1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пиво Фест во Прилеп

Дискусија во 'Слободно време' започната од Chika-Boom, 14 јули 2010.

  1. Chika-Boom

    Chika-Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    6
    Од утре почнува осмиот по ред фестивал на пивото во Прилеп. Со Северина 200.000 посетители минатата година. За оваа, прилепчани очекуваат барем 100.000 повеќе.

    Од четврток до недела, Прилеп ќе го одбележи добра музика, одлична забава, многу пиво и скара. Многу мизички имиња што од македонската што од балканската музичка сцена, ќе го исполнат овој четиридневен фестивал на пиво и добра скара под марковите кули. Од Влатко Лозановски, Влатко Илиевски, Ламбе Алабаковски, Елена Ристеска, Сузана Спасовска, Есма Реџепова, Даниела Враниќ, неповторливата Цеца Ражнатовиќ и уште многу други. Музика и забава за сите генерации. Скоро сите четири дена, од 20 часот па се до полноќ уживателите на пивото ќе имаат можност да се забавуваат со музичките имиња на големата сцена. По полноќ, журката се сели на малата сцена, наменета за помладите со многу диџеи и бендови.

    Дали и Вие ке присуствувате на овој голем Фестивал на Пивото?
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.386
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била на Пиво-фестот, а би сакала да присуствувам. Звучи интересно :) Ама баш за оваа година, не знам, не верувам дека ќе отидам.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Темава може да оди во Политика и настани.
    И текстот не морал да биде целиот болдиран.
    ________________________________________
    Да не бидам оф-топик: нема да присуствувам на овој настан.
     
  4. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Ај сега сите во Прилепов. На пиво-да се очукаме :P , скара не мора.
    Јас да си кажам дека во недела не мислам да одам и да ја слушам Цеца :tmi: , одам вечерва за отварањето, а и плус одам со супер друштво. Ќе биде :rock:
     
  5. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Присуствувам, утре заминувам за ПП.
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    И јас сакам да присуствувам :) ама за жал тешко дека ќе можам да отидам
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам, во колку саат трга возот од Куманово, во колку е во Скопје колку е картата?
    Уф многу прашувам :tmi:
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.224
    Секако ќе одам, ама не на отворањето... И не на Цеца! ќе си појдам во петок да ги послушам Ареа и да се напијам едно пиво :rock: :rock: :rock: :rock:
     
  9. LaRagazza

    LaRagazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    121
    Идам утре, некако не ми се идеше, само што се вратив дома од exit а треба пак да патувам :puke:
    Цеца мање- више, не ја сакам ама не ја ни мразам. Ама едно знам- ОБОЖАВАМ ПИВОООООО!!!!! :D ........
    Ќе биде лудо :rock: :rock: :rock: :rock:
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    јас радо би одела,особено за во недела,ама околината не е многу расположена.пиво не пијам воопшто,ама затоа скара јадам и сакам гужви :D
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Eдно што мразам гужви, второ што не сакам извештачени работи и пијани манијаци, и последно што не сакам да ја слушам нит оваа вечерва, нит па „неповторливата“ Цеца. И плус нема да го заборавам Пивофестот пред две-три години кога загина малечкото девојче :tmi: :( Се врти некој муабет, некој договор, ама искрено не знам дали ќе одам воопшто да посетам и да прошетам. Зависи од расположение утревечер :D А на тие што одат секако убаво да си поминат :)
     
  12. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    I jas im posakuvam Dobar pomin ja ne bi idela na pivo fest bas zaradi toa sto ima pijani i sekakvi ne se cuvstuvam sigurna a i bef lani ne si pominav bas najdobro na moja najdobra drugarka i ja lupnaa glavata so flasa :( i zavrsivme u bolnica
     
  13. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Планирам да одам. Во недела за Цеца :D Би требало да биде интересно :)
     
  14. LoOnyD

    LoOnyD Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    па мислам редно е да отидам...не сум била две години на пиво фест! во план сум па ќе видиме :drunk: :drunk:
     
  15. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    Ubaf pomin Decki ;) :hai:
     
  16. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Мора да дојдете навистина е прекрасно...има гужва, но нема пијани манијаци :lol:
    има полиција, добро е организирано, а и немора да се дотерувате многу, и онака ќе се очукате :)
    Плус...мора да дојдетеее бидејќи в недела ми е роденден...
    Имате покана од мене :)
    Лани Северина ми пееше, годинава Цеца, за до година можеби Lady GaGa :lol: :rofl: :lol:
     
  17. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Или Мадона :^) не... не .. Здравко Чолич нека го викнат догодина, ајде прилепчанки ургирајте таму, ако сакаат повеќе жени на Пивофест само Чолич нека го донесат :D
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Ептееен тапа настан според мене. Нема да присуствувам се дур имаат ваква програма. Суперхикс како предгрупа на „фацата“ Елена Ристевска ? :fubar: Уште еден доказ дека не знаеме да го цениме тоа што го имаме. Разбрав дека Цеца била „дебело“ платена за овој настап, а во Македонија има куп изведувачи кои можеа да се вметнат во програмата, но за жал народот се повеќе и повеќе сака да гледа разголени певаљки и да слуша неквалитетна музика.
     
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Од кај ја најдоа Цеца |( Пиво фест не е замислен за да содржи такви кич фигури . УЖАСНО !
    Немам ништо против Цеца, имам против Цеца на Пивофест.
     
  20. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Јас имам против трошењето на гооооолеми пари, само пијаниците да си поминат убаво. Па со то парите што ги плаќаат Цеца и Северина можат нешто подобро да направат. Наместо пиво фест, некој хуманитарен настан. Ама не, треба и локалната да лапни паричка :(