив ама да видите бе се помали пијат мене ме тераа ама не се напив ај од другата година можеби
Јас бев во саботата, планирав и во неделата да одам, ама толку глупаво што беше, па уште и скапо, се откажав од таа помисла. Џабе патот го поминав, никаква организација, слабо озвучување...
Бев три дена. Првиот ден и онака немаше мн гужва, ни па добра музика си се вратив за саат време. На Бело Дугме и Рибја Џорба беше мн јако! На Бело Дугме бев in the first line,бидејќи ги знаев сите песни и преубаво си поминав. А на Рибја Џорба се беше убаво се додека не почнаа да фрлаат чаши,флаши-полни со пиво и сл. И тепачките не им требаше.. А да бај д веј пиев Радлер тие три дена, и мн е убаво иако јас никогаш во живот немам пиено пиво, ама ова е како сокче
Ужас. Комплетен промашај од пропали фестивал. Југоносталгична раја и младина у социјала филм,Амстердам,ганџа и реплика на Би Џиз. За 70 денари добиваш чаша пена да си го обелиш бркот и да вкусиш малку пиво,остатокот ќе ти го вкуси маицата,ќе уживаш во глупостите на Бора Шкембе Чорба и во олдскул шмекот на бендот што веќе 11 години нема издадено ништо ново,а у задње време жари и пали по скопските дискотеки(радо би ги нарекол кафеани). САРС,Негатив,Елементал,Ареа,Пинк Флојд трибјут бенд и плус минус некој нашмркан србоман е редовната програма на секој Пиволенд. Од цел Југоленд би го издвоил Бајага,језда и тој е веќе доволно пати донесен у земјава,а и мислам дека нема потреба за повеќе. Ќе си чекам Таксират,а додека нашиве не ги зголемат барањата за артисти наместо да викаат:"Што очекувавте вие,да дојдат Металика?",и организацијата да ги оправи цените,програмата и локацијата,Пиволенд нема да биде удостоен со моето присуство.
Која дата ќе биде оваа година? И се знае ли кои ќе настапува? Претпоставувам пак ќе биде на паркингот кај Борис Трајковски? Знае некој нешто?
Уште не се знаее , и ја сакам да дознаам ова..али како што слушам можно е за Саша Ковачевич... али не е сигурно..
Спојлер „Пиволенд“ повторно се враќа во своето седло. На голема радост на пиволендџиите шестото по ред издание на скопскиот пивски фестивал од 11 до 15 септември ќе се одржи на Кале.Љубителите на пиво ќе можат да уживаат во спектарот од околу триесетина видови пенливо задоволство. Секако бидејќи пиво не иде без храна, „Пиволенд“ им ветува вкусна гозба на сите гурмани. Оваа година ќе можете да уживаате во катчето за храна кое ќе биде засебен дел од фестивалот и ќе нуди избор на вкусови од десет различни ресторани со акцент на македонската кујна. Враќајки се кон својот дух „Пиволенд 2013“ ќе се потруди да внесе што повеќе од нашата македонска традиција, па така и оваа година ќе се фокусира на целосно промовирање на македонската култура. Фокусот од музички аспект ќе биде врз нашите македонски изведувачи. Покрај нив, исто така посетителите ќе можат да уживаат и во неколку ѕвезди од регионот. Па така во рамките на овие тресетина концертни спектакли присутните ќе можат да одберат музика за своето уво. „Пиволенд“ ќе има три стејџа со различен тип на музика, и тоа: главниот стејџ, ДЈ стејџот и кавер бенд стејџот. Бидете присутни на забава и атмосфера која не се пропушта. Од 11 до 15 септември, дојдете по шести пат на „Пиволенд“. Извор црнобело