1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пиво Фест во Прилеп

Дискусија во 'Слободно време' започната од Chika-Boom, 14 јули 2010.

  1. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Програмата на главната бина трае до 1 и 30 по полноќ, а после на камената бина имаш транс журка со ди џеј до кај 6-7 на сабајле :D
     
    На LittlePinky, sara3 и butterflysk им се допаѓа ова.
  2. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Зарем никој не бил на пиво фест оваа година? Ајде кажете пофалби или поплаки,гледам слики фрчат по ФБ.на сите страни, личи интересно да е хм..
     
  3. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Ајде еве јас како прилепчанка да го кажам моето мислење за овогодинешниот пивофест.
    Програмата како секоја година, пејачи од Србија и Хрватска, на некој му се супер на некој бљак. Нормално неможат сите вкусови да се задоволат. Во глобала беше ОК како и секоја година така и оваа. Мене програмата ми се допадна, си ги слушам Емина, Јелена, Жељко итн.
    Посетеноста мислам дека не беше како лани, имаше помалку луѓе оваа година. Во Саботата беше „џган„ а во Неделата онака, без турканици се поминуваше.
    Цените... енорно високи. Почнувајќи од чаша пиво 50 денари по штандовите, до лименка Скопско 100 денари. Мое мислење за цените е дека на овој настан треба да бидат барем за 20 денари пониски.
    Паркингот исто како и минатите години 100 денари редум. :D
    Во глобала беше супер, но би требало еден апел до организаторите и општината да се достави во врска со цените. Мислам дека ако продолжат вака Пивофест ќе ги изгуби посетителите. Тоа е кај нас добро познато со секоја ваква манифестација. Повеќе се гледа да се спечалат што повеќе пари, да се закрпат посетителите што дошле од Скопје, Струмица, Куманово, Охрид итн. отколку да се остави впечаток на убава манифестација, со пристапни цени и секако добра забава. :)
     
    На crazylady, Nati.P и saraaaa12 им се допаѓа ова.
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Мене ми е жал што не бев четвртокот и петокот.
    Ги пропуштив Хладно пиво.
    А,богами и забавата со Toasters и Joke.
    :(
     
  5. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.322
    Пол:
    Женски
    И мене ми е многу жал што не бев, а баш во план ми беше да одам.
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Прилепчани, оваа година ми се чини подобро беше од минатата. Огнометот - БРАВО :clap:
    Одлична забава синоќа :dance: :rock: Цените :Down: За догодина нека размислат ;)
     
  7. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Според мене оваа година најдобра беше од сите последни три години што сум била, најубаво си поминав бар јас :)
    Цените да, како што пишуваат и погоре, стварно се високи .. некои претерано високи. За разлика од минатите години оваа ми се гледа дека најскапа беше. :?:

    Четвртокот и петокот имаше помалце народ, ама затоа саботата и недела јас искрено едвај излегов од тоа гужвите :(
    Се на се, задоволна сум од фестов ( само малце да не се преценуваат со цените ) , највеќе за дружбата ми е, па после се друго :)
     
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Јас четвртокот бев и си поминав бомба :lol: Кајмакоски пак одличен :up:
     
  9. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    Јас пошто бев петок и сабота, мислам дека петок беше доста полно и позабавно :) Мене искрено само на Дјот ми беше океј зашто програмата не ми се допаѓаше воопшто оваа година, за разлика од пред две години што беше :rock: али тоа е :)
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Лани не бев, а преклани ми беше поубава програмата дефинитивно. Јас бев сабота и недела, за саботата ми е криво што ја пропуштив Јелена Розга, Тони Цетински беше супер секако, Жаре Бербер испеа убави песни ама сепак е Жаре Бербер, не го сметам за гостин и со тоа што пееше доста време јас ја сметам програмата за утната. Неделата само Жељко вредеше. Емина убави песни испеа ама ужасно звучеше. За Маид и кои други и да биле пред тоа не знам, заглавивме во една кафана кај што скарата ни ја спремаа саат и нешто и пропуштивме доста. Може и да била убава атмосферата во гужвата, со тоа што јас не можам да гарантирам, во неделата седевме понастрана на трева.... но преклани си поминав поубаво, па не сум отишла таму за да седам, ама тоа е не беше до нас, повеќе среќа догодина. :D

    Од цените задоволна, 100 денари стек и тоа дебел и вкусен, јас сметав дека стекот ќе е поскап од плескавицата. Пиво стандард 50 денари, само не знам што им е со Старопраменот, 90 им беше. Ако не правеле и дубари, мене ми имаше ист вкус со Златен Даб.
     
  11. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    384
    Ми се допадна избоρот на пејачи оваа година, бев и супеρ си поминав :D
     
  12. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Оваа година пиво фест е од 16 до 19 Јули
    еве ја и програмата кој ќе пее и кога настапува
    http://kriglapivo.com/programa-pivofest-2015-prilep/
    Јас сакам да прашам дали има организиран превоз од сите градови(мислам преку туристички агенции)?
    Конкретно ме интересира за Велес Кавадарци и Неготино? Ако знае некоја феминка нека ми каже . :call::*
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Ќе возат сите автобуси како и секогаш што има меѓуградски автобуси , возови ќе има вонредни
     
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Лани мислам дена возовите беа бесплатни
     
  15. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Да и годинава вонредните возови ќе бидат бесплатни
     
  16. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Има објавено време?
     
  17. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Не уште нема
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Така и си мислев, ако нешто дознаеш пиши.. :wasntme:
     
  19. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Ок
     
  20. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Дали некој знае контакт од куќа/стан во Прилеп што се изнајмува за пиво фест ?