Мене баш ми се правеше меракот да отидам на пиво фест. И лани сакав да отидам, ама и тогаш ништо не испадна. Ај може догодина
Бев во петокот и си поминав убаво, ја послушав Ружица од Ареа, ми се допадна! Имаше луѓе многу ама сепак не беше ептен загужвано па да не можеш да поминеш, слушнав дека сношти било хаотично од премногу луѓе! Тоа е, Цеца му пееше, а луѓето се опиваа на ТУРБО ФОЛК!!! Ај до година нека го донесат Чолиќ па да видат што е пејач! Инаку, немам ништо против пиво фестот, и не ги сфаќам тие што критикуваат, сепак тоа беше уникатен настан во Македонија, се додека не решија и охриѓани да направат Пиво Фест! Како и да е, луѓето се забавуваат! во сите овие години што сум била таму не сум видела пијани манијаци што повредуваат луѓе! Освен пред некоја година мафијашите што се испотепаја!
Бев вчера на пиво фест и цело време се гужвавме. Шо ќе беше то луѓе вчера? да нема каде игла да падни. Се туркаат, се буфкаат и пијанчат. Ама сума сумарум беше навистина убаво
Јас да ви се испофалам сите 4 вечери бев излезена и преубаво си поминав И најмалку ми беше важно кој пеел како пеел, друштвото ми беше супер, си јадевме, пиевме (не се отрескавме ). Кој бил нека изкаже импресии И до година со Чолиќ и Мерлин не би било лошо
Abe ne znam so se zamarate so toa koj sto peel, fintata bese da otideme i da si pomineme ubavo. Jas licno si pominav top ne poradi pejacite na scenata zasto najmalce bev tamu, tuku poradi dobrata zabava na dnace scenata, kaficite i diskotekite. Imase narod od sekade, site bea opusteni i prijatelski raspolozeni. Sto povise vi treba pivo skara dobra zabava…
Најпопуларниот машки вокал на поранешните југословенски простори во последниве 40 години, ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ќе пее на „Пивофестот“. Според најавите, тој ќе биде најглавна музичка атракција на пивијадата од 14-17 јули. Можно е освен со стандардниот тим, Чола да настапи и со 18 гудачи и 8 балерини. Се очекува Чолиќ да го надмине ланскиот рекорд на посетеност на Пивофестот со Цеца од над сто илјади гости на саботната централна забава. Пиво фест во ПРИЛЕП е одлично место за забава, за дружење, требаше градоначалникот да донесе ова година светска ѕвезда но сепак не успеа во тоа. Повелете во Прилеп да ја пробате најубавата скара
ЧЕТВРТОК- 14.07.2011 RED FIVE POINT STAR (SLO) JOKE (FRA) ФОЛТИН (MKD) ...СУПЕРХИКС (MKD) ПЕТОК - 15.07.2011 THE PURPLE ZEPPELIN (MKD) CROSSROAD BLUES BAND ( MKD) VAN GOGH (SRB) САБОТА - 15.07.2011 ГОЦЕ АРНАУДОВ (МКД) МИЛЕ КУЗМАНОСКИ (МКД) ЕЛЕНА ВЕЛЕСКА (МКД) ХАРИС ЏИНОВИЧ (БИХ) НЕДЕЛА- 17.07.2011 ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ (МКД) ЕЛЕНА РИСТЕСКА (МКД) ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ (МКД) ЗДРАВКО ЧОЛИЧ (БИХ) Алтернативен Стејџ / Прилепски Пиво Фест / 14-17 јули 2011 Четврток 14 Јули ПМГ Колектив во ЖИВО ...Кантон 6 во ЖИВО Мирко Попов Диџеј сет Петок 15 јули Conquering Lion во ЖИВО Robotek Диџеј сет Сабота 16 јули Bei The Fish во ЖИВО Душко Јаневски во ЖИВО Недела 17 јули The John во ЖИВО Нино Наумов Диџеј сет Види повеќе
Секоја година присуствувам, ама си заминувам порано да не ги слушам мизерните пејачи како Северина Атмосферата е навистина супер, храната одлична, а за пивото не знам, но како што кажуваат и тоа е одлично.
Van Gogh и Суперхикс. Како ми се иде.. Штета што ке бидам на одмор тоа време. Иначе сабота вечерта би ја пропуштила.
Ајде уште некој ден, не можам да дочекам да дојде тој Пиво фест. Не за пивото ,ми се полни душава ко ќе видам толку народ , збрани од сите страни во Прилепов мој најубав Ете слушнав Ван Гог ќе биле , ми се правеше кеф и за нив ...
Одвај чекам иако знам дека 4 дена нема да седнам воопшто сепак со душа чекам да почне Најмногу ми се прави кеф за Ван гог, Ламбе мој и Здравко По пиво фестов градов ќе ни биде полн со отпадоци и потполно напуштен нема да има ништо интересно после Едит: и еден сендвич да си каснам едвај чекам ммммммм
Не сум била до сеа,ама според рекламава шо ја видов ми се свиѓа програмата,секој вечер има музика за одреден вкус и одредени луѓе..првата вечер е јака!
Најтрагично е што во сабота ќе крца народ, на најсељачката програма за време на фестивалов. Јас одам во четврток и петок, одлични изведувачи, баш во духот на еден пивофест! Сабота и недела им ги оставам на љубителите на свадбарско - крчмарска атмосфера што мене лично не ми прави никаков кејф.
Мењам куќа во Прилеп(за Пиво фест), со куќа во Охрид ! ...(Со доплата за Здравко Чолиќ) xD : )) морав ова
Четврток и петок би идела... Фолтин, Суперхикс, Кросрод, Ван Гог човече... скара и пиво и друштво и зафрканции... ќе се убијам, мака ми е.