Значи тапа. Пивата скапи, не знам што пиволенд ќе беше. Старопраменот 100 пола литро точен, пола со пена ќе ти го дадат и чао пријатно. Па во Конак е 80. Скопско 0.4 70, пола литро лименка 80, ердингер 120, некое германско точено пола литро 100, некое си даб 120... Имаше старопрамен литро за 150, ама топло. И тоа, толку од Пиволендов, мислам дека најникаков е годинава.
Значи секоја година е се потапа и потапа, неам желба да идам еј, вчера ме викаа да идам и дома седев! Нејќам да идам од шо е тапа програмата, а цените високи. Вечер ме викаат пак ама ќе си отидам некаде кај шо ќе си поминам многу поубаво отколку на Кале. Порано толку ми праеше мерак настанов, ама више не. Сите знаеме зошо е тоа така
Вака ќе се убацам ама... наведи барем еден турбофолк пеач од целата програма. Дајте, не зезајте. Зошто мислите дека се' што е од југословенскиве простори под дифолт спаѓа под турбофолк? Или можеби ради Жаре? Не сфаќам стварно... Извини вака што тебе ти се нафрлив, ама стварно ми е преку таквото од мрчатори за турбофолкот. Затоа што знам многу што тврдат дека изворните македонски песни се турбофолк, и тоа пази - изворните! Се праат на нивоу, ништо српско и македонско не слушаат, а у ствари после една пијачка сите песни и' ги знаат на Цеца. Едноставно ова е Балкан, застапена е таа музика. И уште еднаш извини што вака те нападнав, повеќе општо зборев. А тоа што програмата годинава е тапа, тоа е друга работа.
^ Касно го гледам мислењево поради тоа што не се уклучувам често на фемина, но еве ќе дадам и појаснување Тоа дека станавме турбофолк земја не го кажав само за овој фестивал туку општо за сите случувања летово. Фала Богу на пиволенд беше една од по нормалните програми (освен за Жаре бербер). Јас убаво си поминав, тоа дека пивото беше скапо е друга работа но атмосферата беше добра. Иначе на Strumica open festival-Амадеус, за пивофест во Прилеп па да не ни почувам... Zeljko Samardzic, Emina Jahovic, Jelena Rozga, Жаре Бербер, Евто Пупиновски... настрана од тоа, кога гледам како по кафичите и дискотеките е гужва и масовно се купуваат карти кога има турбофолк, а кога ќе дојде некој рок бенд ќе бидат двајца без тројца, кога најголем евент во цело лето беше концертот на Цеца во Охрид (кажуваа дека сместување неможеле да најдат, се наполнил Охрид ), епа се разочарав... Дури и матурската вечер ми беше уништена со турбофолк, ама другите прекрасно си поминаа. Што може да се направи, тие работи одат според вкусот на мнозинството... За изворните македонски песни не би требало да ги мешаме со турбофолк, греота е И за крај и јас се извинувам што сум толку против, на некого сепак му се допаѓа, но ете лично неможам да сфатам што убавото во музикава. Отидов премногу во офф топик И уште нешто, никогаш, НИКОГАШ, колку и да сум пијана, нема да уживам на песна на Цеца
За тие што биле годинава или имаат некаква информација: 1. Што може да се купи? 2. Цените на пивото и на др-те работи? 3. Има ли храна? 4. Од колку часот почнува и до колку трае денес?
Крш, програмава очај ми е лично, а за местото немам коментар. Го убија духот на Пиволенд. Ах златно кале што убо си беше таму.