Јас стварно незнам што сакаме да кажиме со оваа манифестација.Ми изгледа на една ефтина копија на Октоберфест.Ама не бре....никогаш нема да го имаме тоа реноме и ИМЕ! Јас не сум против оваа манифестација.....само мразам кога копираме нешто што никогаш не ни било заштитен знак,еве како на пример оние дечките што "трчкаат" под бината(абе бруки)....па дури облечени во некои си импровизации на баварска носија.......БОЖЕ МОЈ па зарем немаме прекрасни народни носии??!?!(немора да биде стрикно носијата пошто еве жешко е ама можи да се изведи некоја варијанта). И што сега....Прилеп е градот на пивото? ---ахахахха немојте бре луѓе ве молам! А репертуарот на настапувачи е толку мизерен....Најверојатно се испотрошија за изборите па сега му се скрати буџетот за настапот. Само сакам да кажам дека единствена добра работа што се случи на овогодинешниот Пиво Фест е Горан Брегович!!! А онаа Соња Тарчуловска АМА СТВАРНО нема потреба до толку да ја форсираат жената! И така...можам да си коментирам до утре.....ама то е то. :/
И оние танчарките не беа потребни. Нели си има клубови за таа намена, не мора онаму кај што е отидено се од 6 до 96 години Турбофолкерај, џабе се промовираше македонска музика, сељачана си е сељачана.
Баш се слагам за танчерките. Едноставно не е убаво, ако не за помалите. Сигурно дека имало и деца од по 10 12 години.. Деца се бре не личи тоа да гледат.. И после младината ни била испревртена... И зошто да нема и танчери? Или ако има танчери мажите нема да одат бидејки не се педери? Ова е жива дискриминација и навистина невкусно нешто..
^Па тоа де. Некој може од љубопитност отишол да види што е тоа што се збира цел град, постари луѓе, деца, и што ќе видат, па не иде, нит воспитание за деца, нит почит некаква кон постари. Тоа нели го најавуваат како случување за цел град, не е журка наменета за некои напалени. До година танчери, другата по неа Содома и Гомора. Ама кога може жени, што па мажи да не може, се согласувам. Спојлер И сега ја читав темава наназад, не мора да давате на секое коментари како се ни сметало, како овој народ само си наоѓал нешто да не му чини Нејќам турбофолкери од соседството бе! Ни цеци, ни бешличи па ни Горан Бреговиќ. И што, не смеам да кажам? Ако вие прифаќате се што ви се сервира- ваша работа, треба да бидете среќни, ако не за тоа што некој има доволно разум да препознае ако нешто не чини, тогаш што има право слободно да се искаже. Вие да бевте така демократични како што се претставувате немаше да се замарате кој што рекол и да се пречкате (којштосакаможелдаслуша епа и којштосакаможедазборува). Оставете не нас неколку, малцинство сме и онака, не мора да ни се сипате со цитирање, едноставно продолжете да играте како ќе ви се засвири п.с. И Синан Сакич е пак нешто бољи од горенаведените
Jaс бев сите вечери си поминав супер, не за музиката, највеќе ми се допадна првата и втората вечер музиката а другите не баш.. За Ина најдобар помин дефинитивно имав
Танчерки???? На кој му текна чудово? Срамота за организаторите. СРАМОТА!!! Од моја гледна точка, минатата година беше поубаво
ЛОШО,оваа година беше МНОГУ ЛОШО.Ај да почнам од преценетата госпоѓица Ина.Па добро бе кој фактор е она што толку ја исфорсираа? Кутрата незнае уста да отвори а толку се напнаа за неа.Да беше некоја јака пеачка ќе пееше во живо а не на плејбек-.- Владо Георгиев-најмногу отидов за него а скроз ме разочара.Дечкото дојде,си ги испромовира новите песни и чао пријатно.Па на што личеше тоа? Кај му беа најпознатите и најубавите песни? Народ дошол да ги слушне неговите хитови а не песни што никој не ги знае.Океј,нека испее по некоја нова ама тоа што ги запостави хитовите беше срамота. Горан Брегович-И он се по*ра.Демек со оркестар ќе доаѓал.Кој оркестар жити се? Донесол 7 свирачи(од вкупно 30тина) и тоа било оркестар-.- Туку повеќе пари да си земе за него и да не дели на многу души. За другиве нема да коментирам пошто не ги ни слушав.Калиопи и Даниjела најокеј ми беа и тоа е тоа
