1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пиво Фест во Прилеп

Дискусија во 'Слободно време' започната од Chika-Boom, 14 јули 2010.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Утре идам со друштво на Зравко малце да се повеселиме :D . Моравме на еден ден само, немаме кај да спиеме |( Ама ако, ајде Здраве вреди и за еден ден да се иде.. а не дека пивото не вреди :D
     
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    морам да признаам Благица Павловска изгледа прекрасно вечерва! ја видов на тв сега има директен пренос.
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас само ќе кажам дека иако Здравко Чолиќ не ми е омилен пејач- човекот дефинитивно има невидена харизма, став, и моќен глас.

    Но темата ја отворив за да напишам за балетската група која што го придружуваше на сцена, а гледам никој не ги спомнал- значи девојќиве и дечкото беа нешто прекрасно...преубаво градени, синхронизирани, со прекрасни кореографии- мене ме воодушевија навистина :!: :clap: :clap:
     
    На kate21 и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  5. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Стварно Елена Ристеска нешто пијана излегла на сцена ? :^)
     
  6. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Супер беше големо БРАВО за Прилеп
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Ах прилепчани каква среќа имате :x :x
     
  8. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Вчера на Здравко супер си поминав, убаво друштво, убава атмосфера :D Но морам да признаам дека лани ми беше уште поубаво :D
     
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    хахахахахах... не! јас бев во прв ред и баш добро ја гледав. Ама како играаааа.... Вау!

    и да се надоврзам на коментарот на Сесилија ми се чини беше, за девојките што танцуваат на концертите на Чола, навистина се прекрасни, преубави, храбри... Нема доволно да се опишат!
    И мило ми е што сега се увери во големината на Чола! ;)

    А и за тоа што некои се “грижеа“ дека не ми се исплати на градот да плаќа такви ѕвезди како Чола, да кажам дека Прилеп собра преку 3 000 000 евра, а Чола го платија 60 000 евра.
    Поздрав
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Најубав пиво фест од сите досега градоначалник ја донесе најголемата ѕвезда барам според мене , се надевам дека другата година ќе има помалку турбо фолк и народњаци . ;)

    Големината на Чола не може ни да се опише со зборови единствено жал ми беше што немаше доволно време за да ги отпее сите негови хитови иначе човек е посебен .......... За девојките кои танцува ќе кажам само едно големо :clap: :clap: :clap:

    Да сумирам Ван Гог, Чола и Суперхикс го направија овај пиво фест посебен секако и толпата луѓе што дојде од сите страни . Сепак ми се чини дека лани за Цеца имаше поголеми турканици отколку за Чола што е навистина жално ;) Но срушен е рекордот како и да е .
    Оние кои што беа видоја каква забава имаше, а оние кои што не беа не знаат каква забава пропуштија :P

    Поздрав
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    не беше и јас на прв ред бев ;) :lol: :lol: :*
     
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Морам да те побијам околу харизмата - Здравко има се ,само харизма не !
    Човекот се однесуваше како прв пат да се качува на сцена ,по еден хит следуваа 10 скоро непознати песни ,сите Бога молеа да заврши побрзо.
    Публиката стоеше како препарирана ,НИКОЈ не играше ,ретко некој да потпевне и тоа на хитчињата.

    Никогаш не сум го сакала ,ни него а ни некој друг што гостуваше на Пиво Фест ,само морам да додадам дека Харис воспостави неверојатна врска со публиката и цел град го крена на нозе ,немаше некој да стои в место и да молчи.
    Е тоа ти се вика харизма !

    Инаку,.ни овој не ми е омилен,чисто за споредба.
     
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    хахахахахаха... поим немаш од музика! Здравко ги прави најголемите концерти на Балканот, а ти кажуваш дека НЕМА ХАРИЗМА!!!!! :fubar: :fubar: :fubar: Не можам да престанам да се смеам! Се сум слушнала за Чола ама ова не!

    А ти ако не си ги знаела песните што тој ги пееше, тоа е твој проблем! Чола има 40 годишно искуство, толку беше возбуден на концерт што мислев дека секој момент ќе скокнеше во публика... О боже, иако не верувам ќе те спомнам, што се нема да слушне човек додека е жив!
     
    На Peppermint и eutixismena им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Oзи, јас немам ништо против тоа што си ти негов фан, еве се согласувам дека коментарот на девојката која си ја цитирала не е ок, ама не мора некој да убедуваш кој е најголем пејач и дека девојката нема поим од музика.

