^ Наш бенд е, свират ска панк и прават нивни верзии на познати хитови. Мене лично премногу ми се допаѓаат, немаат досадни свирки и секогаш свират некои нови песни (не се фаќаат за еден ист репертоар како други бендови ). Никогаш предвреме не сум си отишла од нивна свирка. Башка имаат многу убава енергија Еве линк од нивната фејсбук страна.
Мене петок ми изгледа привлечно. Ги немам слушано овие, нешто ново да видиме може ќе направат добра атмосфера. Среда и четврток потполно би ги рипнала. Јас па немам некое добро мислење за Саутпарк иако одамна им немам појдено на свирка. Викеда репризиве на бендови би пошла ако имам можност да порипкам малку. Сабота ми е свеедно, ако може петочната да ја поместат за сабота програма Мислам дека ќе појдам само еден ден. Од настанов не сум разочарана, очекувано ми е. Имаме тенденција сите добри настани со растење на традицијата и векот само да ги упропастуваме... и да носиме веќе видено. Можеле барем Деј Офф да ги викнат
Ама можеле пак да ги донесат. Супер се Ареа, или Бени нон стоп, или Брејк.. ЕЕЕЕ, со вакви пеВачи и групи, мислам дека и јас ќе пропијам пиво .
Нокаут,Бени ,Гоце ( САФ ) , Пики Сипи ( САФ )Мирко Попов ( ПМГ ) и наравно ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ ... Со мерак би ги слушала уз пивце . Едино што вреди од ова шитов од "програма" . Барем да ги распоределе горенаведениве во два дена ,а останатите како сакаат . Mислам стварноо каква Дани ,какви Некст Tајм ,какви ДНК - ХОРОР за моите уши .
ДЕВОЈКИИ КЕ ОДИТЕ ЛИ ВЕЧЕР НА ПИВОЛЕНД ЈАС ДА ДА ВИДАМ КАКО КЕ БИДЕ ОСВЕН ВРЕМЕВО АКО НЕ ЗЕЗНЕ SOUTH PARK ,BENI И ЛАТИНО СВИРКАТА ШО КЕ ОТВОРИ ПИВОЛЕНД КЕ БИДЕ ДОБРА МИСЛАМ ДЕКА БЕНИ ДО ДУША ИСТА ШЕМА ТЕРА УВЕК СО ПЕСНИТЕ АЛИ ПА ДРУГИТЕ НЕ МИ ИЗГЛЕААТ НЕШО БОЉЕ , А ДА И ПОДГОТВЕТЕ СЕ ВЕЧЕР КЕ ИМА МАЧКИЦИ ТИГРИЦИ И РАЗНОРАЗНИ ЦУРИ ИЗДОТЕРАНИ ВО ШТИКЛА ВО МИНИЧ КАКО ЗА НА БАЛ
Јас бев вчера, ама не беше нешто посебно, тоа и го нудеше програмата... Сега пак единствено би идела во недела да ги слушам Визија, Викеда и Електрични оргазам. Другово се е накако лошо.
Дечки, вие што бевте вчера како беше ситуацијата, имаше ли многу кал, да се облече постари патики или?
Беше некој вчера на првата вечер на Пиволенд?Какви впечатоци имате?Ќе одите ли вечер со оглед на времето?
ај шо имаше кал ама шо беше тапа програмата тоа друга е причата не ми се бе днк за на пиволенд денес ке беше фино на нокаут али дождов не "зарадува" а и нема народ ко лани искрено се разочарав барем Џајковски да беше
Би ви препорачал утре да дојдете во 19 часот на Визија, дечките стварно се добри, мислам дека заслужуваат да се слушнат, а после и до крај да се остане, утре е единствен ден каде што има асална програма Може и да се собереме од форумов луѓе на групно дружење
Лошо звучи кога ќе лапнеш буква, си го сменив полот морам да си се поправам од горниот пост Препорачала* Иначе денес беше некој? Има кал уште или подобро е?
Океј беше, не знам како било претходните денови, ама вчера немаше кал, барем не на местата на кои јас се движев. И денеска гледам сончево е времево, така да и вечер би требало да е добро.
А да ве прашам, како стојат со избор на пива? Лани беше мизерно, ништо интересно немаше, една година знам со другарка ми начекавме одлични пива со вкусови. Се мислам да одам денес само за Визија и со надеж дека има од младото Скопско, ептен ме бендиса.
Пиволенд продолжува уште еден ден Поради големиот интерес Гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2013“ ќе продолжи уште еден ден, што значи дека утре ќе има шеста вечер на „Пиволенд“, информираат од Град Скопје. Посетителите на главната сцена ќе можат да ги видат Ареа, Паркети, Пука Козметика, Шутка Рома Рап, Фајтинг Виндмилс и ДЈ Тина.
Годинава ќе одите ли бе на Пиволенд? Нешто слабо гледам заинтересирани Мене лично најмногу ми се допаѓа програмата за среда, т.е. утре, само тогаш ќе одам. За другиве денови ќе видам, можеби во сабота кога е тоа tribute to pink floyd... Иначе годинава општо за сите настани ми се од програмата и „пејачите“ што ги ангажираат. На човек да му се одмили настанот. Станавме турбофолк земја.