Неможев да се воздржам да не коментирам, наместо последната вечер да биде најубава со најубав шлаг, Горан Брегович беше чиста катастрофа, цела вечер 85-90% песните ги пееше тој циганот на цигански (ништо не разбрав). Па многу подобар избор имаа во саботата со Данијела Мартиновиќ, отколку во неделата со Горан Брегович. И многу многу подобар избор имаа минатите години за последната вечер од Пиво Фест. За џабе ќе му го напунат џебот со пари на Горан Брегович и неговиот оркестар. (Ко на погреб да беа, а не на Пиво Фест во Прилеп) own:
Оваа година дефинитивно беше најлош изборот на пејачи и пејачки во однос на минатите години. Но, со малку пиво и скаричка (строго пилешки стек, кременадла или ребро), па некако надокнадивме. Имаше далеку подобар избор за да повикаат некоја малку попозната личност за турбофолкот, бидејќи од овие што беа сега, многу малку знаевме песни, па оттука и затоа не можевме да го следиме темпото. Премногу ги исфорсираа и 2Cellos, но ме разочараа. Еден Џорлев отсвири подинамична и повозбудлива музика од нив, а не беше толку форсиран... Инна.. пееше една песна по два пати и тоа ми се чини дека таа најкратко временски период беше на бината. Мене ич не ми се бендисува како пее, но затоа на манијаците му се бендисуваше телото на Ина, па оттука си има некој обожавател +. Алал да и е на Данијела од срце пееше! Само то че кажам.
Катастрофа ова година, разочарана сум. Изборот најпрвен на пејачи ужасен, 1 вечер не ни ојдов two cellos, мене воопшто не ми се забавни, и знаев дека ич нема да ми биди интересно. Втората вечер тек тук Владо онака ми беше, играв по малце не забавен, Инна, добро воопшто не ме бендиса,значи ужасссс, јас да се качев на сцена абе поубо ќе испеев. Македонијаааа на цел глас пискаше значи ко будала, и сите песни по 2 пати ги испеа Абе каде бе. Другата вечер Миле Кузмановски се изнаигравме со другарка ми орца едно друго, убо ми беше. Даниелчето бе луѓе,онаква позитивна, насмеана, разиграна личност немам видено и нема ни да видам, се изнажуркав се изнапеав абе гласо ми се фати, единствено нешто шо ми се бендиса За последната вечер без коментар сум. Дефинитивно журките на ѕидчето после пеачите ми беаа топпппппп
Оваа година дефинитивно беше нај слаб ПФ,3-та вечер беше нај јака,ја утнаа со Г.Брегович,знаев дека нема да е многу интересен и за тоа не ни појдов да го гледам,а3-та вечер беше ТОП,Даниела растур направи,Халид исто така,јако беше што и рокери и металци и останати ги пееа неговите песни заедно со него,а нели никој не слуша таква музика е сега за танчерките,ги има уште од почетокот на ПФ,ама секогаш беа таму кај малата бина,а сега ептен паѓаше в очи оти нели беше баш на среде гужва па плус и во кафез,арно што не беше качена во корпа од булдожер и да игра ,така беше во претходните години
Аууу каков "спектакл" на годината, па тоа фалење на сите телевизии, па како политички избори да пренесуваат, возбуда до бесвест, се коментира анализира вечерта, чиниш претседател на Америка се бира, се пресметува колку се испило, колку скара се изела, колку цигари се испушиле. И утре народот нема да има леб да јаде, ама битно последниот денар го потрошил да отиде да се опие во Прилеп. Кичерај невиден. Ах бре македонче и после немој да се жалите немате пари, премиерот ви е крив за економијата и за се останато. Прво и основно вие треба да сте економи, па после да ја коментирате економијата. Па и градот Прилеп каков "уникатен" град е, има фестивал на пиво, се трошат невидени пари за договори со музичари од други држави, па тоа се пари бе алооо што можат да се искористат многу попаметно за градот. Не вреди да се коментира нешто волку безначајно.
