Сум била неколку пати и супер сум поминала (на 2-3 дена), интересно друштво, пивце, скара, музика, играње, смеење...абе мераци Оваа година бев на една вечер пошо веќе не ми е тоа тоа со музикава. Треба да донесат некои луѓе од страна, од другите држави што не сме ги слушнале во живо, а сакаме. Ова го мислам пошо претеруваат со Српскава, Босанскава, Хрватскава музика, без навреда девојки, доколку слушате ваква музика, ама секоја година се едни исти доаѓаат...Мора малку да сменат...Сепак тоа е моето мислење
Пивофест 2012 (Прилеп) Излегла конечната листа за тоа кој ќе настапува годинава на Пиво Фест во Прилеп.И оваа година ќе биде весело, ќе се пие пиво Еве ви линк за подетални информации за тоа кој кога пее Па се гледаме во Прилеп на пиво и скара http://kriglapivo.com/pivofest-2012/
Не битно кој ќе биде тие денови, битно е народот ке се собере и неизбежно да се има добра забава, така да едвај чекам да дојдат тие денови Претходните две години си поминав преубаво, се надевам и оваа година ќе биде така, само здравје до тогаш
Веќе две години по ред одам во Прилеп за фестивалот,ама навистина преубаво си поминувам,годинава здравје боже пак планирам да одам.кој не бил нека појде годинава,ке се воодушеви,навистина е екстрааааааа
Кој датум е годинава пиво фест? Секоја година исто се паѓа или како? Здравје сакаме да одиме и годинава, 2 години по ред бевме и супер сме поминале. Ако знаете пишете кој ќе настапува оваа година.
Од 12 до 15 јули а еве Ви и дополнителна програма Спојлер http://www.10bez10.com/vesti/2663-lepa-brena-zheljko-i-dzhej-kje-pejat-na-prilepski-pivofest
Абе најубо сум си поминала лани на Здравко. А и ова година морам да одам. Само изгледа ќе треба да се враќаме во Битола оти немаме таму кај да спиеме, единствена опција е паркот Ајде 12ти се чека
Мислам дека оваа година најверојатно би требало да одам. Поради С.А.Р.С и Дубиоза Колектив, не ради друго, затоа што имав желба уште на почеток на годинава да ги видам С.А.Р.С. на Scream festival-от што беше, но откажаа. Се надевам дека оваа година, ќе дојдат и ќе си поминам убаво.
Не сум била до сега зошто ми е далеку, од Велес сум, а и бев помала.. ни мене ни па на другарките ни даваа Оваа година одам дефинитивно, поради Жељко!
*На 12 јули, четврток, настапуваат - С.А.Р.С. од Србија, Дубиоза Колектив од Босна и Херцеговина, Конкверинг Лајон од Mакедонија и Rас Захари од Јамајка. *На 13 јули, петок - Кросроадс Блуз бенд, Влатко Стефановски, Есма Реџепова и Кирил Џајковски. *На 14 јули, сабота, настапуваат - Мирослав Илиќ, Џеј Рамадановски , Жељко Јоксимовиќ. *На последната вечер во недела на 15 јули - Наум Петрески, Лепа Брена и Петар Грашо.
Може кидам на 12 на С.А.Р.С и Дубиоза Колектив, ако сака да ме води брат ми со другарите негови, ако не ќе седам дома.