    Еве јас ќе кажам дека човекот ја освои публиката, луѓето пееја, не беа здрвени- и јас пеев, на некои песни што ги сакам, ама останав до Красива, после заминав во Калипсо :) - ама тоа не значи ни дека Здравко не го бидува, или дека нема харизма- едноставно мене не ме крева толку колку што би ме кренале на пример Прљаво казалиште (од ѕвездиете од Екс Ју) и на нив не би заминала сигурно, но тоа е субјективност и не убедувам никој дека се најдобри и сл..

    Сфаќам дека си фан, ама немој да бидеш пристрасна и да си “докажувате“ колку е добар Чола кога за тоа нема потреба :)
     
    На MarchelineAmaru, MoreNa-22 и marama им се допаѓа ова.
  15. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Знам дека не треба Сеси, ама ете ме удираат каде што не можам да молчам. Верувај, бев со него, зборував, го запознав... Човекот е нешто што еднаш се раѓа, се дружев и со другите членови од неговиот фан клуб што дојдоа дури од Србија, кај Чола не може да се види ни грам вообразеност кога е со нас, мене ми беше прв пат, но ним не, не пречека како да се знаеме со години... И не можам а да не прокоментирам на таков глупав коментар! едноставно не можам!
     
    На Peppermint, crazylady и sesilija им се допаѓа ова.
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Кога правиме таква споредба морам да кажам дека Ван Гог повеќе ме крена на нозе иако не ги знаев сите нивни песни не престанав да играм и пеам и за Чола останав до крај ама не играв на сите песни но не можам да кажам дека човекот нема ХАРИЗМА.
    Знае да направи атмосфера и се ама ете мене Ван Гог повеќе ме крена на нозе. ;)


    Секој си има различен вкус ама земиме сите меѓусебно да се караме на форумов за тоа кој е подобар кај ни е крајот. :lol: :*
     
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Види ,ти ако имаш некои скриени страсти спрема Чола ,не мораш толку да се возбудуваш и да напаѓаш се живо !
    Јас кажувам како беше на концертот и пак си стојам на претходната изјава .
    Ништо и никој не може да ме разубеди во тоа дека тој нема харизма и мислам дека стварно нема потреба од толкав негативизам околу моето сопствено мислење.
    Не е твој проблем дали јас ги знам или не ги знам неговите песни ,од каде знаеш пак ти дали се вбројувам меѓу малцинството што пеело или пак другите што молчеле?

    Слободно смеј си се колку што сакаш и боксувај ,многу помага против стрес и негативен полнеж!
    Поздрав!
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    АЈ престанете бар вас ве пратам на форумов и знам дека не сте некои провокаторки. И Чола и Харис се докажани музичари ако немаа харизма досега немаше да бидат на врвот. Искрено и мене поарен ми беше настапот на Харис дека таа вечер немаше толку гужва. А за тоа кој има харизма од еден концерт не се споредува. Сум била порано и на двајцата на концерт и му симнувам капа на Чолич, ако немаше харизма немаше да плачат по него еден куп жени и да дремат таму да го слушаат. Јас ги знев сите песни што ги испеја тој и мислам дека направил добар избор. Једино изгледаше малку уморно што е и нормално за некој што има 6о години.

    Плус тоа самиот градоначалник рекол дека после Цеца и Северина оваа година ке им ја посвети на жените. Акого жените најмоногу сакаат? ЧолиЧ се знае

    Мака ми е што не бев на Ван Гог и Суперхикс било ептен јако.
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    И мене ми е мака што не останав до крај на Ван Гог ,ама додека бев си поминав фантастично!

    4 the records - ниту сум провоцирала некој ,ниту ќе провоцирам ,единствено не толерирам кога некој ќе ме повлеќе за јазик со такво безобразие и ароганција ! Особено кога не му е од работа !
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Еј да, да не заборавам да го пофалам диџеј Чваре после настапот на Харис тој направи одлична забава. Каков Чолич каков Харис јас на забавата најубаво си поминав.

    А за провоцирање се знае. Има тука луѓе што со душа чекаат да имаш поразлично мислење и одма ке те убијат. Е па луѓе музика е тоа, исто како во мусака некој компирот го јаде некој месото :) Јас бев во големо друштво и таму имаше луѓе што со душа чекаа да заврши Харис дека не слушаат таква музика. За Чолич веке реков што имам да кажам ама мене таа вечер заради гужвата глупо ми беше. Кај ке играш во таа гужва. После отидовме понастрана и позабавно си поминавме.

    Моја препорака е до сите што не биле годинава до година да одат, можеме тука да плаќаме карти за концерти и да не можиш во салата пијалок да си внесиш и цигарче да си запалиш. Треба да се искористат ваквите настани и да се прават почесто.Прв пат бев годинава и мака ми ешто не сум одела порано. Браво за Прилеп!!!
     
    На eutixismena и crazylady им се допаѓа ова.