Godinava prv pat bev na Pivofest najveke za Inna ama me razochara i mnogu kratko peeshe...a i ostanatite osven Danijela (alal da mu e) ne bea poarni ...
Бидејќи сум по потекло од Прилеп и си бев да си ги видам моите најпрвично, не бев со намера да одам на Пиво фест (бидејќи мене излишно ми е веќе те едно исто со години), мм се запна да излеземе да излеземе и ај реков ќе излеземе да прошетаме, а јас многу-многу не поденсувам толкави гужви. Бевме само во петокот и во саботата излезени. Од Ина немаше ни И. Тотално ме разочара типката мизерија. Ни глас ни ништо. Молим ви се, типката беше сместена во хотел Салида, и добив инфо од една пријателка што работи во хотелот дека Ина госпоѓицата толку била дигната до плафон, околу неа цел тим и се притресувале и типката барала и викала зошто немало новинари таа да бидела снимена, видена да кажела нешто. Сакала да ја има во новини, на телевизија таа требало да биде прва.... Во собите кај што престојувале било хаос се испревртено, се по земја... мисла хелоу Ина ли е или која е Оф Боже сачувај. Значи испеа колку ? 5-6 песни и толку спрашта си замина. Единствено што ми се допадна беше Данијела Мартиновиќ навистина жената е позитивна, весела и направи добра забава. Што убаво се изнаигравме на Данијела. За Горан Брегович не останав, бидејќи си заминавме за дома (сабалјето бевме на работа со мм). Но, колку што можев да видам на телевизија Брегович само се дереше, а тој другиот пееше. Ок добро, тоа е тоа шта чеш јбг Брегович е му се може Спојлер Криво ми е за што не можев да појдам да ги гледам 2Cellos
Оваа година од тоа што го гледав на тв е беше многу убаво лани Лепа Брена каква атмосфера направи,а инаку оваа година Даниела Мартиновиќ беше најдобра мислам
Може касно коментирам,ама навистина ме иритира споредба со фестивалите на другите земји. Добро,да,се согласувам,далеку сме,ама ако сме далеку не сме само во ова бре луѓе,во се сме назад,а најосновното-МЕНТАЛИТЕТОТ. Ма што сакаш од луѓе,кои ќе се опијат само за да се докажуваат,као демек се нешто? Што копираме? Пивофест е кич,а Пиволенд не? Па може е,а вие самите одлучете кој е ,,покич,,. Бев сите вечери,и не видов ништо лошо. Да,се трошат пари,да не викам не,ама секако тие пари ние ќе ги платиме,па дали отишле за скара,пиво или во џебот на Марјан,сеедно. И да,не гледам ништо лошо во забава,денови во кои имаш музика за секој,па сакаш пијај,сакаш не,никој не ти држи нож под грло,да пиеш или јадеш,побогу. Или имаш ум,и знаеш што правиш,или немаш,ете тоа што кажав погоре,менталитет. Мислат ако пијат се фраери,па ајде терај,една флаша од пола литар на екс,па уште една и ќе се влечкаат по улици,демек можат да пијат. А што се однесува до годинешниот избор,не беше нит лошо нит нешто подобро од вообичаеното. Можам да кажам еве дека минатиот Пивофест беше може за нијанса подобро и позабавно,ама ете тоа е. И што,Брегович пеел ко за на погреб,мм? Ако пееше како за на погреб,тогаш јас незнам вам што ви е за забава,метал,транс ли? Тоа е,секогаш ќе кукате за ништо,зашто ништо не ви е погодено,ама самите сте си виновни.
Kолку само не си во право во овој дел, не е сеедно, воопшто не е сеедно. Како може да ви е сеедно каде ќе ви отидат парите и на кој начин, не сфаќам?! Мешаш кич со копии, мешаш многу работи...
охооо сега секоја година ќе одам на пиво фест (малце да си прошетам) иначе таму имам една брачеда и кај неа ќе спијам охохохох
Пиво фест не би бил толку посетуван да се сите оние турбофолкераши шо ги носат да блејат големи пари. За кого како мене не ми се допаѓа особено заради музиката